• Latest

27 август: Камчев не спомнувал политичари, Законот за ЈО по скратена постапка, пожар, осуди, странски пари…

August 27, 2019
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина ја зграпчува руската нафта откако побарувачката од Индија се намалува по царините на Трамп

August 20, 2025

Во јуни исплатени 830.336.364 денари за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

27 август: Камчев не спомнувал политичари, Законот за ЈО по скратена постапка, пожар, осуди, странски пари…

Законот за јавно обвинителство, Рускоска пред Советот на Јавни обвинители, пожар на езерото „Малдост“, Велес, ЦИВИЛни активности...

August 27, 2019 16:41
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Закон за Јавно обвинителство

„Ако не се обезбеди двотретинско мнозинство за законот за обвинителство,  спас за СЈО ќе се бара преку измени на Законот за Совет на обвинители кој се носи со 61 глас“, најави министерката за правда, Рената Дескоска по завршување на собраниската седница каде се разгледуваше Законот за јавно обвинителство.

Собранието ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на Предлог-законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство. За предлогот гласаа 57 пратеници. Со ова почнува расправата за овој предлог закон во собраниските комисии.

По изгласувањето на одлуката Предлог-законот за јавно обвинителство да се носи по скратена постапка, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека во мандатот на Дескоска има најголем политички и судски скандал и побара нејзина оставка. Дескоска го отфрли барањето.

Седница на Советот на јавни обвинители за „Рекет“ и Катица Јанева

Во Советот на јавни обвинители денеска се одржа седница на која беше повикана шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, од која се очекуваше пред членовите на Советот да ги образложи причините зошто е осомничена специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во случајот „Рекет“.

„Јас ги презентирав доказите што досега ги имаме, искази на сведоци, записник од кривична пријава, снимените разговори… На сите прашања што произлегоа одговорив. Тие останаа и сами да извршат увид во предметот“, изјави Рускоска по нејзиното излегување од седницата на Советот.

На новинарско прашање дали има вистина во сè што се зборуваше во јавноста за тоа што содржи втората страница од исказот на Камчев меѓудругото и имиња на политичари инволвирани во случајот, Рускоска рече дека апсолутно станува збор за дезинформација од одредени медиуми.

Пожар во близина на велешкото езеро „Младост“

Доцна синоќа, околу 22:30 часот е изгаснат големиот шумски пожар над велешкото езеро „Младост“, во кој по 11 часа дивеење на огнената стихија од која постоеше опасност да се зафатат и околните населби, изгоре површина од 400 хектари од кои половина со борова шума и 200 хектари под сува трева. Според информацијата од Територијалната противпожарна единица Велес, во пожарот изгорела една свињарска фарма и една викендичка.

Експертите посочуваат дека последиците се големи и ќе треба да поминат многу години за боровата шума, која пред 50 години доброволно ја засадија велешани повторно да се ревитализира. Полицијата синоќа приведе четворица лица кои работеле со електричен алат под сомнение дека го предизвикале пожарот од искри на сува трева, кој брзо се прошири и зафати голема површина.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Промовиран научниот труд на академикот Таки Фити „Улогата на фискалната и на монетарната политика во стабилизацијата на економиите“

ЗНМ и СЕММ со осуда за непримерниот наслов „Зошто Владата на Заев се однесува “педерски“ кон Србија“ на ТВ Алфа, рекација има и од Владата

СОНК предупредува со штрајк за повисоки плати на 2 септември, министерот за образование и наука Арбер Адеми, смета дека нема причина.

ЦИВИЛни активности 

Тим на ЦИВИЛ денеска е во Гратско, Росоман, Кавадарци и Неготино, со цел промовирање на проектот „Зелена иднина“ во соработка со Хајнрик Бел, Сараево. На инфо-штандовите граѓан(к)ите имаа можност да ги изнесат своите ставови за социјална правда, зелените вредности и антинацонализмот.

Во своето излагање на неодамнешниот семинар на ЦИВИЛ „Транспарентност и одгворност во политичките процеси“, градоначалникот на Велес, Аце Коцевски зборуваше за партнерството и соработката на локалната самоуправа со граѓанските организации. Коцевски во првиот дел од своето излагање се фокусираше и на транспарентноста и одгворноста на Општината кон своите жители.

Мисла

Странски пари

Проблемот настанува кога ќе се обидеме да погледнеме зад тешките завеси на помошта од Москва. Што и кого финансира Кремљ? Тие финансираат, се разбира не јавно и отворено, медиумски проекти што промовираат омраза по сите основи што можете да ги замислите. Кремљ финансира ултранационализам и насилство. Лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата се нивните главни инструменти во ширењето на црната пропаганда, пишува Џабир Дерала.

Кој смее да каже „не“?

За изјавите на Бујар Османи, правосудството, предметите на СЈО, новата министерка за финансии, борбата против корупцијата…, зборува Џевдет Хајредини.

Биљана Јордановска


Останати автори:  Дехран Муратов, Џабир Дерала, Џевдет Хајредини, Маја Ивнаовска, Ангела Петровска

 

Print Friendly, PDF & Email
Share49Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ