• Latest

13 септември: СЈО се „транспортира“ во ЈО, дезинформации, приведување, разрешување…

September 13, 2019
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

13 септември: СЈО се „транспортира“ во ЈО, дезинформации, приведување, разрешување…

Јовески: Ќе ги преземеме сите предмети на СЈО, „бомбите“ ќе се користат како докази... Собранието утре во 13 часот ќе ја разрешува Катица Јанева... Заев го демантира Милошоски за притворот на Јанева: „Нека му е на чест“... Голем интерес за конференцијата на ЦИВИЛ за изборни реформи, има само 120 места...

September 13, 2019 16:38
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Јовески: Ќе ги преземеме сите предмети на СЈО, „бомбите“ ќе се користат како докази

Изутрината е почнат процесот на преземање на предметите од надлежност на СЈО во надлежност на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

„Ние ги преземаме предметите кои се во судска постапка, ги преземаме предметите кои се во фаза на истрага и предистрага. Познато е дека има веќе став на судовите дека тие докази ги прифаќаат како докази и ние ќе ги користиме натаму во постапката, но сепак разбирам дека одбраната може да има и поинакво гледање на нивната валидност и затоа судовите во конкретниот процес ќе носат соодветни одлуки“, истакна обвинителот Љубомир Јовески.

Државниот јавен обвинител очекува Советот на јавни обвинители во најскоро време да го реши статусот на обвинителите од СЈО.

Собранието утре во 13 часот ќе ја разрешува Катица Јанева

Претседателот на Сoбранието, Талат Џафери, за утре ја закажа пленарната седница со единствена точка на дневен ред – разрешување на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Седницата ќе почне во 13 часот.

Заев го демантира Милошоски за притворот на Јанева: „Нека му е на чест“

Премиерот Зоран Заев денеска ги демантираше вчерашните обвинувања од пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ дека на лидерската средба кажал оти специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за 10 дена ќе биде пуштена во домашен притвор.

„Мојот коментар беше оти од адвокатката Ирена Фрчковска сум информиран дека е логично Јанева да бара да ги достави предметите заради одговорност, но веројатно и жената да си бара олеснителни мерки во истрагата заради невлијание на сведоците, невлијание на предметите.

Агенција за обезбедување ќе ги чува најкритичните здравствени установи

Приватна агенција за обезбедување во критичните здравствени установи, мобилни полициски патроли пред старата Градска болница, се дел од договорените мерки утрово на состанокот меѓу министрите за здравство и за внатрешни работи, Венко Филипче и Оливер Спасовски и претставници на здравствените лица, по неколкуте напади врз лекари.

Приведен е Љупчо Палевски во Белград

Љупчо Палевски – Палчо е приведен од српската полиција на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ и во моментов се наоѓа во екстрадициски притвор.

Партијата на Солза Грчева, „Глас за Македонија“ се оградија од Палевски и нагласија дека нема да застанат во негова одбрана, ако се докаже дека е крив.

ФЛЕШ ВЕСТИ

СДСМ: Пропадна планот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за уништување на предметите на СЈО

Јанушев: Незаконското и насилно преземање предмети од СЈО ќе креира анархија

Од 2,5 до 5 000 евра ќе добијат 16 општини за имплементација на Стратегијата за Ромите

Заев: Како земја аспирант за ЕУ мора сериозно да се бориме против сивата економија

Манчевски: Новинарите се новите борци за слобода и заштитен механизам

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Голем интерес за конференцијата на ЦИВИЛ за изборни реформи, има само 120 места

Лидерите на политичките партии со по седум минути, а нивните претставнички и претставници, доколку лидерите се спречени, со по три минути, ќе настапат на големата Конференција за изборни реформи: Перспективите на македонските избори што ја организира ЦИВИЛ на 25 септември, во хотел Континентал, со почеток во 12 часот.

На Конференцијата ќе се говори за потребата од реформи во изборниот систем во целост, а поконкретно ќе се отворат темите за Изборниот законик, изборниот модел, Избирачкиот список, политичкото финансирање и медиумите и изборите. Учесничките и учесниците на Конференцијата ќе се обидат да дадат одговори на прашањата дали, како и во кој временски рок се возможни реформи во изборниот систем. Деталната програма, како и листата на говорници ќе биде објавена на 18 септември.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ