По доаѓањето на нацистите на власт во Германија, во 1933 година, Евреите беа подложени на жестока дискриминација и невиден прогон и организирано насилство. На 9 ноември 1938 година, нацистите започнаа погром против Евреите.
Синагогите беа запалени. Излозите на фирмите кои им припаѓаа на Евреи беа искршени на Кристалната Ноќ (Kristallnacht) или во слободен превод – ноќ на искршените стакла.
Кристалната Ноќ стана симбол за почетокот на Холокаустот.
Секој 9-ти ноември, Европската мрежа против национализмот, расизмот и фашизмот, за поддршка на мигрантите и бегалците UNITED организира пан-европска кампања за комеморација на минатото и да протестира против современите облици на фашизам и антисемитизам.
Мрежата UNITED ги повикува сите организации да земат учество во кампањата против фашизмот и антисемитизмот.
извор: UNITED