• Latest

5 август: Најниски плати, нови предмети на ДКСК и нови обиди за борба со корупција

August 5, 2019
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

5 август: Најниски плати, нови предмети на ДКСК и нови обиди за борба со корупција

August 5, 2019 15:50
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: ДКСК отвора предмет за Рашковски 

Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница соопшти  дека отвора предмет за јавната набавка за инсталација на АТМ системот за управување со воздушниот сообраќај и за улогата во оваа набавка на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Антикорупциска  ќе ја испитуваат и дивоградбата кај чинарот во Охрид, која е во сопственост на советникот на ДУИ во Охрид, Нефи Усеини.

Македонија со најниска просечна плата во регионот 

Највисоката просечна плата во регионот за мај оваа година е исплатена во Словенија и изнесува 1.113,88 евра, додека најниската во Македонија и изнесува 413,67 евра.

Просечната плата во Хрватска изнесува 886 евра, во Црна Гора за јуни била исплатена плата од 516 евра, Босна и Херцеговина има просечна плата од 472 евра, додека Србија 470 евра.

Квотите за лековите најпрвин ќе се укинат во туристичките места, најави министерот за здравство 

Од овој месец се укинуваат квотите за лековите на рецепт во аптеките во регионите на туристичките места Охрид, Струга, Дојран, околината на Гевгелија и регионот на Ресен. Ова денеска го најави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека тоа ќе важи за секој лек кој ќе биде издаден на рецепт, а сите рецепти во овие места ќе бидат реализирани од Фондот за здравствено осигурување, јавува МИА.

Тој посочи дека ова е прв чекор во насока на укинување на квотите за лековите на рецепт во сите аптеки на територијата на целата држава, што премиерот Зоран Заев го најави минатата недела, а ќе почне да важи од моментот кога согласно динамиката на имплементирање на контролните механизми, Фондот ќе го имплементира како мерка, односно во септември или октомври.

 

Флеш вести 

„Сите политички субјекти да ги поддржат решенијата со кои се заокружуваат реформите, за конечен пораз на „заробената држава“, за борбата против криминалот и корупцијата, за општество во кое никој нема да биде привилегиран и амнестиран“, порача премерот Зоран Заев во обраќањето до јавноста по повод последните случувања поврзани со Специјалното јавно обвинителство и Предлог законот за Јавното обвинителство.

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, го потпиша указот за прогласување на Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце (Република Северна Македонија ) – Прешево (Република Србија), се вели во соопштението на кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија.

ЦИВИЛ активности 

Зелени перспективи во центарот на Скопје 

Тимот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, пред преминот „Палета“ во Скопје, го промовираше проектот „Зелена иднина“, кој организацијата го спроведува во соработка со Хајнрих Бел – Сараево. На инфо – штандот граѓанките и граѓаните имаа можност да се информираат за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот преку едукативен и информативен материјал и да ги споделат своите размислувања на темите.

ЦИВИЛ го обновува повикот за поддршка на иницијативата „Крај за расипништвото“ за укинување или драстично намалување на привилегиите на функционерите 

ЦИВИЛ денеска го обновува повикот до граѓанките и граѓаните за поддршка на Иницијативата #КрајЗаРасипништвото, која, во нејзината онлајн верзија до сега ја потпишале над 2.500 луѓе. „Можеби не сме први што зборуваат на оваа тема, но ќе бидеме последни!“ – изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, повторувајќи го ставот на организацијата изнесен на двата јавни настани на почетокот на летото.

Организацијата на својата Фејсбук страница повика: „Споделете ја оваа Иницијатива со своите пријателки и пријатели, разговарајте и коментирајте. Придонесот на секој поединец е од непроценлива вредност. ЦИВИЛ ви благодари за поддршката!“ Од Организацијата информираат дека следните чекори ќе бидат најавени во текот на месец август, а конкретни чекори ќе се преземат веднаш по завршувањето на годишните одмори на македонските народни избраници.

 

А. Петровска 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share47Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ