пишува: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Во РС Македонија не се потребни ниту предвремени избори, ниту игнорирање на “бомбите”, ниту да се гони Ел Чека, затоа што истите ги објавува. Многу попотребно е двете обвинителства, од содржината на објавените снимки од разговорите, да ги селектираат кривичните дела на функционерите на ДУИ и да се покренат постапки за евентуална нивна истрага.
За РС Македонија не е и не треба да претставува проблем самото објавување на „бомбите“, како што има и други случаи, туку битна е само нивната содржина. Впрочем, ова го истакнуваат и претставниците на земјите членки на ЕУ во нашата земја.
За определување на датумот за почеток на преговорите, исто така многу значајно е деблокирањето на предистражните, истражните и судските постапки, кои очигледно намерно се развлекуваат за да застарат и наведените лица да се спасат од затвор.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.