• Latest

13 ноември: Груевски ослободен за „Траекторија“, Рамчиловиќ нов потпретседател на Собранието, поддршка за преговорите со ЕУ…

November 13, 2019

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Трајковски: Денеска Албанија е земја кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија – Македонија стана едно бесперспективно и тажно место за живеење

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

13 ноември: Груевски ослободен за „Траекторија“, Рамчиловиќ нов потпретседател на Собранието, поддршка за преговорите со ЕУ…

November 13, 2019 16:04
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Груевски ослободен за „Траекторија“

Кривичниот суд донесе решение и ја запре постапката против пребеганиот поранешен премиер, Никола Груевски, за случајот „Траекторија“, за изградба на кинеските автопатишта во земјава. Ова следува откако адвокатот кој по службена должност му беше oдреден на Груевски, неоадма доставил до судот барање да се констатира застареност на случајот со оглед на тоа што се истечени шест години од времето кога е сторено делото според обвинението на СЈО, а правосилна пресуда немаше. Обвинителката Лиле Стефанова не сакаше да ја коментира одлуката што Груевски нема да одговара.

Рамчиловиќ избран за нов потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“ и 12 против, пратениците од Собранието го избраа незавинсиот пратеник Зеќир Рамчиловиќ за нов потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија. Тој доаѓа на местото на Весел Мемеди, а беше дел од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Мас: Никој во ЕУ не ја доведува во прашање пристапната перспектива на Северна Македонија

– Никој во Европската унија не ја доведува во прашање пристапната перспектива на Северна Македонија, порача денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас на прес-конференцијата со неговиот домаќин, шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Заев утре во Солун на средба со Мицотакис и претставници на грчки компании

Средби со голем број деловни луѓе од компании кои сериозно работат со нашите институции, најави денеска премиерот Зоран Заев за време на неговата посета на Солун, каде ќе се сретне и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Бројот на административци намален од 165 на нешто под 140 илјади

Премиерот Зоран Заев во врска со огласите за вработување во државните институции денеска изјави дека секогаш при крајот на годината има примање и трансформирање на работниот однос и оти најчесто се пополнуваат испразнетите работни места.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Предметот „Рекет“ во кој  се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски-Кичеец ќе го води судијката Васка Николовска – Масевска. Првото рочиште е закажано за 3 декември 2019 година во 10 часот.

Три илјади денари младински додаток ќе им се исплаќа на лица до 23 години со завршено најмалку средно образование и кои се во работен однос со задолжително социјално осигурување во производствена дејност. Ова го предвидува Предлог-законот за младински додаток кој беше усвоен од Владата, а сега ќе биде доставен на усвојување во Собранието.

Од јануари 2020 година пензионерите ќе добијат покачени пензии за 700 денари. Со ова последно зголемување просечната пензија ќе изнесува 15.500 денари. Покачувањето, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, не е ад хок решение, туку резултат на тоа што минатата година просечната плата се зголемила за над пет отсто, а минималната плата за над 15 проценти.

Владата со 50.000.000 денари ќе ги поддржи печатените медиуми.

Со повеќе активности денеска ќе се одбележи 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје. По тој повод, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ќе се сретне со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ. Средбата ќе се одржи во кабинетот на градоначалникот.

СКЕН – ПОЛИТИЧКИ ВИДЕО МАГАЗИН: ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ: БРЗИ, НО ОДЛОЖЕНИ!

скенира: ЏАБИР ДЕРАЛА

Ситуацијата во Република Северна Македонија е редовна. Тоа подразбира дека редовно имаме вонредни ситуации. Една од тие вонредни ситуации која редовно се повторува, се разбира, е македонскиот специјалитет – предвремени парламентарни избори.

МИСЛА

Скандалот наречен македонско образование

пишува: Сашо Ордановски

Мислам дека е првокласен општествен скандал што луѓето од економските сектори во владата и оние во самото стопанство постојано говорат за погрешниот образовен систем којшто се разви во државава во последните дваесетина години, а надлежното Министерство за образование и наука, како и огромната образовна фела во државава никако не успева да се мобилизира за да ја обмисли и конечно да ја покрене егзистенцијалната општествена образовна реформа!

Не сме далеку ни од неопходноста да се најмат меѓународни професионални фирми за барање работна рака низ светот – од Кина до Африка и арапските земји. Ама кај нас за десет влезени мигранти – паѓа владата! Овде ни келнери не сакаме ако немаат „исправно“ потекло. Што остана за анестезиолози, индустриски технолози или заварувачи… Ќе ни ја загрозат „семката“, којашто ние само што самите не сме ја пресушиле!

Дехран Муратов во соработка со: Диана Тахири, Џабир Дерала, Ангела Петровска, Маја Ивановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ