пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Хероите и жртвите на нашите револуции
Заслужуваат посебна чест!
А не минута почит или бар минута молк,
досаден симболичен гест!
Убиени, затворени, исплукани,
забранети, растргнати, исклоцани
И уште не умираат, зборуваат, пишуваат
Со идеали не трујат, замараат и попуваат?
Со образ и збор сакаат
армија безлични да победуваат?
Немајте милост, хероите се живи!
Џелатите нека станат жртви,
питомите прогласете ги диви!
Не ли умираат од еднаш..убијте ги двапати!
Трипати, десетпати..колку што треба!
Се додека дишат, така им треба!
Секој ден на обвинителна клупа, на тест!
Спружете ги на насловни, правете од нив вест!
Мртов херој – добар херој!
Мајки, шајки, пцовки, лаги и клетви рој!
Сите за плукање во строј!
И ако пак не умрат…Закопајте ги живи!
Чепкајте им најмили! Удрете по нив со сите сили!
Оти за тоа што (не) сте вие,
Што живеете, а не сте живи
за сите порази на смртта
тие и нивните идеали се криви!
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.