Поранешната шефица на СЈО и обвинета во случајот „Рекет“, Катица Јанева, до собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата побарала апанажа, рече на почетокот на седницата претседателот на комисијата, Илија Димовски.
Димовски рече дека Јанева го доставила барањето преку нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска.
Станува збор за едногодишна исплата којашто им се дава на службениците по истекот на нивниот мандат.
Димовски рече дека на наредната седница членовите на Комисијата ќе треба да се произнесат за апанажата на Јанева.
Јанева бара апанажа врз основа на законските можности кои не исклучуваат и не забрануваат притворени или разрешени функционери да си бараат апанажа.
Јанева е обвинета во случајот Рекет заедно со Бојан Јовановски и Зоран Милевски.