• Latest

Странски пари

August 27, 2019

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Странски пари

Проблемот настанува кога ќе се обидеме да погледнеме зад тешките завеси на помошта од Москва. Што и кого финансира Кремљ? Тие финансираат, се разбира не јавно и отворено, медиумски проекти што промовираат омраза по сите основи што можете да ги замислите. Кремљ финансира ултранационализам и насилство. Лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата се нивните главни инструменти во ширењето на црната пропаганда.

August 27, 2019 12:06
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Да расчистиме неколку прашања околу странското финансирање проекти во нашата земја… Значи, постои сериозна разлика. Поддршката што нашата земја ја добива од ЕУ, САД и другите развиени демократии е во буџетските ставки за подобрување на животот, за јакнење на демократските институции, за владеење на правото, за интеграција на општеството, екологија, култура… Поддршката што доаѓа од Москва, никогаш не била, не е и нема да биде насочена кон тие области. Причината е едноставна – Во Русија нема демократија. Таму 20 години владее еден деспот, заедно со најбогатите, олигарсите на кои буквално никој ништо не им може. Таму се гине за слободно изречен или напишан збор. Таму се гладува. Таму владее страв и структурно насилство. Затоа.

Сите тие силни проруски тролови и тапоглавци, па нека се и со највисоки академски титули, никогаш не помислиле да емигрираат или да ги пратат своите деца да живеат во Русија. Сите се со очите кон Запад или веќе се таму со генерации. Зошто? Тоа никогаш не ми стана јасно. Има ли потреба да се разговара понатаму? Зошто младите Русинки и Руси сакаат да избегаат во земјите на Западот? Зошто Американците не аплицираат за руско државјанство?

Ајде да се вратиме на темата за финансирањето.

Има разлика меѓу јавното и тајното финансирање. Финансирањето што доаѓа од фондовите на западните земји завршува во македонските институции, правосудството, изборната администрација, Собранието, локалните самоуправи, армијата, полицијата, болниците, градинките, училиштата, универзитетите… Да не ја занемариме ни економската помош што не доаѓа само во форма на супер поволни кредити (не се однесува на комерцијалните кредити), туку и како милионски грантови за развојни и инфраструктурни проекти. Сета таа помош е јавна и подлежи на строги правила и процедури. И ја добивале сите владини гарнитури, од југословенско доба до денес. Како се употребени, тоа е друго прашање, секако важно, но не е релевантно за прашањата во контекст на денешното писание.

Во споредба со стотиците милиони долари што ги добива македонската држава, преку програмите за развој на институциите, општините и економијата во целост, средствата наменети за развој на медиумите и граѓанското општество се, реално, микроскопски. Може да дебатираме до бескрај, но невладиниот сектор е извонреден ресурс за општеството, државата и заедниците. Со сите опортунисти, фолиранти и други карактери што ги знаеме и што не ги знаеме. Дури и во економска смисла на зборот, НВО секторот е непризнаен, но сериозен работодавач кој овозможува влез на странска валута со која се плаќа домашна работна сила. И плаќа даноци и други давачки. Едуцира, информира, врши мониторинг, нуди експертиза и препораки… И тоа, не само што беспари ги нуди овие и многу други услуги на општеството, туку носи пари, реални пари од странство, не од дома, кои не мора да ги вратат македонските граѓанки и граѓани, како што е тоа случај со кредитите. Најважно од сѐ, не се наменети за поделби, мразење на комшијата, вооружување, насилство, шпионирање и предавство на државните интереси, туку за сѐ што е обратно на тоа: заедништво, мир, ненасилство…

Проблемот настанува кога ќе се обидеме да погледнеме зад тешките завеси на помошта од Москва. Што и кого финансира Кремљ? Тие финансираат, се разбира не јавно и отворено, медиумски проекти што промовираат омраза по сите основи што можете да ги замислите. Кремљ финансира ултранационализам и насилство. Лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата се нивните главни инструменти во ширењето на црната пропаганда.

Финансираат невладини организации и политички партии што ги разјадуваат заедниците од внатре, ги зомбифицираат младите и ги ставаат под контрола на тајни центри на моќта. Врбуваат професори, верски лидери, уметници, криминалци, новинари… Не е важен профилот, важна е мисијата… Не се важни моралните и човечките принципи, важно е да се биде дел од организам што се храни од сопствената болест. Нивна храна се омразата и стравот, стравот и омразата… Некои од жртвите на пропагандата не се ни свесни или не сакаат да бидат свесни дека, всушност, работат директно против македонските стратешки интереси, против државата…

Има разлика, нели?

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share37TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ