• Latest

И по шест месеци од автобуската несреќа кај Ласкарци, семејствата на загинатите без одговори

August 15, 2019

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

И по шест месеци од автобуската несреќа кај Ласкарци, семејствата на загинатите без одговори

August 15, 2019 15:01
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Поминаа шест месеци од 13 февруари, денот кога Македонија беше потресена од автобуската несреќа која однесе 16 човечки животи, пренесува „Порталб.мк“.

И по половина година најголемата автобуска несреќа во историјата на земјава, роднините на загинатите лица и експертите заедно во еден здив си го поставуваат прашањето како можеше да се дозволи таква небрежност од компании кои одговараат за човечки животи. Многу прашања, за кои и јавноста бара одговори: Што ќе преземат надлежните за да спречат слични несреќи? Дали ќе се воведе нова регулатива, дали ќе се купуваат нови автобуси, дали ќе има почесто полициски контроли на состојбата на автобусите?

Зоран Давидоски беше еден од ретките стручњаци по безбедност во сообраќајот во земјава. Како жител на Гостивар и раководител на Секторот за сообраќај на Град Скопје, Давидовски секој ден патувал со автобус на релацијата Гостивар – Скопје. Иако во средите обично се враќал подоцна, на 13 февруари 2019 година решил да се врати порано. Но неговата одлука беше кобна, бидејќи автобусот со кој патувал се преврте на 45 километри од неговиот дом, и тој стана една од 16-те жртви во несреќата кај Ласкарци.

„Порталб.мк“ го посети неговото семејство. Во една од населбите во Гостивар нѐ пречека таткото на Зоран – Драгомир. На влезната врата стои некрологот. Вратата ја отворија мајката и сопругата на Зоран, Макра и Мирјана, и двете облечени во црно.

– Цело време патуваше со автобус. Се будеше рано во 6 часот, а во 7 часот имаше автобус. Од работа секој ден се враќаше во 17.45 часот, а автобусот тргнуваше од Скопје некаде околу 16.30 часот. Што се случи, како се случи тој ден, само Господ знае! Никако не можеме да најдеме одговор – раскажува таткото Драгомир.

Од десно седи неговата сопруга, не престанувајќи да плаче.

Поттикната од свекорот, сопругата Мирјана се потсети на последниот разговор што го имала со Зоран.

– Знаевме дека тој ден ќе дојде подоцна. Во 15 минути до 17 разговаравме на телефон. Ми рече дека е во автобус и дека е сѐ во ред. Тој сакаше да дојде порано тој ден, како да го влечеше нешто – раскажува Мирјана, додека нејзината свекрва, мајката на Зоран прошепотува „Божја работа“.

Безбедноста во сообраќајот за Зоран не била само работа, туку, како што велат неговите најблиски, и негова страст.

– Цело време читаше и учеше за сообраќајот. Беше магистер, сообраќаен инженер. Во средно училиште тој беше најдобар, исто и на факултет. Потоа, многу го интересираше работата. Некои предмети ги носеше дури и дома. Ги читаше, разгледуваше. Постојано ги разгледуваше законите – раскажуваат мајката и таткото на починатиот.

Многу прашања, а малку одговори за несреќата

Членовите на семејството на Зоран не можат да сфатат како можел автобусот така да се преврти.

– Ете, полнам 76 години, и не се сеќавам дека имало толку голема несреќа во Македонија или во Југославија. Многу млади заминаа, многу од нив единствени деца на родителите – вели Драгомир.

Според него, проблем е кога станица за технички преглед и фирма за автобуски превоз да имаат ист сопственик, затоа што тоа, според него, создава услови за манипулирање со тахографот.

– Како е можно да се дозволи и техничка контрола и превоз? Овие две работи не треба да одат заедно. Познато е дека ќе се манипулира со тоа. Не сум за тоа компаниите да не вршат превоз, но барем да немаат и станица за техничка контрола, и да се превозници. Исто така не ми е јасно како може воланот да не функционира и како не можело да се кочи! Тоа не треба да се случува, барем не со автобуси кои превезуваат 50-60 патници. Ова никогаш не се случило – вели Драгомир, кој овој став го заснова на неговото искуство како возач во поранешна Југославија, кога вршел превоз на патници на државно ниво, а понекогаш и во Грција.

Животот на Зоран бил тесно поврзан со безбедноста во сообраќајот. Се занимавал и со спорт, но сепак целото внимание им го посветувал на двете малолетни деца и семејството.

– Не затоа што беше мој, но таков човек е тешко да се најде – вели таткото, а сопругата додава „Семејството му беше пред сѐ. Децата… -“.

Членовите на семејството нѐ информираа дека, обдукцијата покажала дека причина за смртта на Зоран била задушување. Патниците околу него преживеале.

Враќајќи се од Гостивар, застанавме кај Ласкарци.

Половина година подоцна, на местото нема траги што би потсетувале на несреќата и на загинатите. Пробиената ограда е заменета, додека ливадата каде падна автобусот е покриена со трева.

Обвинетите допрва пред суд

Судската постапка за шесте обвинети за сообраќајната несреќа кај Ласкарци допрва се очекува да започне.

“За обвинителниот акт КО 778/19 поврзан со сообраќајната несреќа која на 13 февруари 2019 година се случи кај селото Ласкарци, ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителниот акт по разгледување и ценење на фактите и доказите приложени во актот, донесе решение со кое обвинението го одобри во целост“, информираат од судот.

По процената на обвинението, од Кривичниот суд информираат, дека е формиран кривичен предмет со број 1407/19 кој во согласност со системот АКМИС ќе биде распределен за понатамошно постапување, а откако ќе се утврди терминот за главната расправа, странките и јавноста ќе да бидат целосно информирани.

Експертите лоцираат грешки за надминување

Додека тече судската постапка, експертите имаат многу прашањА до државата во однос на тоа што таа прави за да се спречи повторување на слична катастрофа во иднина. Се бараат одговори за тоа дали државата презема мерки за намалување на просечната старост на автобусите што сообраќаат низ земјава.

Сообраќајниот инженер Јетмир Алиу како втор пропуст на државата ја посочува можноста техничката исправност на автобусите да се врши од станици за технички преглед што се во сопственост на приватни автотранспортни компании, со што се остава простор за манипулација.

Конечно, експертите прашуваат: Дали полициските патроли и МВР во иднина ќе имаат поголеми ингеренции при контрола на исправноста на автобусите?

извор: МЕТА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ