поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Само како обид за релативизирање на овие сериозни настани, може да се толкува кога г.Жбогар нив ги споредува со некое реалити шоу.
*
Премногу наивно е да се очекува да се сложат да продолжи со работа СЈО, тие кои отсекогаш биле против тоа и да почне да работи.
*
Зошто надлежните истражни органи во Тетово после месец дена уште чекаат некој да ги охрабри за да откријат кој на свадба пред стотини луѓе со огнено оружје рани двајца млади?
*
Нема основа оптимизмот на Заев дека во блиска иднина е можно, без помош од надвор, да се создадат услови правото да владее подеднакво за сите.
Доказ за тоа се настаните што секој ден пред наши очи се случуваат.
*
Амбасадорот на Велика Британија во Приштина, О’Конел, ги советува избирачите дека не треба да гласаат за политичари кои краделе и вршеле кривични дела само за тоа што даваат патриотски изјави.
Дотолку повеќе има потреба и неговиот колега во Скопје пред изборите на ист начин да ги советува и Албанците во СРМ.
*
Како најефикасен инструмент за релаксирање на меѓуетничките односи и во РМ и во СРМ, се покажаа тендерите.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.