• Latest

24 октомври: Мијалков е виновен, системот и корупцијата, НАТО ратификација, Зелените доаѓаат…

October 24, 2019
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 октомври: Мијалков е виновен, системот и корупцијата, НАТО ратификација, Зелените доаѓаат…

Заев: Мијалков и тоа како е виновен, но лошотијата, злобата доаѓа од конзументот, Запалено возилото на поранешниот претседател на ОО СДСМ – Штип, Кока-Кола, Нестле и Пепси најголеми загадувачи со пластика...

October 24, 2019 17:10
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Заев: Мијалков и тоа како е виновен, но лошотијата, злобата доаѓа од конзументот

Премиерот Зоран Заев денеска по сведочењето во Основниот кривичен суд во Скопје за незаконското следење на комуникациите во случајот „Таргет – Тврдина“ изјави дека нема ништо спорно во сведочењето на Зоран Верушевски. Тој со него е во секојдневна комуникација како негов советник за национална безбедност. Вели, Сашо Мијалков и тоа како е виновен за прислушувањето, како тогашен прв човек на веќе згаснатата Управа за безбедност и контраразузнавање.

„Сашо Мијалков и те како е виновен како директор на УБК, но лошотијата, злобата доаѓа од тој што конзумирал. Чесен политичар го спречува тоа ако го увиди, не го конзумира“, изјави Заев по сведочењето.

Заев истакна дека верува оти и на Мијалков и на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и на Никола Груевски, кој е во бегство, но и на сите граѓани во земјава им е јасно како бел ден кој прислушувал и кој е одговорен за незаконското прислушување.

Непотизам, кронизам и клиентелизам при вработување: Системот продуцира корупција, потребна е сериозна имплементација на законите

Во системот имаме проблем, во законите со текот на годините секогаш се внимавало да се остави простор за евентуална потреба на оние кои се на власт. И покрај законите имаме продлабочено делување во таа насока преку подзаконските акти, кои ги носат самите министри, а се одобрувани од страна на Министерството за информатичко општество. Тоа укажува дека затајуваат и контролните механизми и инспекциските служби, а има проблеми и во назначувањето во инспекторатите.

Ова е заедничкиот заклучок на Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси Интернешнл – Македонија и Софка Пејовска – Дојчиновска, член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), кои денеска се обратија на презентацијата на проектот „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“.

НАТО

Парлементот на Исланд денеска го ратификуваше протоколот за членството во НАТО за Северна Македонија. Со оваа ратификација, 28 од 29 земји членки ја завршиле ратификацијата за НАТО или таа е во крајна фаза, и останува постапката да почне уште во Шпанија каде зависи од завршувањето на закажаните парламентарни избори на 10 ноември.

Во завршна фаза постапката за ратификација на македонското членство е уште во Велика Британија, Франција, Холандија и Италија.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Наредниов викенд почнува зимското сметање на времето што значи дека стрелките на часовникот во сабота кон недела ќе се вратат еден час наназад. Зимското сметање почнува во 03 часот по полноќ кога наместо три часот ќе биде два часот по полноќ.

Запалено возилото на поранешниот претседател на ОО СДСМ – Штип

Северна Македонија на 17 место во регионот според условите за водење бизнис на ранг листата на Светска банка

МТСП: 421 лице добива неповратни средства за самовработување

Кока-Кола, Нестле и Пепси најголеми загадувачи со пластика

ЦИВИЛНИ ВЕСТИ

Граѓански објектив во Прилеп, за транспарентни и одговорни политички процеси

По првиот регионален семинар „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“ кој се одржа во Штип, минатиот викенд ЦИВИЛ ја организираше и првата регионална работилница, овој пат во Прилеп, на која присуствуваа учесници од општините Прилеп, Битола и Долнени.

На оваа работилница учесниците имаа можност да ги слушнат искуствата и препораките на тимот на ЦИВИЛ, но и преку практични вежби и интерактивен дијалог да се запознаат со основите на новинарството, граѓанскиот активизам, човековите права и слободи и, најважно, со граѓанското учество во донесувањето одлуки на локално и национално ниво.

Зелените доаѓаат! – конференција на ЦИВИЛ за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот

Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци, Арта Точи, пратеничка во Собранието на РСМ, Арианит Џафери, Екогерила, Ванчо Орданоски, ИТ експерт, Даница Павловска – Циги, експертка за архитектура и просторно планирање, Џабир Дерала, Диана Тахири и Биљана Јордановска од ЦИВИЛ се говорници во првиот дел од конференцијата кои се потврдени до сега како учесници на Конференцијата „Зелените доаѓаат“.

Конференцијата ќе се одржи во петок, на 25 октомври во хотел „Порта“ (Аеродром) од 12 до 14 часот, а поканети се граѓански организации и иницијативи, политички партии, институции на национално и локално ниво, медиуми и сите заинтересирани граѓанки и граѓани.

МИСЛА

„Се вели дека еден великан од историјата си го загубил новчаникот на пазар и луѓето веднаш поитале да го тешат колнејќи го крадецот и посакувајќи му жив да не ја дочека ноќта. Тоа го говореле бидејќи сакале да го одоброволат великанот, но, тој едноставно ја занемарил загубата со зборовите: „Боже, ако тоа го сторил затоа што сакал, стори со тие пари да отпочне работа која ќе го отргне од крадењето, ако пак тоа го сторил затоа што бил гладен, стори тоа да му биде последната глад во неговиот живот“! Таков е моралот на великаните“, пишува Хусеин Адеми во својата колумна, „Великани и џуџиња“.

Лаги, неодговорност, незрелост и други политички болести

„Гласно и безброј пати изговорена лага, на крајот, останува само ЛАГА. Без оглед на тоа дали некој е во опозиција или не е, одговорен е пред јавноста и мора да одговори на сите прашања јавно поставени. Еден од ликовите на чии раменици се наталожија премногу неодговорени прашања е формалниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, пишува Џабир Дерала.

„Па да, неспорно. Воопшто неспорно. На граѓаните навистина им е премногу од криминал, од корупција, од рекет. Но ви се верува ли дека цитатот се зборови на Христијан Мицкоски. На актуелниот претседател на ВМРO-ДПМНЕ?“, од корнер Зоран Иванов за Парада од амнезии и лаги.

Биљана Јордановска

во сораобтка со Маја Ивановска, Дехран Муратов, Ангела Петровска, Зоран Иванов, Хусеин Адеми, Џабир Дерала

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ