• Latest

Вакуум за правдата

October 22, 2019

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Вакуум за правдата

Ембаргото од францускиот претседател, на актерите во деценискиот и во актуелниот криминал, им дојде како кец на десетка

October 22, 2019 10:55
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

од корнер ЗОРАН ИВАНОВ

Не`излажаа, не`изиграа, не`извозија као зелени мајмуни. Водствата на СДСМ, на ДУИ, на ВМРО-ДПМНЕ како да му коленичеле на Макрон да стави вето за Македонија. Тој нам ни ги урна надежите за побрза Европа. Ним им направи алиби за амнестија на сите криминали.

Сега сета, партиска, политичка и институционална енергија ќе се врти околу полугодишниот празен од. Ќе се препелка во вакуумот креиран за потребите на предвремените парламентарни. Во едени вакви околности кога правдата на носилка е изнесена од теренот, кога е исфрлена од фокусот на јавноста, апатијата надвиснува како доминантна општественна психолошка состојба.

Ова со избори само шест месеци пред редовните, практично само четири поради летните јули и август, е манипулација од супер висока категорија. Непробоен оклоп  врз сите истраги, обвиненија, судења. Генијална играрија со која по којзнае кој пат ја збришаа Шарената, ја нагазија правдата, го хипнотизираа немирот. Отидоа во неповрат и сета граѓанска енергија и сите надежи за поправдена и за поспастрена држава.

И сега, што тоа добивме од договорот во претседателскиот кабинет?

Проект на здружените партиски сили за амнестија на сите криминали. Лимбо состојба во која кој украл, украл. Финиш на акцијата што ја почнаа со уривањето на Специјалното на Катица, што го продолжија со блокадата на законот за обвинителството и што, еве, привршува со паркирање на Основното на Вилма.

Но добро, ајде нека не е така. Еве, до изборите, партиите нека си ги бркаат кампањите.  И, до април, истрагите нека си ги бркаат криминалците. Во престојниот полугодишен предизборен интервал на ограничени политички влијанија, еве шанса судството да си ја турка својата работа – и онаа од бомбите и оваа од рекетите. Но, тоа нема да се случи. Па на денот на изборите, гласачите ќе си ги бараат со боринче.

Ембаргото од францускиот претседател, на актерите во деценискиот и во актуелниот криминал, им дојде како кец на десетка. Во предизборната маглина ќе посипат пепел врз сите бомби, врз сите рекети, врз сите лоповлуци. Ќе ги замачкаат и ќе ги  заташкаат сите обвиненија.

На апашите Макрон им создаде супер амбиент, на македонската правда и`направи супер вакуум.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ