• Latest

24 јули: ЦИВИЛ на турнеја во Полошкиот регион, ССК открива нова пријава за рекет, МТСП платите на социјалните работници зголемени за 22%…

July 24, 2019
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц му вети на Зеленски засилен притисок врз Москва и проширена одбранбена соработка

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 јули: ЦИВИЛ на турнеја во Полошкиот регион, ССК открива нова пријава за рекет, МТСП платите на социјалните работници зголемени за 22%…

Вест на денот: ЦИВИЛ на турнеја во Полошкиот регион По динамичната агенда на организацијата во Вардарскиот и Скопскиот плански регион, на 23 јули 2019, ЦИВИЛите работеа во пет општини на Полошкиот регион, поточно Гостивар, Врапчиште, Тетово, Теарце и Јегуновце.

July 24, 2019 14:41
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вест на денот: ЦИВИЛ на турнеја во Полошкиот регион

По динамичната агенда на организацијата во Вардарскиот и Скопскиот плански регион, на 23 јули 2019, ЦИВИЛите работеа во пет општини на Полошкиот регион, поточно Гостивар, Врапчиште, Тетово, Теарце и Јегуновце. Ова е само една од летните теренски турнеи што се спроведуваат на различни теми, во проектите на организацијата. Проектот „Зелена иднина“ во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел (регионална канцеларија во Сараево) вклучува директна комуникација со граѓанките и граѓаните за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.

Во Гостивар, ЦИВИЛ имаше средби со претставници на граѓанското општество, со своите членови, поддржувачи и соработници, како и со градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари.

Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар. Фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ

Анкетираните граѓанки и граѓани зборуваа за национализмот и за нивото на грижата на Општината за животната средина и одржувањето на јавниот простор.  Со градоначалникот Таравари разговаравме за политичките процеси и настани, за проблемите на релација локална и централна власт, за транспарентноста и одговорноста, изборните процеси и односите меѓу етничките заедници.

Во Тетово, граѓанките и граѓаните во комуникација со тимовите на ЦИВИЛ, го изразија своето незадоволство и крајна разочараност од градоначалничката Теута Арифи и од локалната власт, особено во однос на заштитата на животната средина, регулацијата на сообраќајот, уништувањето на парковите и негрижата за природните ресурси што економски можат да му помогнат на градот, а во овој период само дополнително се уништуваат.

ЦИВИЛ во Тетово. Интервју на Диана Тахири, ЦИВИЛ, со Арианит Џафери, Еко Герила. Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Тимовите на ЦИВИЛ споделија печатени материјали во кои накратко се опишуваат зелените вредности и поврзаноста со социјалната правда и антинационализмот, како и повикот за вклучување на граѓанките и граѓаните во процесите за донесување на одлуките.

ЦИВИЛ во Јегуновце. Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ

Оваа турнеја започна со низа теренски активности во Вардарскиот регион. По Полошкиот регион, тимовите на ЦИВИЛ ќе заминат кон Југоисточниот регион, а на враќање, ќе се задржат во Источниот регион. До крајот на летото, ЦИВИЛ ќе го посети и Пелагонискиот регион.

Сојузот на стопански комори открива уште една пријава за рекет

Уште еден бизнисмен, член на Сојузот на стопанските комори на Македонија пријавил дека бил подложен на рекет, а претседателката на ССК Даниела Арсовска бара брза разрешница на состојбата. Tаа истакна дека станува збор за голема компанија, не прецизирајќи за која компанија станува збор и од кој сектор доаѓа.

Сојуз на стопански комори

„Ова што го слушаме навистина е нешто што ја раздрма деловната заедница. Брза разрешница е нешто што ќе ни влее малку доверба дека она што го зборуваме во изминатата година континураино, дека без владеење на правото, заштита на сопственоста и без некој да се грижи за луѓето што инвестираат, креираат работни места во земјава не можеме ништо да направиме и да постигнеме па ниту и да се трудиме да кажеме дека оваа или која било година ќе биде економска година“, истакна Арсовска.

Царовска: Платите на социјалните работници зголемени за 22 отсто

За 22 отсто поголеми плати добиле вработените стручни работници и соработници во центрите за социјални работи, а во септември ќе добијат повисока плата за уште пет проценти. На ваков начин, како што изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, се враќа достоинството на социјалниот работник, се овозможува негова поголема мотивираност во работата за социјалните случаи да ги надминат проблемите со кои се соочуваат.

Мила Царовска, Министерка за труд и социјална политика

На ова покачување, најави Царовска, во септември ќе добијат и дополнителни пет отсто покачување, што, како што рече, укажува дека се враќа достоинството на социјалниот работник кој работи интензивна тешка работа и на меѓусебни односи кои се најтешко решливи во општеството.

Еколошките налепници на автомобилите можат да влијаат на помалку од 0,38 отсто од загадувањето на воздухот

За различните аспекти за загадувањето на воздухот во земјата, новинарот Игор К. Илиевски подготви серија текстови што ќе се објавуваат на ЦИВИЛ Медиа и Зелен ЦИВИЛ.

Забраната за движење на автомобили без еколошка налепница може да влијае на помалку од 0,38 отсто од загадувањето на воздухот со вкупни цврсти честички, покажува споредбата на податоците од неколку државни студии.

Борба против загадувањето на воздухот на скопски начин. Фото: Роберт Атанасовски

Собраниската Комисија за економски прашања во вторникот прифати четири од 13 амандмани на  текстот на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за возила. Со нив се отфрли предвидената обврска возилата задолжително да подлежат на еколошка категоризација според степенот на загадување, но се воведува забрана за управување на некатегоризирани возила, или возила без зелена налепница, во зони што при зголемено загадување ќе им бидат забранети за движење. Во деновите кога локалните власти ќе прогласат таква забрана, во тие зони ќе може да се движат само возила со зелена маркичка.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Владата најави борба против лажните вести и ширењето дезинформации

Владата работи на акциски план за справување со дезинформациите и лажните вести, објави премиерот Зоран Заев.

Овој предлог акциски план ќе биде ставен на разгледување и јавна дебата пред невладините огранизации и граѓаните. Акцискиот план содржи безбедносни и проактивни мерки.

Филипче: Со дисперзираните центри ќе се решат проблемите со лекување на зависниците и давање терапија, нема потреба од страв и паника

Дисперзијата на лекувањето на зависници низ Центри во државава ќе го реши проблемот, а соработката со Општините, невладините организации и со граѓаните ќе биде за да се укаже дека нема потреба од страв и паника, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање за ситуацијата со лекувањето на зависниците и за нивната терапија.

„Медена земја“ од 26 јули во кината во САД

Документарниот филм „Медена земја“ од 26 јули ќе се прикажува во кината во САД. Застапуван од американската компанија за производство и дистрибуција на филмови „Неон“, која ги откупи правата за прикажување во Северна Америка, македонскиот победник на „Санденс“ ќе има кинодистрибуција во селектирани киносали, вклучувајќи ги „Ламли Ројал“ во Лос Анџелес и „Куад синема“ во Њујорк.

Дијана Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share40Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ