• Latest

Албанија бара итно мислење од Венецијанската комисија во врска со разрешувањето на претседателот Мета

July 25, 2019
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Политичкиот аналитичар Бесим Небиу на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Небиу: Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок

October 16, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Албанија бара итно мислење од Венецијанската комисија во врска со разрешувањето на претседателот Мета

July 25, 2019 10:36
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Албанскиот законодавен дом, по предлог на анкетната комисија побара од Венецијанската комисија итно мислење околу разрешувањето на претседателот Илир Мета, јавува МИА.

Во барањето кое е потпишано од спикерот на парламентот Грамоз Ручи, се бара одовор на осум прашања поврзани со должностите и надлежностите на претседателот на Републиката по постапката што ја почна мнозинството за негово разрешување и формирањето на анкетната комисија.

Во барањето направен е и приказ на ситуацијата во земјата, почнувајќи од одредување на датумот на локални избори од страна на претседателот, ставот на опозицијата за откажување од мандатите, бојкотот на изборите од страна на Демократската партија и Социјалистичкото движење за интеграција, судирите во изборните комисии и одбори во општините предводени од претставници на опозицијата, па се до 30 јуни, денот на изборите и формирањето на анкетната комисија за разрешување на шефот на државата.

Исто така, во документот е вклучен и податокот дека до Изборниот колегиум (изборен суд) една партија побарала да биде избришана од гласачките ливчиња и одлуката на колегиумот по тоа прашање.

На крај, албанскиот прв парламентарец, обраќајќи се директно до претседателот на Венецијанската комисија, Џиана Букуичио, замолува за што поитно мислење поаѓајќи од „чувствителноста состојбата во која се наоѓа земјата”.

Анкетната комисија во која поголемиот број членови се од редовите на владеачките социјалисти, иако е убедена во уставните прекршувања на шефот на државата, сепак на 16 јули одлучи да побара мислење од оваа специјализирана европска институција, која и помогнала на Албанија во сите важни законски иницијативи, вклучувајќи ја и реформата во правосудството.

Венецијанската комисија заседава само четирипати годишно, а следниот состанок е закажан на 11 и 12 октомври. Но, Венецијанската комисија од пред неколку месеци ја смени својата регулатива со додавање на посебен член во кој се предвидени мислења за итни прашања

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ