• Latest

3 септември: пратеникот хакер, застарена „Ликвидација“, прогрес и реакција, ЦИВИЛ за зелена иднина…

September 3, 2019
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина ја зграпчува руската нафта откако побарувачката од Индија се намалува по царините на Трамп

August 20, 2025

Во јуни исплатени 830.336.364 денари за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

3 септември: пратеникот хакер, застарена „Ликвидација“, прогрес и реакција, ЦИВИЛ за зелена иднина…

September 3, 2019 15:45
in ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: ПОРАНЕШЕН ПРАТЕНИК ОСОМНИЧЕН ЗА ОШТЕТУВАЊЕ И НЕОВЛАСТЕНО НАВЛЕГУВАЊЕ ВО КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМ

Поранешниот пратеник од редовите на НСДП Љубомир Јосифовски синоќа бил приведен на распит во полициската станица Беко во Скопје.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=RDahUe3RW2c[/embedyt]

Јосифовски се сомничи за неовластено влегување во комјутерскиот систем на Централниот регистар.

Централниот регистар на Република Северна Македонија потврдува дека е извршен упад во компјутерскиот систем и потенцира дека при упадот воопшто не се нарушени состојбата и интегритетот на податоците во сите регистри.

По упадот, информираат од Централниот регистар, веднаш е поднесена пријава до Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика.

ШЕКЕРИНСКА: ПОСТИГНАВМЕ БРЗ ПРОГРЕС, СЕГА Е ВРЕМЕ ЕУ ДА ПОКАЖЕ БРЗА РЕАКЦИЈА

Само пред нешто повеќе од две години, мојата земја беше извор на загриженост кај повеќето сојузници во НАТО и Европската Унија. Се боревме со тешка политичка криза, со пад на демократијата, значителен пад во слободата на медиумите, па дури и со агресивна политичка конфронтација. Сепак, потребна беше нова влада, огромна политичка одлучност, храброст и способност за донесување одлуки за да се променат работите, и да се очекуваат добри вест на самитот во Лондон, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска на панелот насловен „Што следува? – поглед на евроатлантската безбедност, 70 години по Вашингтонскиот договор“, што се одржа во рамки на Бледскиот стратегиски форум.

НА КЕЖАРОВСКИ НЕМА ДА МУ СЕ СУДИ ЗА „ЛИКВИДАЦИЈА“ ПОРАДИ ЗАСТАРЕНОСТ НА ДЕЛОТО

На новинарот Томислав Кежаровски нема да му се суди за случајот „Ликвидација“, поради застарување на кривичното дело.

Во 2013 година обвинетиот Валентин Зафиров доби казна од пет и пол години за неовластено оддавање информации и податоци за сведоците и противправно посредување, а новинарот Томислав Кежаровски – четири и пол години затвор, бидејќи според пресудата тој во 2008 година во два последователни броеви на ревијата „Репортер 92“ го оддал идентитетот на заштитениот сведок во овој судски предмет.

„Во 2013 година ме осудија на 4,5 години затвор, во 2015 Апелација кажа „само“ 2 години… А денеска обвинителството „на Рускоска“ ме осуди на казна – ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР…“, вака новинарот Кежаровски реагираше на денешната одлука на обвинителството.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Од денеска на настава сите, заврши еднодневниот штрајк

Седницата за разрешување на Јанева закажана за четврток

МТСП: На располагање 10,8 милиони евра, ги повикуваме општините да развиваат социјални услуги

Одбраната бара одложување на „Траекторија“ до разјаснување на ситуацијата со Јанева. Следното рочиште е закажано за 18 септември

Адеми: Во иднина заеднички ќе одлучуваме за зголемување на платите на просветните работници

Договор за Законот за ЈО се уште нема, консултациите продолжуваат

ЦИВИЛни АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ НА ТЕРЕН

Во претпладневните часови, денеска, тим на ЦИВИЛ ги посети општините Валандово и Струмица, каде со граѓанките и граѓаните зборуваше за зелените вредности, социјалната правда и антинационалзмот.

По овие посети во 13 часот во општинската сала на Општина Штип се одржа работилницата „Зелена иднина“ од истоимениот проект на ЦИВИЛ, на која ќе учествуваа претставници на локалната самоуправа, невладиниот сектор, како и сите заинтересирани активни граѓанки и граѓани.

ЦИВИЛ: Општеството и државата имаат должност да ги насочат младите кон меѓусебна почит, а не кон омраза и насилство!

На самиот старт на новата учебна година, ЦИВИЛ ја потсетува јавноста дека децата и младите имаат право да се развиваат во општество и држава во кои се негуваат меѓусебната почит, да научат дека животот нема цена, а родителите, институциите, медиумите, јавните личности, сите заедно имаат обврска, со сопствените постапки, секојдневно да им даваат позитивни примери.

„Во општество кое е поделено по сите можни основни, мора да им покажеме на младите дека само заеднички и сплотено можеме да ги преминеме сите животни бариери и да ги постигнеме посакуваните цели“, стои во соопштението на ЦИВИЛ.

М. Ивановска

 

Print Friendly, PDF & Email
Share43Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ