• Latest

Портретирање на една историја преку американските претседатели

July 2, 2019
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Портретирање на една историја преку американските претседатели

Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово отворајќи ја изложбата “Портрети на американските претседатели” изрази благодарност до Амбасадата на САД за поддршката и пријателството со нашата држава. Димитриевски се надева дека оваа изложба ќе биде инспирација за младите луѓе да творат и размислуваат визионерски

July 2, 2019 17:58
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Под покровителство на градоначалникот Максим Димитриевски и Општина Куманово, со изложбата на портрети на 45 американски претседатели, дело на слободниот уметник од Прилеп, Борче Тодороски, Куманово одбележа 500 години постоење, а воедно им го честита националниот празник 4 Јули на САД и им заблагодари за нивната поддршка на нашата земја и на Куманово.

„Имав можност пред три години во непосредна комуникација на социјалните мрежи да се запознаам со Борче Тодорски  што само го потврдува она одамна кажаното дека вистинските вредности се оставаат и дека вистинските уметници не знаат многу да зборуваат, но сериозно знаат да творат. Во таа комуникација го прашав како тоа вие творите. Ме повика на гости и го видов неговиот труд. Ми покажа дел од овие прекрасни портрети. Си велам ова е невозможно. Да, ми вели, потрошив повеќе од две години да ги насликам овие големи личности и великани. Вечерва пред нас имаме 45 портрети на американски претседатели. Некои од нив специфични по себе, но дефинитивно големи личности од светската историја… Голема е честа да се биде домаќин на една ваква прекрасна изложба и се надевам дека истата ќе поттикне многу млади луѓе да создаваат и творат во стилот на Борче Тодоровски“, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово отворајќи ја изложбата “Портрети на американските претседатели” на Борче Тодороски што ја отсликуваат американската историја и политика изработени во техниката графитен молив.Димитриевски рече дека околу 3.000 кумановчани работат во состав на цивилните служби за поддршка на мировните мисии на САД низ светот, укажувајќи на пријателстовото меѓу САД и Северна Македонија. Истовремено Димитриевски истакна дека овој настан е дел од одбележувањето на 500 години постоење на град Куманово. Тој се надева дека изложбата ќе може да ја види и американската публика.

Уметникот Борче Тодороски со претставниците од Амбасадата на САД, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, и неговата сопруга Надица Димитриевска. (фото: ЦИВИЛ)
Уметникот Борче Тодороски со претставниците од Амбасадата на САД, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, и неговата сопруга Надица Димитриевска. (фото: ЦИВИЛ)

Инсипирацијата за ваквиот начин на одавање почест на една голема нација доаѓа пред сè од проучувањето на американската култура и историја и нивниот придонес кон поставување на темелите на демократски модерни општества.

Самиот уметник се надева дека неговите дела ќе предизивикаат интерес и ќе наидат на добар прием не само кај американските пријатели туку и кај сите вљубеници на уметноста. Тодороски работел  2 години портретирајќи ги сите претседатели на САД, од Џорџ Вашингтон до актуелниот Доналд Трамп.

Биљана Јордановска

 

Share71Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ