• Latest

Буџетот за 2020. за опозицијата е предизборен популизам, за власта реален и развоен

November 25, 2019
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Буџетот за 2020. за опозицијата е предизборен популизам, за власта реален и развоен

November 25, 2019 14:57
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Предлог буџетот на државата за следната година за кој денеска стартуваше расправа во матичната собраниска комисија, според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, е нереален, неразвоен, само со социјална компонента и мерки кои се евтин предизборен популизам. Наспроти нивната оценка од парламентарното мнозинство оценија дека буџетската каса се заснова на реални проекти и ќе овозможи вложување во човечкиот капитал, поддршка на приватниот сектор, зголемување на потрошувачката со раст на платите и пензиите, реализација на инфраструктурни проекти.

-Ова е популистички и предизборен буџет со кој се потценуваат граѓаните затоа што се она што не можевте да им го дадете,  го правите сега предизборно. Го жртвувате развојот на економијата и на државата, рече пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска.

Граѓаните, смета таа, може да очекуваат реализација на само пет проценти од вкупните расходи за капитални инвестиции.

-Рековте дека е буџет кој ќе инвестира во човечкиот капитал. Што подразбирате вие кога во делот на образование најголемо зголемување има кај договорните услуги. Кај проекти во средно образование исто така најголема разлика има во договорни услуги. СДСМ ветуваше награди за најдобри наставници и учители, а износот за тоа е нула. Во делот на високото образование, ученички стандарди и студентски стандард има кратење, а и во делот на науката за 17 проценти, наведе Кузмановска.

Таа обвини и дека пред избори без никаква методологија се ветува зголемување на пензиите за 700 денари и оти се врши притисок врз приватниот сектор да ги зголеми платите иако, оцени, продуктивноста на домашаната економија се намалува. Вака проектиран буџет, смета Кузмановска, ќе има далекусежни последици.

За нејзиниот сопартиец Илија Димовски, целосно е неприфатлива тезата дека буџетот е насочен кон инвстиции во човечки капитал затоа што, како што оцени, тоа подразбира  вложување во знаење, а не давање дополнителни пари.

-Инвестиција во човечки капитал не е да им дадете риба на луѓето, туку да ги научите да ловат.  Ова е евтин популизам и груб обид за поткуп на изборите со државни пари, рече Димовски, оспорувајќи ги параметрите на кои се повикува Владата во проекцијата на буџетот.

Реплицирајќи, министерката за финансии Нина Ангеловска, рече  дека и на неа и е омилена изреката со рибата и оти се согласува со неа.  – Кој ги учи децата како да ловат риба? Наставниците. Значи, треба да ги мотивираме наставниците да ги научат децата како да ловат риба и сите ние тука да се трудиме и да ги научиме наместо да им дадеме риба. Токму тоа и се прави, тоа е инвестирањето во човечкиот капитал, нагласи Ангеловска.

Во репликата на критиките од опозицијата нагласи дека буџетот е реално планиран, како и дека капиталните вложувања за 2020 не се за продолжување на стари проекти, туку дека за нови, односно што се почнати годинава или ќе почнат допрва. Ги отфрли и критиките  на сметка на вложувањата во образованието и наведе дека завршната сметка  покажува оти во 2016 година таму биле одвоени 22 милијарди денари, а сега тој износ е 28,3 милијарди денари, односно за 28 проценти повеќе.

Има, тврди Ангеловска, реален раст на платите, а на приватниот сектор му се подава рака за да ги задржи и мотивира вработените.

– Зголемени плати и пензии прават враќање назад на средствата бидејќи тие што ќе имаат плати ќе ги  потрошат парите и ќе се креира економски раст. Ако ги цитирате Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, тие велат пониските даноци и повисоките пензии  и плати се очекува да бидат дополнителен  иако еднократен стимул  на потрошувачката. Ние велиме БДП ќе биде придвижен од растот на потрошувачката како резултат на зголемени средства на граѓаните, посочи Ангеловска.

Негирајќи дека буџетот е неразвоен укажа дека години наназад соодносот на ставките за плати, капитални инвестици, стоки и трансфери е сличен.  – Буџетот е реално планиран на база на  предвидувања и на реализација и не е во ред да коментираме само капитални инвестиции како бројка треба да се види и  квалитетот. Ако за вас капитални расходи е купување  мебел,  мебелот и возилата се намалени како ставки во целиот  износ, рече министерката за финансии во реплика на Кузмановска.

Панче Иванов од владејачката СДСМ оцени дека Предлог буџетот заслужува поддршка поради реалноста на проекции што се содржани во него, како и поради фокусот за вложување во човечки капитал.

-Реално остварлив буџет во согласност со проекциите и на домашната и на меѓународната јавност, како и во согласност со проекциите на НБРМ. Приходите и расходите се согласно растот на нашата економија, буџетските приходи се коректно проектирани, а расходните на начин да ја одразат намерата за инвестиции, пред се, во човечки капитал што е одлична опција. Тие секогаш значат подобрување на животот на граѓаните но и тие повеќекратно се враќаат, посочи Иванов.

Тој дополни дека проектираниот раст на БДП од 3,8 проценти се темели на растот на домашната економија во првата половина на 2019 година од 3,6 проценти како резултат на позитивни остварувања во сите дејности.  Поддршката, дополни, е потребна и поради сите други предвидувања за раст на потрошувачката од 3,3 проценти, за намалување на невработеноста, реализацијата на капиталните инвестиции. …

Според Реџаил Исмаили од ДУИ, реално е буџетот да биде фокусиран на човечкиот капитал во ситуација  кога од цел Западен Балкан  вклучително и од државава има постојано иселување на младите и на експертите.

-Не постои Влада која нема да го насочи буџетот во инвестиции во човечки капитал. Буџетот е во насока на спречување на трендот не само во Македонија туку и во цел Западен Балкан. Ова е реалноста и ова мнозинство е задолжено да инвестира во човечки капитал и по можност да го намали овој тренд на заминување на нашите граѓани, рече Исмаили, оценувајќи дека ќе се постигне проектираниот економски раст од 3,6 проценти.

Буџетот за наредната година ќе изнесува 3,615 милијарди евра. Капиталните инвестиции се проектирани на ниво од 23 милијарди денари, а 56 отсто од вкупните буџетски расходи се за области врз кои се потпира човечкиот капитал. Буџетските проекции се врз основа на предвиден раст за следната година од 3,8 отсто од БДП и дефицит од 2,3 отсто. 

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ