• Latest

8 Март: Едновековна борба за рамноправност

March 8, 2016
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

8 Март: Едновековна борба за рамноправност

March 8, 2016 14:04
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

8 Mарт е празник на жената и на нејзината борба за рамноправност во светот со кој раководат мажите, празник на потребата од самостојно и подеднаково одлучување за сопствената благосостојба на економски, политички и егзистенцијален план, на  борбата  која се води повеќе од еден век.

Биљана Јордановска
Пишува: Биљана Јордановска

На 8 март 1913  година, жените од целиот свет го искористиле своето право на протест против војната кој останал запомнет како почеток на првите револуционерни промени кои ќе го обележат периодот меѓу двете светски војни. Борбата за човекови права на жената сé уште не е извојувана, барем, не е во Македонија. И така ќе биде, сé додека почитта кон жената се изразува еднаш годишно и се придобива со материјални добра.

Жените во Македонија, во институциите, на работното место, во семејството, во општеството во целост…, сé уште се борат за своето достоинство, за своите права, за поголема застапеност во сите општествени сфери, за своето тело и ум, и во многу случаи, за жал, за својот живот.

Тоа значи дека жената во Македонија во многу случаи се бори против мобинг на работното место, против сексуално искористување и угнетување, против семејно насилство, против потчинетоста и животот со наведната глава, против манипулацијата со религијата, со лажните вредности и традицијата, а ЗА – самостојно донесената одлука за својот пород.

Пред сé, жената е таа кој треба да се залага за родова еднаковост, рамноправност и почитување на универзалните права и слободи, подеднакво за сите граѓанки и граѓани. Фактот дека жената е предмет на стереотипи и предрасуди кои во многу случаи, особено на овој ден, 8 Март, ја  ставаат во позиција на декоративен субјект, е алармантен за јавноста и за институциите.

equality - civil fem - C1

Со оглед на политичката состојба во Македонија, и на третманот на трите жени – хероини, како што беа наречени во некои медиуми, кои се обидуваат да се изборат за правдата и законот, како и за враќање на институциите во служба на граѓан(к)ите, може да се заклучи дека борбата на жените, не само што е макотрпна, туку дека ќе биде и долга и проследена со притисоци, манипулации и преиспитувања за улогата и значењето на жената во општеството – како мајка, сопруга, партнерка, работничка, другарка и пред сé, и над сé, како човек.

Оној ден кога мажите ќе разберат дека зад нивното право на моќ и доминација стои успешна жена, дека експанзијата на нивното либидо е детериминирана од желбата и потребата на жената да биде љубена, како и дека жената делува – додека мажот сé уште размислува, ќе сфатат дека жената по својата природа е таа што треба да владее  со светот.

Со честитката за 8 Март, на сите жени во Македонија и во светот им посакувам – нивната борба да биде насочена кон заштита на своите права и слободи, достоинството, рамноправноста и признавањето на улогата на жената во општеството.

И порачувам, додека мажите виорат во раздор и војна, ние да биде градителки на мирот и слободата!

Tags: 8 мартБиљана Јордановскаборбаеднаквостженски праварамноправностслободаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ