• Latest

Пендаровски: Перспективите на евро-атлантските интеграции се клучен фактор за стабилноста и развојот на демократијата во регионот

August 24, 2019

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Перспективите на евро-атлантските интеграции се клучен фактор за стабилноста и развојот на демократијата во регионот

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Охрид се обрати на дводневниот Безбедносен форум на поранешни студенти/алумни на Маршал Центарот

August 24, 2019 12:33
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Охрид се обрати на отворањето на дводневниот Безбедносен форум на поранешни студенти/алумни на Маршал Центарот.

Истакнувајќи дека на овој форум досега учествувал во различно својство, Пендаровски посочи дека е почестен што годинава има можност и да се обрати на форумот.

„Обраќајќи ви се во својство на Претседател на Северна Македонија, особено сум заинтересиран, се разбира за предизвиците со кои нашата земја се соочува во современото безбедносно опкружување. Без сомнение, клучниот стратешки пробив во безбедноста кој ние го направивме е поканата за членство во НАТО која ја добивме во јули 2018 година.

Никогаш не треба да заборавиме дека оваа покана дојде по неколку децении одбележани со турбулентните 90-ти во кои регионот на поранешна Југославија се соочи со крвави етнички војни; по нашиот опасен конфликт од 2001 година, кој се закануваше дека може да ја фрли земјата во бездната на меѓуетничка војна; и по долгите години безизлезност и автократија кои само ја оддалечија државата од западните и од европски вредности и ја одложија нејзината интеграција во НАТО и ЕУ“, рече Пендаровски.

Во продолжение на своето обраќање, тој истакна дека перспективите на евро-атлантските интеграции продолжуваат да бидат клучен фактор за стабилноста и развојот на демократијата во регионот на Западен Балкан и денес.

„Тероризмот, верскиот екстремизам, нелегалната миграција, сајбер нападите, а особено хибридните војни, нема да исчезнат. Свесни сме дека најефикасниот начин за справување со таканаречените нетрадиционални безбедносни закани кои се наоѓаат високо на агендата на НАТО, сега се и на нашата агенда, ние мораме заеднички да се соочиме со нив заедно. Сите страни може да имаат само корист од нивниот придонес кон заедничките напори на Алијансата преку размена на информации и преку здружување на ресурсите на сите земји членки и на земјите партнери“, потенцираше Пендаровски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ