• Latest

Здравствениот инспекторат констатирал лоши санитарно-хигиенски услови во 156 училишта

August 6, 2019
Виктор Орбан (фото: © European Union, 1998 – 2026)

ЕУ сака „без нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Здравствениот инспекторат констатирал лоши санитарно-хигиенски услови во 156 училишта

Инспекторите поради лоши санитарно-хигиенски услови издале забрани во четири училишта – за една спортска сала, една фискултурна сала, како и за санитарните јазли во две училишта

August 6, 2019 11:41
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од 308 училишта и 114  детски градинки во кои биле инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ), дури во 156 биле утврдени различни недостатоци во врска со хигиената на тоалетите и другите простории., јавува МЕТА.

ДЗСИ за состојбата со хигиената во училиштата и во градинките заклучи дека во училиштата не се прави превентивна дезинфекција, инвентарот е дотрајан, подовите оштетени, ѕидовите неваросани, а не се прави ниту дератизација. 

„ДЗСИ изврши редовни инспекциски надзори во 308 училишта (основни и средни) и 114 детски градинки. Издадени се 156 решенија за отстранување на констатирани недостатоци, од кои 136 во училиштата и 20 решенија во градинките. Недостаток кој е констатиран е и тоа што не се прават редовни здравствено-хигиенски прегледи на вработениот наставнички и помошен технички персонал, како што налага Законот за заштита на населението од заразни болести. Во однос на хигиената, објектите тековно се одржуваат, а во санитарните јазли има течен сапун“, информира здравствениот инспекторат.  

Инспекторите поради лоши санитарно-хигиенски услови издале забрани во четири училишта – за една спортска сала, една фискултурна сала, како и за санитарните јазли во две училишта.

„Во 106 објекти (85 училишта и 21 градинки) е констатирано подобрување во однос на претходната година. Во 10 училишта состојбата е полоша од претходната година. Градинките, во континуитет се во подобра состојба и во однос на хигиената и во однос на санитарно – техничката состојба на самиот објект. За сите констатирани недостатоци и издадени решенија да се отстранат, во август и во септември ќе биде извршена контрола“, вели ДЗСИ. 

Наспроти констатациите на санитарните инспектори дека има течен сапун во тоалетите во училиштата, неодамна Институтот за јавно здравје и „Новинари за човекови права“ oбјавија истражување кое покажа дека на територијата на Скопје, Велес и Куманово, во ниту едно училиште нема соодветни проеизводи за хигиена, како сапун, тоалетна хартија и вода, а нема ниту соодветни места за остранување на отпадоци. Истражувањето се однесуваше на менструалната хигиена во училиштата и на работното место.

Share15TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ