• Latest

ММФ и Светска банка со пофалби за економските и реформите во јавните финансии во земјава

June 22, 2019

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025

Пекиншкиот гамбит на балканско тло

September 13, 2025

Министрите за финансии на Г7 разгледуваат можни санкции и царини за поддржувачите на руската војна

September 13, 2025

Донација од 800 илјади евра од српско потекло за гимназија, црква или џамија во Тетово – обвинувања за таен договор и деманти

September 13, 2025
Фото: Скриншот од видеото на Марио Бојиќ, Х

Во Србија денеска паралелни собири – влада против „блокадери“ и работнички синдикати против влада

September 13, 2025

Реакции на косовските политички лидери по одлуката на САД да го суспендира стратешкиот дијалог

September 13, 2025

Уште два дена до крајниот рок за пријавување на повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

September 13, 2025

Собранието со 73 гласа „за“ и ниту еден „против“ изгласа Декларација за одржување фер, слободни и демократски избори

September 13, 2025
Елена Симонофски- „ВМРО-ДПМНЕ-Албанија
извор: Фб

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ММФ и Светска банка со пофалби за економските и реформите во јавните финансии во земјава

Како до поправеден систем за сите - тема на Состанокот на Холандско-белгиската конституенца во Скопје

June 22, 2019 13:56
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Извршните директори на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка со позитивни оценки за економските и реформите во јавните финансии во земјава.

Извршниот директор за ММФ на Конституенцата, Антони де Ланој, во изјава за медиумите за време на состанокот на Холандско-белгиската конституенца кој се одржува во Скопје, истакна дека Владата има амбициозна реформска агенда, која дава резултати на политички и економски план.

„Владата има навистина амбициозна реформска агенда и навистина може да се забележат резултати, како на политички план, бидејќи изгледите на земјата за влез во ЕУ и НАТО се подобрени, но и на економско ниво, како кај бизнисот, деловното окружување, образованието. Сметам дека преминот од рамен данок кон прогресивен данок е позитивен чекор кон обезбедување еднаквост и ММФ на повеќе наврати тоа го препорачувал и сметам дека секако е добар начин да се стигне до поголема еднаквост за која што зборувавме“, изјави де Ланој.

За извршниот директор на Светска банка Кун Давидсе, Преспанскиот договор освен политичко, има и економско значење, бидејќи создал доверба и можности за реформи.

„Владата навистина вложуваше и во човечкиот капитал и во приватните компании, но и во одржливоста. Само што ги слушнавме последните бројки на Светска банка кои покажаа позитивно економско сценарио и покрај глобалното забавување. Светска банка неодамна склучи повеќегодишна програма со Северна Македонија за да ги поддржи инвестициите во човечки капитал. Оваа програма ќе креира можности за приватниот сектор, за младите, за жените, но и за клучни прашања како загадувањето“, рече Давидсе.

Министерот за финансии Драган Тевдовски во изјава за медиумите за време на Конституенцата истакна дека Програмата на Владата е поставена животниот стандард да расте, со што се намалува нееднаквоста.

„Ние досега преземавме многу различни чекори. Водиме фискална консолидација го средивме системот на финансии во земјава. Но од друга страна не само што успеавме да го стабилизираме јавниот долг, туку водиме политики кои што овозможија практично да се постигнат нашите главни цели. Прво со праведното оданочување обезбедивме дополнителни средства со кои многукратно ги зголемивме социјалните трансфери на најранливите граѓани. Ние сме првата земја во регионот која има минимален адекватен приход, многукратно ги зголемивме социјалните трансфери. Еден од главните приоритети ни е платите да растат и во 2018 година платите расте скоро со 6% многу повисоко од претходниот период. Направивме реформа на системот на јавните набавки кој е целосно поврзан со директивите на ЕУ. Исто така, обезбедивме фискална транспарентност, ако пред неколку години тоа беше една од темите кои беа критикувани, сега заради различни мерки кои ги преземавме ја подобривме фискалната транспарентнос“, рече Тевдовски.

Преку седумдесет министри за финансии, гувернери на централни банки, високи претставници на министерства за финансии и централни банки, високи претставници на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд присуствуваат на централниот дел од Состанокот на Холандско-белгиската конституенца, кој се одржува во Скопје.

Темата на која се дискутира е „Како до поправеден систем за сите?“. Настанот го отвори премиерот Зоран Заев, по што свои излагања ќе имаат министерот за финасии Драган Тевдовски и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, чии институции се организатори на настанот.

Денешниот состанок на Холандско-белгиската конституенца е централен настан на тридневниот форум, кој завршува утре со посета на Охрид.

Б. Ј.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ