• Latest

КРИК 04: Човек без својства – политики на маргините

November 22, 2019
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

КРИК 04: Човек без својства – политики на маргините

November 22, 2019 10:44
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Оваа година „КРИК – фестивал за критичка култура“ се одвива како процес низ неколку етапи во годината.  Четвртото издание на фестивалот е на тема „Човек без својства – политики на маргините“ и е посветен на разговор, критичко промислување и анализа на политичкиот, економскиот и, пред сѐ уметничкиот синдром , а тоа е синдромот на човекот без својства кој е во постојана залудна потрага по изгубеното време.

„Човекот без својства е човек на неприпаѓање, своевиден анархист, кој е во постојана потрага по методологијата со која практиките на неприпаѓање ќе ги вообличи во еманципаторски процеси. Бидејќи практиките на неприпаѓање водат во еманципација. Тој се обврзува кон процесите и кон изнаоѓање на вертикали на содржината преку која ќе го артикулира отпорот.

Во таа потрага по загубените својства и по наметнатите заедници, она што е е клучно е отсуството на стабилноста. Уметникот, граѓанинот, политичарот ќе мораат да прифатат – стабилност не постои. Постои непрекинато создавање на критички перспективи, кои се единствениот начин да се артикулира слободата во концентрични кругови на единството на различностите. Ние кои сакаме да раскрстиме со историјата на угнетувачките и понижувачките модели на припаѓање, копнеејќи по недопрените полиња на новите потенцијали на политичката имагинација, мора да ја присвоиме токму неа, нашата позиција на талкачи – позиција на постојано разликување од познатите својства на сегашните општествени, културни и политички коњуктури. Да се биде без својства значи можност да се мисли суштински новата политика, која не е посредувана од својствата на „овој свет“ и која постојано се обидува да се преобмисли и пресоздаде себеси на самите маргини и, преку тоа, да генерира уште повеќе можности за бегство од кој било збир на својства, кои се обидуваат да се воспостават како авторитет во однос на мислата и животот“, се вели во најавата на Крик – фестивалот.

 Според агендата, вечерва со почеток во 19:30 часот, во Чифте амам, Национална галерија, започнува програмата од вториот дел на КРИК 04, а гостинка е Ариане Шпаниер, со своето чудесно издавачко и дизајнерско искуство, благодарение на соработката и долгогодишното органско партнерство со press to exit project space.

До крајот на ова, четврто издание на Фестивалот ќе гостуваат и познатите филозофи и теоретичари Борис Буден, Бранислав Димитријевиќ и Стефан Новотни, како и домашни учесници.

 Во првиот дел на фестивалот кој се одржа во текот на јуни, учесници беа: Нејтан Браун, професор од Канада,  Петар Милат, филозоф од Хрватска,  Арон Шустер, американски писател и филозоф, Лина Гонан, филозоф и активистка од Хрватска, Станимир Панајотов, теоретичар од Бугарија.  Во рамките на годинешното издание на КРИК, во септември се одржа и работилница за анализа на дискурс наменета за млади истражувачи со предавачите Мира Беќар, професор по применета лингвистика од Скопје и Викторија Костадинова, која предава на Универзитетот во Амстердам.  

КРИК – Фестивал за критичка култура се реализира во соработка со: Мутлимедијалниот Институт (MI2), од Загреб, kuda.org од Нови Сад, Berliner Gazette од Берлин, платформата Светот околу нас – критиката во регионот, организирана од партнерските организации kulturpunkt.hr и Kurziv (Хрватска), SEECult (Србија), SCCA – Љубљана (Словенија).

Контрапункт и КРИК – фестивал за критичка култура се поддржани од: Гете-институт Скопје, Министерство за култура на Република Северна Македонија, Фондацијата Култура нова од Хрватска и Креативна Европа 2014 – 2020 и Град Скопје.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ