• Latest

ЦИВИЛ со „Зелена иднина“ во Штип

September 2, 2019
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

ЦИВИЛ со „Зелена иднина“ во Штип

ЦИВИЛ организира работилница на тема „Зелена иднина“ во Штип, на која ќе се говори за зелените вредности... Неизоставен дел од зелените вредности се човековите права и слободи, еднаквоста и инклузивноста. Во тој контекст, а особено во контекст на земјите од Западен Балкан, зелените вредности се неделиви и во нивни рамки секако се подразбираат и социјалната правда и антинационализмот како предуслови за развој на слободно и демократско општество и градење на одржлива иднина.

September 2, 2019 16:49
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ организира работилница со наслов “Зелена иднина“, посветена на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, утре во општинската сала во Штип, со почеток во 13 часот. Проектниот тим на ЦИВИЛ одговара, зошто е важно да се биде дел од оваа работилница?

Изминатите години во Република Северна Македонија рапидно се зголемува бројот на невладини организации кои се занимаваат со овие теми. Во предизборните кампањи на политичките партии сѐ почесто се споменуваат проблемите со социјалната (не)правда, зелените вредности наспроти катастрофата од загадување која ни се случува, во јавноста често се слушаат декларативните заложби за едно општество за сите, но реалноста е сосема поинаква. Кои сме, каде сме, што правиме и кои се резултатите? Ова се дел од прашањата коишто ќе се обидеме да ги одговориме на оваа работилница на која навистина ќе има што да се слушне, а и што да се каже.

Доколку навистина сакаме да преземеме конкретни чекори кон подобрување на состојбите во нашето општество и држава, редно време е и конкретно да дискутираме, без заобиколување!

Работилницата на ЦИВИЛ е можност за сите општествено активни граѓанки и граѓани без разлика од каде доаѓаат, дали се дел од невладиниот сектор, или пак дел од некоја партија, да ги изнесат своите ставови и предлози.

ЦИВИЛ веќе спроведува активности за формирање на неформална граѓанска иницијатива поврзана со темите релевантни на проектот, што ќе биде уште една можност за разговор и почеток на нова или зајакнување на постојната соработка меѓу различните засегнати страни и структурите во кои се донесуваат одлуки на локално и национално ниво.

Брошура на ЦИВИЛ за зелените вредности. Фото: М. Ивановска/ЦИВИЛ

Во проектните документи и во поканата од организаторите се вели:

„Зелена иднина“ е проект за поддршка на застапување и јакнење на јавната свест за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.

На Република Северна Македонија ѝ е потребна сеопфатна граѓанска, политичка и институционална акција за промоција, едукација и практикување на зелените вредности што е составен дел од глобалните трендови во политиката, економијата, образованието и граѓанското организирање во најширока смисла на зборот. Зелените вредности секако подразбираат грижа за природните ресурси и налагаат трансформација на потрошувачкото во одржливо општество, со нови концепти на економијата, а особено на енергетиката.

Неизоставен дел од зелените вредности се човековите права и слободи, еднаквоста и инклузивноста. Во тој контекст, а особено во контекст на земјите од Западен Балкан, зелените вредности се неделиви и во нивни рамки секако се подразбираат и социјалната правда и антинационализмот како предуслови за развој на слободно и демократско општество и градење на одржлива иднина.

На работилницата ќе биде презентиран проектот на ЦИВИЛ кој се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија. Во работниот дел на овој настан, ќе се отвори дискусија за можностите . Понатаму, посебно внимание ќе се посвети на зелените иницијативи и стратегии, како и на прашањата поврзани со промоцијата и практикувањето на европските вредности и зелените алтернативи, во пресрет на процесите за интеграција на Македонија во ЕУ.

ЦИВИЛ на овие работилници ги поканува сите заинтересирани граѓански организации, зелените иницијативи, политичките партии, медиумите, активистите и заинтересираните граѓанки и граѓани.

Агендата на двочасовниот настан на самиот почеток предвидува термин од 15 минути за изјави за медиумите, а веднаш потоа започнуваат сесии на кои не е дозволено видео и аудио снимање. По презентацијата на проектот „Зелена иднина“ и на поврзаноста меѓу европските и зелените вредности, социјалната и еколошката правда, ќе се отвори дискусија на темите: „Зелени вредности на локално и централно ниво: состојби, предизвици и перспективи“ и „Граѓанското учество во општествените процеси за поддршка на демократските реформи, зелените алтернативи и антинационализмот“.

Како и секогаш, тимот на ЦИВИЛ ќе биде подготвен за интервенции во агендата, зависно од предлозите на учесниците на работилницата. За време на паузите и по настанот, тимот за медиумска продукција на ЦИВИЛ, ќе побара изјави од заинтересираните учесници на темите што ќе се обработуваат на работилницата.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

Share20TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ