За нов министер за земјоделство е предложен Трајан Димковски , Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа, Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците.
Најмалку по 65 пратеници се очекува да ја поддржат реконструкцијата на владиниот кабинет што ја предложи премиерот Зоран Заев, за чии предлози за разрешувања и избор на министри би требало да се гласа поединечно бидејќи со промените не е надмината една третина од актуелниот состав на „Илинденска“.
Премиерот Зоран Заев најави дека во наредниот период тој ќе го води Министерството за финасии.
Премиерот најави дека во наредниот период ќе бидат рзрешени десетици директори на централно ниво, членови на управни одбори, надзорни одбори, директори на локално ниво.