• Latest

Транспарентноста и одговорноста е јасно дефинирана обврска на институциите пред јавноста и граѓан(к)ите

June 25, 2019

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

Транспарентноста и одговорноста е јасно дефинирана обврска на институциите пред јавноста и граѓан(к)ите

Транспарентноста е важен елемент за ефективно управување со јавните ресурси, помага во градењето на доверба на јавноста во работењето на јавните институции и придонесува за одржливост во спроведувањето на јавните политики

June 25, 2019 13:52
in ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Универзалната декларација за човекови права (член 19) го гарантира основното право на пристап до информации од јавниот сектор. Во таа смисла, транспарентноста, претставува средство за подобрување на управувањето со јавниот сектор. Освен Универзалната декларација, оваа материја се регулира со бројни меѓународни правни норми и стандарди, а се дел и од националните законодавства на најголем дел од земјите членки на Обединетите нации.

Транспарентноста го зајакнува гласот на граѓаните, помагајќи им да влијаат врз донесувањето на одлуки директно, преку нивните избраници во парламентот и преку политичките процеси. Создавањето на информации со кои се прикажуваат намерите, активностите и последиците врз јавниот сектор е, исто така, неопходно, но не доволно за постигнување на задоволително ниво на транспарентност и одговорност. Во тој контекст, транспарентноста за работата на државните институции е неопходна и во смисла на потребите и можностите граѓан(к)ите да ги повикаат институциите на одговорност.

Транспарентноста е важен елемент за ефективно управување со јавните ресурси, помага во градењето на доверба на јавноста во работењето на јавните институции и придонесува за одржливост во спроведувањето на јавните политики.

Транспарентноста има две различни димензии. Првата димензија е пристап до информации поврзани со процесите и процедурите врз основа на кои јавниот сектор презема и спроведува одлуки. Втората претставува пристап до информации во сопственост на јавниот сектор.

За граѓан(к)ите е важен фактот дека повисоко ниво на транспарентност може да се постигне само преку граѓанското учество во донесувањето на одлуки и креирањето на јавните политики. Затоа, ако сакаме транспарентни и одговорни институции, тогаш ние како граѓани мора активно да се вклучиме и да бидеме општествено одговорни граѓани.

Маја Ивановска

 


ЦИВИЛ организира мултимедијален настан и панел дискусија на отворено на тема „Граѓаните за државата или државата за граѓаните?!“ денеска (25 јуни), во Мобилната галерија на ЦСУ, Градски Парк, со почеток во 20 часот. Овој настан е дел од проектот Граѓански објектив, финансиран од National Endowment for Democracy.

Share43TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ