• Latest

Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст

July 17, 2019

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст

Тоа е заклучокот на министерот за економија Крешник Бектеши и генералниот директор на СТО Роберто Азеведо на средбата во рамки на тридневната посета на СТО во Женева, каде што државава ја презентира Втората ревизија на трговската политика.

July 17, 2019 09:54
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Светската трговска организација (СТО) го препознава прогресот што го направи Република Северна Македонија на патот кон светската трговска интеграција, а земјата е на вистинскиот пат за отворена трговија, поголем економски раст и креирање нови работни места.

Тоа го заклучиле  министерот за економија Крешник Бектеши и генералниот директор на СТО Роберто Азеведо на средбата во рамки на тридневната посета на СТО во Женева, каде што државава ја презентира Втората ревизија на трговската политика.

Министерот Бектеши го информираше првиот човек на СТО за реформитите кои што ги направи земјата, во прв ред на политички, а потоа и на економски план, кои што придонесоа за подобрување на бизнис климата. Со потпишување на Договорот од Преспа, со што се реши деценискиот спор со Грција за промена на уставното име и Договорот за добрососедство со Бугарија, се отвори патот на Република Северна Македонија за трансформација на економијата. Овие реформи, како што нотираше министерот,  беа препознаени од НАТО, од каде што земјата доби покана за членство коешто треба да биде формализирано до крајот на годината, но и од Европската Унија, која даде позитивни оценки за напредокот на државата, за што се очекува датум за почеток на преговори во октомври, рекол Бектеши.

Тој воедно побарал поддршка за приклучување на земјава кон Плуратералниот договор за јавни набавки (ГПА), со којшто домашните компании ќе можат да учествуваат на меѓународни тендери во 38 држави.  Апликацијата за приклучување кон Договорот  е доставена во 2017 година, а на почетокот на минатата година е доставена и почетна понуда што се уште е предмет на дискусија кај членките.

„Членството на Република Северна Македонија во ГПА е многу важно, бидејќи ние сме соседи со две земји членки, Грција и Бугарија, што ќе значи поголема можност за нашите компании да можат да учествуваат на тендери во овие земји. И во новиот Закон за јавни набавки се имплементирани сите директиви кои што се дел од овој договор. Како земја ќе бидеме многу благодарни на вашата поддршка за да станеме 39. земја на овој договор до крајот на годината“, порачал Бектеши.

Како што соопшти Министерството за економија, првиот човек на СТО, упатил честитки за реформите на државата  направени и во турбулетен период,што, според него, дава јасна порака за нејзина понатамошна трговска интеграција.

„Ви честитам на остварените резултати и напредокот што го имате направено како држава што се гледа во успешната Ревизија на трговската политика. Тоа е многу важна вежба и можност земјата да се отвори кон членството на СТО. Ви ја давам мојата целосна поддршка во процесот на приклучување кон ГПА, ние како Секретаријат ќе Ви помогнеме да го менаџирате процесот, но одлуката е на земјите членки. Ние имаме лимитирана можност да влијаеме, но ќе ги охрабриме членките да обрнат влијание на прогресот кој го има направено вашата држава за понатамошната трговска интеграција“, порачал Азеведо.

Министерот, исто така, информирал дека после политичките турбуленции, македонската економија е стабилна, минатата година забележа раст на БДП од 2,7 проценти, а во првиот квартал оваа година растот достигна 4,1 процент, што ги надминува проекциите на Владата. Оекувањата се дека до крајот на годината економијата ќе испорача раст и од над четири проценти.


извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ