• Latest

Дескоска најави измени на Кривичниот законик за кривични дела поврзани со тортура

October 18, 2019
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дескоска најави измени на Кривичниот законик за кривични дела поврзани со тортура

October 18, 2019 13:41
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за правда Рената Дескоска се обрати на меѓународната конференција посветена на справувањето со несоодветното постапување на полицијата содржани во пресудите на Европскиот суд за човекови права и при тоа најави измени на Кривичниот законик за кривични дела поврзани со тортура.

Како што соопшти Министерството за правда, во обраќањето Дескоска истакна дека и нашата држава имала предмети во кои Судот во Стразбур утврдил повреда на Конвенцијата во однос на постапувањето на полициските службеници. Покрај Судот во Стразбур, оваа состојба во нашата држава, рече, е констатирана и во извештаите за ситуацијата во однос на човековите права на Комитетот против тортура, ОБСЕ, Амнести Интернешнал, и други релевантни извештаи.

Како реакција на наведените пресуди и извештаи, Дескоска истакна дека изминатиот период се преземени повеќе мерки за менување на состојбите во оваа област. Со цел воспоставување независен надворешен механизам за контрола над работата на вработените во Министерството за внатрешни работи со полициски овластувања и затворската полицијата, беа направени измени и дополнувања на Законот за Јавното обвинителство, Законот за полицијата и Законот за извршување на санкциите, додека во рамките на граѓанската контрола беа извршени измени и дополнувања на законот за Народниот правобранител.

-Со предложените измени се даде основа за формирање посебно одделение во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со специјализирани јавни обвинители кои постапуваат по овој вид предмети, потенцираше министерката за правда.

Таа информираше дека наведените законски одредби веќе успешно се применуваат во практиката и формираното Одделение во рамките на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција постапува по повеќе вакви предмети.

Дескоска истакна дека значајна новина е дека по овие предмети повеќе не постапува внатрешната контрола во рамките на Министерството за внатрешни работи, туку истрагата ја води единствено јавниот обвинител и истражителите во јавното обвинителство. Оваа надлежност ја следи и судството, со пропишаната надлежност за постапување по овие предмети на Одделението кое суди за дела од организиран криминал и корупција во рамките на Основниот кривичен суд во Скопје.

Министерката се осврна, се посочува, и на измените на Законот за Народен правобраниетел со кои е предвидено дека Народниот правобранител заедно со претставници на невладини организации презема дејства и мерки за обезбедување, поддршка и заштита на жртвите, нивните права и презентирање на нивните интереси во сите постапки и случаи. Таа информираше дека како дел од реформската агенда на Министерството за правда во иднина ќе бидат подготвени измени и дополнувања на Кривичниот законик во однос на кривичните дела поврзани со тортура.

-Овие измени ќе содржат целосно редефинирање на двата члена од Кривичниот законик – Мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување и Малтретирање во вршење на службата. Исто така, овој предлог ќе содржи и одредба согласно која предлагаме за наведените две кривични дела да нема застарување, и тоа како за кривичното гонење, така и за извршувањето на казната, истакна Дескоска, стои во соопштението. /МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ