• Latest

Европски ден на жртвите на криминал од омраза, се зголемува бројот на дела од омраза, се тепаат деца во поправни домови…

July 22, 2019
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Европски ден на жртвите на криминал од омраза, се зголемува бројот на дела од омраза, се тепаат деца во поправни домови…

Во денешното издание на дневникот на Цивил издвојуваме: Европски ден на жртвите на криминалот од омраза, Народен Правобранител: Се тепаат деца во поправни домови, осудените немаaт стоматологЗатворениците немаат доволно храна, констатира Собраниската комисија за надзор на КПУ, , Хелсиншки комитет: Се зголемува бројот на дела од омраза, во 2018 регистрирани 123 случаи,

July 22, 2019 15:05
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: КОНСТАТИРАНА Е УПОТРЕБА НА ФИЗИЧКА СИЛА ВРЗ МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА  ВО ПОПРАВНИТЕ УСТАНОВИ 

Европски ден на жртвите на криминалот од омраза

Денеска е 22 јули – Европски ден на жртвите на криминал од омраза прогласен од Советот на Европа. Целта на овој датум е да се воспостави како ден за признавање на проблемот со криминалот од омраза во Европа, да им се даде поддршка на жртвите, да се потврди заложбата за мониторирање, за спроведување на законот и за подигнување на јавната свест со цел да се осудат и да се спречат таквите кривични дела.

Хелсиншки комитет: Се зголемува бројот на дела од омраза, во 2018 регистрирани 123 случаи

Сто дваесет и три инциденти и дела од омраза регистрирал Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2018 година. Во најголем дел од нив, односно во 64,2 отсто основ била етничката припадност, а во 25,2 отсто политичката припадност. Најмногу од делата – 67 биле насилство, во 26 имало оштетување имот, а телесни повреди имало во 18 дела.

Како што истакнаа денеска од Хелсиншкиот комитет, овие бројки укажуваат на речиси двојно зголемување на бројот на криминални дела од омраза од лани, кога биле регистрирани 70 вакви дела. Трендот на пораст на бројот на вакви кривични дела продолжува и годинава.

Затворениците немаат доволно храна, констатира Собраниската комисија за надзор на КПУ

На денешната собраниска расправа, претседавачот на Комисијата, Фадил Зендели, посочи дека  при посета на затворите во Идризово и Штип констатирале најпрвин недостиг на финансиски фондови за овие институции.

Зендели посочи и дека во затворите количината на храната за осудените е незадоволителна, има недостиг на медицински работници, услови за телефонска комуникација со роднините проади лошата состојба на телефонските апарати, лоши услови за престој…

Народен Правобранител: Се тепаат деца во поправни домови, осудените немаaт стоматолог

Народниот правобранител при посета на неколку казнено поправни установи во земјава констатирал употреба на физичка сила врз малолетни лица кои се држат во поправните установи.

Заменичката Народен правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа на денешната собраниска расправа на надзорната комисија рече дека како последица на лошите услови и третман, децата од поправните установи наместо да се рехабилитират завршуваат понатаму во затвори.

Флеш вести

Кривичен суд го одби барањето на Кочан за одложување на затворската казна

Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан поради здравствени причини да му биде одложено издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци за предметот „Труст“ на СЈО

АВМУ бара информации за фактичката состојба во 1ТВ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги како регулатор има започнато постапка за утврдување дали е прекршена законската одредба која забранува тајно содружништво во телевизијата 1ТВ и за да ја утврди фактичката состојба се обраќа до релевантни државни органи кои би можеле да имаат информација од значење за постапката.

Пендаровски: „Рекет“ да се реши брзо и до крај, да не се остави ни најмал сомнеж

Претседателот Стево Пендаровски денеска побара од надлежните што е можно побрзо да го решат случајот „Рекет“ и да не се остави ни најмал простор за сомнеж.

Тој потсети дека ЕК во својот Извештај од 2017 година не дефинираше како заробена држава, најмногу заради политичка поларизација, но и заради тоа, како што наведе, „што во бизнисот се знаеше кој може да го прави и кој смее воопшто да влезе на тоа поле“.

ЦИВИЛ активности

Дел од тимот на ЦИВИЛ утре ќе биде на Полошкиот регион (Тетово, Гостивар, Врапчиште и Теарце), односно на терен ќе отвори информативен штанд за директна комуникација со граѓанките и граѓаните, а воедно ќе спроведе и видео-анкети на повеќе прашања.

 

Тимот ќе направи и неколку интервјуа и состаноци со претставници на локалната власт и граѓанските организации.

Настаните се дел од проектот „Зелена иднина“, кој организацијата го спроведува во соработка со Хајнрих Бел – Сараево.

Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share47Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ