• Latest

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025 19:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На помалку од 4 дена од гласањето на локалните избори во недела на 19 октомври, кога за кампања остануваат нецели 2 дена по што ќе следи изборниот молк  политичките партии, коалициите и независните кандидати денеска продолжија со засилено претставување  на своите програми и кандидатите за градоначалници и советници.

ДИК дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња, најдолгото ливче половина метар

Државната изборна комисија денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња за локалните избори кои ќе се одржат в недела на 19 октомври, а најдолгото ливче е 500 милиметри или половина метар.

Во изјава за медиумите, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко истакна дека седумнаесет тимови на ДИК заедно со обезбедување на МВР вршат непречена дистрибуција до сите изборни комисии во земјава.

АВМУ: Од 18 до 19 октомври до 19:00 часот важат правилата за изборен молк пред локалните избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите дека изборната кампања за првиот круг од Локалните избори трае до 24:00 часот на 17 октомври 2025 година. Од 18 октомври заклучно со 19:00 часот на 19 октомври важат правилата за изборен молк.

КАНДИДАТИ И ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ

Кандидатката за градоначалник за Куманово, Виолета Арсовска од „Искуство за успех“ најави три клучни проекти

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ (Либерално-Демократска партија, Граѓанска опција за Македонија, Интегра-Македонска конзервативна партија и Партија за целосна еманципација на Ромите), Виолета Арсовска вети три клучни проекти за развој на Куманово.

Бошковски – Сарај може и сака промени за да изградиме улици, спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој

Горан Бошковски, носител на листа на советници за Советот на Општина Сарај се обрати од народниот митинг во Сарај во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за изборите во недела на 19 октомври, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ,

Шукова – Ќе плаќаме за отпад според количината, не според квадратурата

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, најави воведување на нов, праведен модел за наплата на комуналниот надоместок, кој граѓаните ќе плаќаат според количината отпад што ја создаваат, а не според големината на станот во кој живеат.

Ѓорѓиевски најави изградба на нов булевар „Хрватска“ во Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО – ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски денеска на прес-конференција најави изградба прва фаза од новиот булевар „Хрватска“ во должина од 3.800 метри. Според него, тоа е еден од најважните инфраструктурни проекти за источниот дел на Скопје.

Алби Ќамили: Бајрам Реџепи не му посакува најдобро на Тетово, изнудува пари со извршители  

Носителот на листата на кандидати за советници на Коалицијата ВРЕДИ за Општина Тетово, Алби Ќамили, го обвини кандидатот за градоначалник на ДУИ, Бајрам Реџепи, дека ја изнудува општина Тетово со камати и извршители.

Бајрам Реџепи демантира дека општинскиот буџет е оштетен: Станува збор за наплата за неисплатени паушали

Кандидатот за градоначалник на Тетово од Националната Алијанса за Интеграција, Бајрам Реџепи, изјави дека не е вистина тоа што го обвинуваат од коалицијата ВРЕДИ дека со извршители изнудувал пари од општината.

Угринска: Сакаме град за живеење, а не за преживување

Кандидатката за советничка во Советот на Град Скопје од Коалицијата за зелена иднина и ко-претседателка на зелената партија ДОМ, проф. д-р Ана Угринска, бара бескомпромисна градска политика кон отпадот и загадувањето, со отворени податоци и ненајавени контроли, се наведува во соопштението на ДОМ кое МИА го пренесува интегрално.

Левица: ДУП-от во Долно Лисиче е катастрофален и мора итно да се ревидира

На дебатата на ТВ24, носителот на советничката листа на Левица, Дејан Ристевски, зборуваше за шверцерското усвојувањето на деталниот урбанистички план за Долно Лисиче, спротивно на волјата на граѓаните.

Јанков: Масовно излезете на 19 октомври и заокружете го бројот 9 за историска победа во Струмица

Петар Јанков, кандидат за градоначалник на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес се заблагодари за огромната поддршка која што ВМРО-ДПМНЕ ја добива од граѓаните во Струмица

Митовски: За 30 дена ќе ставам крај на депониите и хаосот со сметот во Гази Баба

 Најавувам дека овој хаос по 19 октомври ќе биде решен уште во првите 30 дена. Нема повеќе да има диви депонии зад контејнерите, отпадот ќе биде одложуван на пропишани и контролирани локации, а комуналното претпријатие повторно ќе стане функционално.

Коњановски: Заедно со граѓаните размислуваме, создаваме и работиме

Една од најголемите иницијативи на граѓаните е Хотелот Битола и негово адаптирање во Дом за стари лица. Така ќе овозможиме достоинствен живот за нашите највозрасни сограѓани, со топол дом, грижа и внимание што го заслужуваат.

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Листата, според Стоиљковиќ, ќе се залага за решавање на сообраќајниот метеж и недостатокот на паркинг простор, со јакнење на локалниот економски развој, креирање услови за поддршка на младинското вработување,…

Герасимовски: Вложуваме во младите практиканти, создаваме професионални кадри за развој на Центар

„Студентите и апсолвентите имаат можност да работат и да студираат истовремено, а по завршувањето на ангажманот добиваат потврда за завршена практикантска работа, која им е потребна за завршување на факултетот,“ посочи Герасимовски.

Лабудовиќ: Центар ќе биде општина што ги слуша граѓаните, грижата за граѓаните и одржливиот развој ќе бидат во фокусот

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од движењето ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, денеска порача дека настапува со визија за Центар како поуредена, зелена и инклузивна општина, каде што грижата за граѓаните и одржливиот развој ќе бидат во фокусот.

Александар Анѓушев од Коалицијата за зелена иднина: Помош за набавка на лекови за постари лица во Карпош

„Карпош мора да биде општина за живеење, не за преживување. Политиката има смисла само кога стои до човекот во секојдневието, а не само пред избори,“ изјави Анѓушев, додавајќи дека позицијата на коалицијата е хумана локална грижа како политички принцип, не како привилегија за одбрани.

Трајановски: Населбата Лисиче заборавена четири години: празни ветувања, нула реализирани проекти

Измина целиот мандат на Муцунски и Митески во Општина Аеродром, а жителите на Лисиче сè уште живеат со истите проблеми што беа ветени дека ќе се решат во 2021 година. Наместо реализација, гледаме само празни зборови и неисполнети обврски, се вели во  изјавата на кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, Александар Трајановски,

Ацевски: Стојкоски под превезот „наследба за млади“ подготвува нова бетонизација на Ѓорче, таргет земјиштето кај црквата Св. Архангел

Под превезот населба за млади брачни двојки, во плановите на Градоначалникот Стојкоски се крие уште една нова бетонизација, овој пат на ридот во Ново Село, веднаш до црквата Свети Архангел – Гаврил, вели Костадин Ацевски, кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров.

Османи: Две нови современи градинки во Чаир, со голем капацитет за сите деца да посетуваат претшколско образование

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција ги претстави двата големи проекти за изградба на нови современи градинки со високи стандарди и мултифункционални капацитети, кои ќе овозможат подобри услови за децата и семејствата во општината,

Меџити: Чаир ќе биде лидер во искористеност на европските фондови, ќе го изградиме Чаир на иднината, зелен, дигитален и иновативен!

Проширувањето на буџетските извори преку европските фондови, особено преку програмата Horizon Europe, претставува реална можност за одржлив развој и модернизација на општината, порача Изет Меџити кандидат на коалицијата ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, на денешната прес конференција.

Шајн: Подобри услови за работа на пожарникарите во Охрид

Охридските пожарникари заслужуваат подобри услови за работа, достоинствена плата и современа опрема. Веднаш по стапувањето на функцијата ќе бидат спроведени активности за подобрување на условите за работа на пожарникарите, ќе се ревидира начинот на исплата на платите на пожарникарите и ќе се изготви нов правилник за плати и додатоци.

МОНИТОРИНГ И АНАЛИЗИ

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ

Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Мартин Костовски, денеска обвини дека се нападнати членови на неговиот изборен штаб, oд страна на кандидатот за советник од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Самет Салиевски.

Костовски, во видео објавено на неговиот фејсбук-профил, кое е снимено пред полициската станица во Куманово, oбвинува и дека лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, е хистеричен и уплашен.

„Денеска се случи немил настан во пресрет на завршување на кампањата за локалните избори од страна на штабот на Максим Димитриевски, односно од неговиот актуелен кандидат за советник Самет Салиевски се нападнати членови на штабот на Мартин Костовски од коалицијата на СДСМ“, вели кандидатот Костовски.

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

Кандидатката за градоначалничка на Општина Битола од редовите на движењето „Поинаку“, Габриела Илиевска, на својот Фејсбук профил објави дека кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ објавува навредливи и недолични коментари насочени кон неа.

Имено, кандидатот за советник Љупчо Петровски коментирал под објава на актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски:

„Го прогласувам нусето Габриела за умрено!“

На ваквиот коментар реагираше Илиевска:
„Кандидат за советник ме прогласва за умрена! Ова е вистинското лице на Тони и екипата која сака нов мандат! Изгледа само умрени му требаат за да престанат да крадат!“, реагира Илиевска.

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

Како што претходно објави ЦИВИЛ Медиа врз основа на сознанијата на тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани, (ЦХТМ) забележливо е зголемено присуство на содржини со руски пропагандни наративи во пресрет на локалните избори.

Според наодите на ЦХТМ, дел од македонските медиуми се потрудиле да заземат водечки позиции и во регионот, кога станува збор за ширење на руските пропагандни наративи.

Долгогодишните поддржувачи и апологети на руската неиспровоцирана воена агресија врз Украина меѓу македонските портали, во секојдневните настојувања да ја оправдаат „инвестицијата“ во нив за ширење на руската пропаганда и проруските наративи во земјава, со радост и нескриено задоволство ги пренесуваат нарачките од Кремљ, што може да се заклучи од манипулативните наслови на објавените текстови: РУСИТЕ НАВЛЕГЛЕ ВО ЦЕНТРАЛНА УКРАИНА? Трупите напредуваат во Дњепропетровск, надвор од границата на Доњецк; Руските трупи навлегоа во клучниот регион на Дњепропетровск; Руската војска зазеде неколку делови од украинската Дњепропетровска област; Русите со голем продор во Украина – Ова се деталите; Русија навлегла во четвртиот по ред најголем град – Украина официјално потврди борби.

Со ваквата уредувачка политика само се ставаат во служба на руската пропагандна машинерија, свесни врз база на своето долгогодишно новинарско искуство, дека поголем дел од читателската публика преферира да го прочита само насловот, и врз база на него да извлече заклучоци, без притоа да обрне внимание на содржината во текстот,

Подготви: Д. Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ