• Latest
People Fighting in a Cloud

9 јули: Местенки, жртва, МВР, МТСП, ДКСК, оставки…

July 9, 2019
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

9 јули: Местенки, жртва, МВР, МТСП, ДКСК, оставки…

July 9, 2019 16:22
in ДНЕВНИК
People Fighting in a Cloud

People Fighting in a Cloud

Share on FacebookShare on Twitter

Заев: Жртва сум на мојата отвореност, не сум издал државни тајни

Премиерот Зоран Заев изрази жалење што завршил на списокот на руските комичари, потсетувајќи дека пред него на истата листа завршиле и франсускиот претседател Емануел Макрон, претседателот на Турција, Реџетп Тајип Ердоган, првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг и други јавни личности и политичари.

„Немам намера да поднесам оставка, од овој процес ќе излеземе само посилни, не мислам дека треба да ја ‘стегнам‘ мојата комуникативност, сакам да разговарам да споделам информации, јас сум многу достапен, но за жал ваквата отвореност носи вакви горки чувства“, изјави Заев на прес-конференцијата во владата.

На прашањето како се дозволиле вакви разговори, Заев објасни дека се почитувани сите протоколи на поврзување, кога некој бара комуникација со премиерот и со други функционери. Според протоколот, како што рече, до него седи некој од советниците и прави записник од разговорот.

ДКСК ќе го разгледува случајот со Рашковски

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, денеска изјави дека ќе го разгледаат случајот со продажбата на авионски билети во институциите.

„Планираме да разговараме со Државниот завод за ревизија колку тие ќе го покријат тој случај. Значаен е затоа што големи парични средства се кријат во позадина и вреди за истражување“, додаде Ивановска.

Како одговор на новинарско прашање за тоа дали лицето што го откри случајот со владиниот генерален секретар Драги Рашковски е укажувач, Ивановска одговори дека лицето нема статус укажувач, бидејќи не ги испочитувал законските услови.

МТСП обезбеди летување на 700 деца од семејства во сецијален ризик

Министерството за труд и социјална политика и Црвен крст, обезбедија летување на 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела држава, до крајот на летото во пет смени во  одморалиштето „Мајски цвет“, Струга.

Оваа поддршка на МТСП и Црвен Крст е наменета за членови на семејства корисници на гарантирана минимална помош и детски и образован додаток, деца без родители и родителска грижа, деца со попреченост, односно корисници на посебен додаток до 26 години возраст.

МВР: Уништени над 600 парчиња оружје и над 400 килограми дрога

По повод Меѓународниот ден за уништување на огненото оружје во погоните на Еуроникел индустри во Кавадарци, беа уништени оружје и наркотични дроги одземени по основ на правосилни судски одлуки, донесени по завршени кривични постапки. Уништувањето на дрогата и оружјето го спроведе Министерството за внатрешни работи, Државната комисија за уништување на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и Агенцијата за управување со недвижен имот.

Согласно претходно утврдени законски процедури, огненото оружје и наркотичните дроги претходно беа преземени од магацините на судовите и складирани во магацините на МВР, согласно Планот за преземање на мерки и активности за преземање, транспорт и складирање на огненото оружје и наркотички дроги, јавува МВР.

Собранието ја констатираше оставката на пратеникот на НДП, Весел Мемеди

Собранието на Република Северна Македонија на денешната седница ја констатираше оставката на потпретседателот и пратеник од НДП, Весел Мемеди.

Тој во обраќањето до пратениците ја обраложи оставката, посочувајќи на несериозен пристап кон НДП како мала партија и коалиционен партнер, но и нечесна политичка игра по завршувањето на промените во државата.

„Талир“ повторно одложен

Судењето за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ „Талир” се одложува за 12 септември, поради отсуство на еден од поротниците.

Процесот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Ленче Ристевска од СЈО.

Во судница беа присутни обвинетите Миле Јанакиески, спроведен од притвор, Кирил Божиновски спроведен од куќен притвор, како и пратеникот Илија Димовски и Леко Ристоски. На екс-премиерот Никола Груевски му се суди во отсуство.

Средби на Пендаровски во рамки на учеството на самитот на ПСЈИЕ во Сараево

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во Сараево оствари билатерални средби со претставници на земјите-учеснички на самитот. Пендаровски се сретна со претседателите на Албанија, Црна Горан, Босна и Херцеговина и Словенија.

На средбата со Претседателот на Република Албанија, Илир Мета, биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, кои се пријателски и бележат позитивен развој со континуиран дијалог.

Дехран Муратов

Share27TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ