• Latest

8 јуни, вонредна состојба, ден 81: Комисијата предлага нови рестриктивни мерки, пикот се должи на семејни собири…

June 8, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

8 јуни, вонредна состојба, ден 81: Комисијата предлага нови рестриктивни мерки, пикот се должи на семејни собири…

June 8, 2020 16:55
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Комисијата за заразни болести бара нови рестриктивни мерки за градовите со најмногу заболени

Комисијата за заразни болести предложила, а Владата утре на седница ќе дискутира и ќе одлучува за евентуално враќање на рестрикциите на движењето, рече денеска министерот Венко Филипче.

Тој не спомена каков е конкретно предлогот за полицискиот час, но во јавноста е веќе објавено дека предлогот е враќање на полицискиот час во Скопје, Штип, Куманово и Тетово од 22 до 5 часот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Филипче: Пикот е резултат на семејни и други собири од пред две недели

Овој пик е резултат на семејни и други собири од викендот на 23, 24 и 25 мај, односно од пред две недели, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче, викендот кога муслиманскитe верници го славеа Бајрам, а православните празникот „Свети Кирил и Методиј“, кога имаше делумен карантин.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Во последните 24 часа се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје 67, Куманово 1, Дебар 1, Штип 33, Тетово 10, Струга 5, Охрид 6, Кочани 2 и Пробиштип 2.

*

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на возраст од 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни.

*

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Вицепремиерот Бујар Османи на денешната прес-конференција соопшти дека европската комисија во овие два дена ќе ја финализира првичната рамка за почеток на преговорите со Европската унија. До крајот на месецов, додаде Османи, во рамки на хрватското претседателство се очекува првата верзија, тоа е стандардна процедура, но означува голем исчекор.

*

До петок ќе се знае ставот на Владата за вонредната состојба кој заедно со мислењето на Комисијата за заразни болести за состојбата со пандемијата ќе бидат одлучувачки за датумот за одржување на изборите, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

*

Уште една од низата лажни вести и дезинформации беше објавена синоќа на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук, дека СДСМ наводно дели прехранбени пакети за изборен поткуп на гласачи во Битола за време на полициски час. На снимката е прикажан службениот џип на Црвениот Крст од Битола и нивни волонтери како делат социјални пакети на загрозени семејства

СЛОБОДНА ЗОНА

„Во македонската политика сите се пазарат без употреба на средства за дезинфекција, ама ДУИ може мастер-класови на таа тема да им држи на другите, бидејќи во таа трка кон дното, моралните, идеолошките, безбедносните, бизнис и политичките репери секогаш се подготвени да ги спуштат подолу од кој било друг на „пазарот“, пишува Сашо Орданоски во денешната колумна – Ахмети без заштитни средства. 

*

„Најдобро што може да прави во моментот главниот ковид-координатор е да престане да координира“, поентира Џевдет Хајредини – Кому да објасниш…

*

„За сите предвремени избори од 2008 година до денеска, освен за оние во 2016 година, индикативно е дека не постоеше ниту една од стандардните причини за организирање на предвремени избори. Во стандардните причини влегуваат изгласување на недоверба на владата, неможноста да се формира парламентарно мнозинство за да се избере влада или неусвојување од страна на парламентите на некои круцијални владини предлози, како што се буџетите или клучните реформски закони. Сепак, владејачките мнозинства се одлучуваа на предвремени избори со, барем, декларативна желба да го обноват политичкиот мандат заради поголем политички легитимитет“, пишува Александар Спасовски во анализата – Предвремените избори не се секогаш навремени избори. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ