• Latest
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Петер Маѓар (ФБ)

Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

April 13, 2026
Џелал Хоџиќ

Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

April 13, 2026
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

April 13, 2026
Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

„Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

April 13, 2026

Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

April 12, 2026

Орбан падна. Кој е следен?

April 12, 2026

(ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

April 12, 2026

🔴 ОРБАН ПАДНА: КРАЈ НА ЕДНА ЕРА

April 12, 2026

95 наспроти 11: Драматичен пресврт во Унгарија – ТИСА доминира во изборните единици

April 12, 2026

Први резултати од пребројувањето во Унгарија: ТИСА води, но трката останува неизвесна

April 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

    🔴 ОРБАН ПАДНА: КРАЈ НА ЕДНА ЕРА

    95 наспроти 11: Драматичен пресврт во Унгарија – ТИСА доминира во изборните единици

    Први резултати од пребројувањето во Унгарија: ТИСА води, но трката останува неизвесна

    Рекордна излезност и поделени прогнози – неизвесна трка во Унгарија

    Затворени гласачките места во Унгарија: Почнува пребројувањето во неизвесна и историска изборна трка

    Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    Унгарија пред затворање на гласачките места: Рекордна излезност и неизвесна трка

    Велика Британија обучувала воени кадри од 14 држави од сопствената листа на ризични по човековите права

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Орбан падна. Кој е следен?

    ЧУВАРИТЕ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (3): Ги испука ли Фидес сите куршуми?

    Фото; Скриншот од АП видео

    Политика, бизнис и ПР: Што стои зад посетата на Трамп Помладиот во Бања Лука

    Џелал Хоџиќ

    Како шесте месеци на ВЛЕН станаа децении и генерации на Мицкоски

    Ромите не се проблем – проблем е системот што дискриминира

    Држава на условни права: Што се случува кога институциите ги газат сопствените договори?

    Илустрација: ВИ

    Правна битка во Брисел за македонските евроинтеграции – дали бугарскиот протокол е дел од ЕУ правото?

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ
    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

    Орбан падна. Кој е следен?

    ЧУВАРИТЕ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (3): Ги испука ли Фидес сите куршуми?

    Крајот на „среќната глобализација“

    Кога никој не е виновен: Распрсната одговорност и ризиците во екосистемот на вештачката интелигенција

    Долгогодишно пријателство: Орбан и Путин (RIA Novosti / CC-BY-SA 3.0)

    ИЗРАЕЛСКИТЕ ЧУВАРИ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (2): Најновиот непријател беше избран во 2024 – Украина

    Џелал Хоџиќ

    Како шесте месеци на ВЛЕН станаа децении и генерации на Мицкоски

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СТАВОВИ

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025 20:39
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

МИРОСЛАВ ЈОВАНОВИЌ

Можеби најголемата иронија на современата демократија е тоа што волјата на народот станува сѐ помалку релевантна. Партиите функционираат како кланови кои сè повеќе се занимаваат со одржување на моќта, отколку со претставување на интересите на граѓаните.

Во светот во кој живееме денес, либералната демократија сè уште претставува доминантен политички систем, барем формално. Таа формалност се огледа и би требало да се темели на начела какви што се слободата, еднаквоста, владеењето на правото и народната волја. Но не е така. Сепак, сè поголем број аналитичари, интелектуалци, па дури и обични граѓани сè почесто го поставуваат прашањето – дали демократијата ја исцрпи својата суштина? Кога ова прашање ќе го ставиме во перспектива на нашата 30 и кусур-годишна демократија и самостојност, ова прашање не е само реторичко или теоретско, туку има сериозни импликации врз иднината на нашето општество.

Именката Демократија како кованица сочинета од два старогрчки збора (demos -народ и kratein – владеење) би требало да претставува, најпросто кажано – владеење на народот. Тоа би значело дека секој граѓанин има еднакво право преку општествените демократски механизми да учествува во донесувањето одлуки што го засегаат неговиот живот. Но во реалноста, современата либерална демократија се трансформира во систем во кој формата останува, но суштината е сè понејасна, па дури и компромитирана. Пренесено во нашата сегашност, потсетете се кој сè во изминатиов период владееше во нашата земја, од општинско до парламентарно ниво. Да се потсетиме дека најголемите светски општествени турбуленции биле предизвикани и се последица на „обични, демократски избори“. Тоа се случува и денес кога без контролен општествен механизам му „давате“ на народот „апсолутно право на глас“ (Хитлер, Мусолини, Хуго Чавез, Мадуро, БРЕГЗИТ, АфД во Германија, Ле Пен во Франција, Најџел Фараж во Обединетото Кралство итн.) и се доведувате во состојба за која парафразираната мисла на Аристотел има полно значење и гласи: „Во демократија, бедниот има иста политичка моќ како и богатиот – право на глас. Но само тоа“ (Аристотел „Политика“, Книга IV и Книга VI).

Демократијата како форма без содржина

Денешните демократии сè повеќе функционираат како политички театри каде што главните глумци во „претставата“ се претежно дојдени од периферијата на животот, но особено политички амбициозни, со намера да нѐ „усреќат“. Изборите се редовни, институциите се на своето место, партиите се активни, а слободата на изразување, барем номинално, постои и е заштитена со устав во секоја демократска земја. Теоретски звучи супер. Но под површината, реалната моќ се концентрира во рацете на други пресоздадени центри на моќ, не на народот. Народот, кој според принципите на демократијата треба да биде суверен, станува пасивен набљудувач, немоќно лице. Ова е баш упростено кажано, без намера да се впуштам во правно политички теории на народ, глас, суверенитет, владеење итн.

Се создава впечаток дека демократијата се претвора во систем во кој граѓаните имаат избор – но не и реално влијание. Оваа „демократија на минимален ангажман“ го сведува учеството на народот на гласање еднаш на неколку години, по што власта ја преземаат партии или поединци што често не ги исполнуваат ветувањата или дури и ги игнорираат интересите на своите гласачи. Да не зборуваме дека власта во нашата земја се освојува со просечно 30-35 отсто гласови од вкупниот број регистрирани гласачи.

Слобода на мислата, на говорот и на изразувањето се сметаат за темелни вредности на секоја демократија. Меѓутоа, денес тие се сè повеќе под притисок. Со појавата на дигиталните платформи, се отворија нови можности за слободно информирање, но и за манипулација и злоупотреба. Алгоритмите на социјалните мрежи не ја рефлектираат волјата на граѓаните, туку ги засилуваат веќе постојните уверувања, создавајќи „ехо-комори“ во кои критичкото размислување е потиснато. Во вакви услови, слободата станува привид – постои, но е под постојана закана. Што се однесува до законите – тие важат за сите, но не се применуваат еднакво. Моќта да се влијае врз политичките одлуки е нерамномерно распределена, што ја нарушува идејата за фер и праведно општество.

Можеби најголемата иронија на современата демократија е тоа што волјата на народот станува сѐ помалку релевантна. Партиите функционираат како кланови што сè повеќе се занимаваат со одржување на моќта, а помалку со претставување на интересите на граѓаните. Откако еднаш ќе добијат мандат, ретко се консултираат со граѓаните при носење клучни одлуки; на неколкумина „свои“ ќе им се доделат „награди“ за изборната победа, во зависност од рангот – лепачот на изборни плакати станува чувар, возач во некое јавно претпријатие, додека главните финансиери на кампањите добиваат мрсни тендери. И тука завршува сè. Истовремено, механизмите за директна демократија (како референдуми, граѓански иницијативи, јавни расправи) се слабо развиени или формално постојат, но без реална моќ. Граѓаните чувствуваат отуѓеност и разочараност, што доведува до апатија, намалено учество во општествените процеси и недоверба во институциите. Демократијата без активно, ангажирано граѓанство е празна приказна.

Како понатаму?

Современиот демократски модел (во кој спаѓа и нашиот) бара генерален ремонт – исклучиво поради сопствената самоодржливост и перспектива на општеството. За да продолжи непречен развој на едно од „најнесовршените но најдобрите“ облици на владеење (подобар не е измислен до ден-денес) потребно е да се „измислат“ „self-resilient“ (саморезилиентни) општествени и/или правни механизми, кои самостојно ќе ја одржуваат или ќе ја враќаат стабилноста и функционалноста на демократијата избегнувајќи големи општествени потреси или кризи. На правно политичките теоретичари и мислители е да дадат одговор на ова прашање – како понатаму?

Сепак, да се тврди дека демократијата е целосно исцрпена би било пренагласено. Можеби не сме сведоци на нејзиниот крај, туку на криза – криза на моделот, на довербата и на вредностите. Демократијата, каква што ја познаваме денес, не е совршена – далеку од тоа. Таа се соочува со сериозни предизвици кои ја разнишуваат нејзината суштина. Но наместо да ја отфрлиме, мораме да ја преиспитаме, да ја надградиме и да ја направиме посоодветна за современиот свет. Нема место за дефетизам, ни случајно. Суштината на демократијата не е само во институциите, туку во живиот однос меѓу народот и власта. Додека тој однос постои – постои и можноста за нејзина обнова и развој. Сите други алтернативни облици на владеење и општествена организација, докажано водат во катастрофа.

Локалните избори ни се на врата. Еве нова шанса за нашето граѓанство да се увери дали демократијата во денешна форма придонесува кон општото добро или е и понатаму само „форма без содржина“.

Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Слободен печат

(Авторот е медиа директор на медиумскиот сервис на „Слободен печат“)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    136 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Политика, бизнис и ПР: Што стои зад посетата на Трамп Помладиот во Бања Лука

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Како шесте месеци на ВЛЕН станаа децении и генерации на Мицкоски

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ