• Latest

Жбогар: „Рекет“ стана риалити шоу, судството има поддршка за брзо процесирање на случајот

August 26, 2019
Фото: ЦИВИЛ Медиа

На зборови сите се „за“ повисок минималец – но никој не го зголемува

October 8, 2026
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Жбогар: „Рекет“ стана риалити шоу, судството има поддршка за брзо процесирање на случајот

Судскиот процес за кој сведочиме деновиве беше трансформиран од политиката и од некои домашни и странски медиуми во риалити шоу. Тие се обидоа да му ја преземат улогата на судството, да ја играат улогата на „поголемиот брат“, диктирајќи ги играчите внатре, во куќата, што е судството. Лажните вести и доведувањето во прашање на се и сешто, станаа модус операнди во земјата. Секој стана криминалец што значи дека криминалците станаа анонимни, сите се еднакви, сите се исти, истакна Жбогар во обраќањето на формуот за влијанието на владеењето на правото врз бизнисот.

August 26, 2019 13:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Судството веројатно сфаќа дека можеби ја има последната шанса да ја врати довербата кај граѓаните со независна, целосна и брза истрага на случајот „Рекет“, но и на сите други случаи на СЈО. Судството треба да најде сила да му даде отпор на притисокот, независно од каде тој доаѓа, и за тоа има целосна поддршка од наша страна, порача денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Жбогар кој зборуваше на форум во Стопанската комора, оцени дека случајот „Рекет“ е трансформиран во риалити шоу, а лажните вести и доведувањето во прашање на се и сешто, станаа модус операнди во земјата.

Евроамбасадрот потенцира и дека острата реторика на политичарите што ја користат меѓусебно, но и во однос на судството, не само што ја еродира довербата кај граѓаните, туку и го труе општеството на кое очајно му треба, како што рече, помирување.

– Судскиот процес за кој сведочиме деновиве беше трансформиран од политиката и од некои домашни и странски медиуми во риалити шоу. Тие се обидоа да му ја преземат улогата на судството, да ја играат улогата на „поголемиот брат“, диктирајќи ги играчите внатре, во куќата, што е судството. Лажните вести и доведувањето во прашање на се и сешто, станаа модус операнди во земјата. Секој стана криминалец што значи дека криминалците станаа анонимни, сите се еднакви, сите се исти, истакна Жбогар во обраќањето на формуот за влијанието на владеењето на правото врз бизнисот.

Само ако покаже дека може да се справи со сите случаи на криминал и корупција, судството, нагласи евроамбасадорпот, може да ја врати довербата на граѓаните во него и во политиката.

– Мислам дека судството сфаќа дека можеби ја има последната шанса повторно да ја изгради довербата кај граѓаните со независна, целосна и брза истрага и процесуирање на случајот „Рекет“, како и на сите други случаи на СЈО. Судството треба да најде сила да му даде отпор на притисокот, независно од каде тој доаѓа и во тоа има целосна поддршка од наша страна, истакна Жбогар.

Уште еднаш подвлече и дека Европската унија базира на почитување на правилата и на законите и дека секој од елеемнтите во триаглоникот „граѓани – држава – судство“, мора да ја знае и точно ја игра својата улога. Во оваа врска, напомена, довербата е во центар. 

– Кога граѓаните ќе почнат да веруваат дека системот не е еднаков за сите или кога политиката ќе почне да се меша и да притиска врз судството, тогаш гледаме ерозија на општеството кое базира на правила, потенцира Самуел Жбогар.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ