• Latest

Димитров – Дендиас: Имаме заедничка иднина и пат, ако гледаме добронамерно

November 26, 2019
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров – Дендиас: Имаме заедничка иднина и пат, ако гледаме добронамерно

November 26, 2019 12:27
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Грција дава целосна и силна поддршка за прилучувањето на Северна Македонија во ЕУ и се залага за целосна имплементација на Договорот од Преспа и зајакнување на билатералната соработка, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас на зедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

„Радосен сум што сум тука, во прва посета на соседна Северна Македонија, која наскоро ќе стане партнер на Грција во НАТО и кандидат за ЕУ. Сигурен сум дека наскоро ќе ги почне пристапните преговори. Ја имате целосната поддршка од Грција“, рече Дендиас.

Оцени дека има драматично подобрување на билатералната соработката, која и натаму се развива со фокус на економијата, воената соработка, инвестициите, инфраструктурата…

Билатерланите односи, посочи Дендиас, поминуваат преку Преспанскиот договор. Има непредок во неговата имплементација, но има и доцнења во некои сегменти кои треба да се поправат.

„Грција го поддржува влезот на Северна Македонија и на другите земји од Западен Балкан во ЕУ. Тоа е заедничка цел. Почнувањето на преговорите ќе биде значителен чекор и тоа за Грција е значајна цел. Го разбираме разочарувањето од одложувањето, но треба да се гледа напред. Важно е да се имлементираат европските вредности, а ние нудиме целосна соработка“, рече Дендиас.

Министерот Димитров нагласи дека Северна Македонија смета на грчката поддршка на патот кон ЕУ.

„Грција е наш стратегиски партнер, сосед и пријател. Преспаснкиот договор отвори голем потенцијал за соработка што треба да се искористи“, рече Димитров.

Посочи дека се очекува наскоро да се одржи првата седница на комисијата за трговски марки, како и состанок на еспертите за отворање на новите гранични премини меѓу двете земји, јавува МИА.

На новинарско прашање дали е можно оспорување на Договорот од Преспа во двете земји, Дендиас рече дека ставот на актуелната грчка Влада е дека тоа е завршена работа и треба целосно да се импементира. – Имаме заедничка иднина и пат, ако гледаме добронамерно, додаде ефот на грчката дипломатија.

И Димитров вели дека договорот е веќе дел од нашиот правен систем и мора да се почитува.

Грчкиот министер за надворешни работи кој престојува во еднодневна официјална посета на земјава, попладнево ќе се сретне и со претсдеателот Стево Пандаровски и со премиерот Зоран Заев.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ