• Latest

Хан – Брнабиќ: Дијалогот меѓу Белград и Приштина е клучен елемент за натамошниот напредок на целиот регион

July 26, 2019
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Политичкиот аналитичар Бесим Небиу на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Небиу: Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок

October 16, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Хан – Брнабиќ: Дијалогот меѓу Белград и Приштина е клучен елемент за натамошниот напредок на целиот регион

Хан истакна дека е постигнат значителен напредок со Северна Македонија и изрази верување дека земјите-членки ќе им дадат зелено светло во октомври на Скопје и на Тирана да започнат со пристапните разговори

July 26, 2019 13:05
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Еврокомесарот Јоханес Хан денеска во Белград на заедничка прес-конференција со српската премиерка Ана Брнабиќ, изјави дека на средбата разговарале за голем број теми, особено за препораките на извештајот за напредокот на Србија, кои треба да бидат приоритет за владата, со цел земјата да продолжи да напредува кон членството во ЕУ.

Тој истакна дека демократијата и владеењето на правото, се основни права и клучни области.

– Ги поздравувам сите иницијативи поврзани со медиумската стратегија. Неопходно е да се продолжи со работа на медиумската стратегија. Кога ќе го добиеме конечниот нацрт, ќе ги дадеме нашите коментари за тоа. Медиумската стратегија ќе мора да се спроведе и ова е поважно од добар нацрт, и ќе биде успешна само ако придонесува за напредок во работата на медиумите. Потребна и е на Србија плуралистичка медиумска сцена, истакна тој.

Хан рече дека Парламентот треба да биде место за политичка дебата и ја истакна важноста на меѓупартискиот дијалог во Собранието, поздравувајќи ги првите чекори што се преземени во таа насока.

Кога станува збор за изборите следната година, тој апелираше до српските власти да ги применат препораките на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР).

Хан истакна дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е клучен елемент за натамошниот напредок на целиот регион и ја нагласи потребата да се најде трајно решение.

Говорејќи за регионот, тој истакна дека е постигнат значителен напредок со Северна Македонија и изрази верување дека земјите-членки ќе им дадат зелено светло во октомври на Скопје и на Тирана да започнат со пристапните разговори.

Тој објасни дека е дојден во Белград, бидејќи има привилегија, заедно со Брнабиќ, да присуствува на Младинските спортски игри.

– Јас сум еден од амбасадорите на оваа иницијатива и ја поддржувам, а се надевам дека следната година ќе се прошириме и во Северна Македонија, објасни Хан.

Српскaта премиерка Ана Брнабиќ изјави на прес-конференцијата дека „не е наше кога ќе станеме членка на ЕУ“, туку колку брзо ќе станеме европска Србија во однос на напредокот во областите на економијата, владеењето на правото и јавната администрација“.

Таа рече дека Србија разбира каква е моменталната состојба во ЕУ и предизвиците со кои се соочува Унијата, но и покрај тоа „Србија останува искрено посветена на патот на евроинтеграциите“.

Брнабиќ додаде дека нема стабилна, економски конкурентна Србија без стабилен регион, наведувајќи дека соработката со земјите во регионот е „во најголем интерес“ на Србија.

-Тоа ќе почнеме да го правиме прво со Северна Македонија, а пота и со останатите и се ќе направиме да имаме подобро поврзан и силен регион.

Таа додаде дека единствениот предлог закон кој е упатен по итна постапка до српското Собрание е ратификацијата на билетаралниот договор со Северна Македонија за меѓусебно признавање на повластените стопански субјекти, „што нам ни е важно, бидејќи сакаме да воспоставиме колку е можно побрзо билатерална соработка со Северна Македонија, како би дале уште еден поттик на регионалната соработка“.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ