• Latest

28 декември: Меѓу стремежите и реалноста – конференција на ЦИВИЛ, хибриден напад врз кабинетот на премиерот Заев, итен избор на директор на ДЗР…

November 28, 2019
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Трајковски: Денеска Албанија е земја кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија – Македонија стана едно бесперспективно и тажно место за живеење

August 21, 2025

Османи со „градежна стража“ против урбаниот хаос во Чаир

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

28 декември: Меѓу стремежите и реалноста – конференција на ЦИВИЛ, хибриден напад врз кабинетот на премиерот Заев, итен избор на директор на ДЗР…

November 28, 2019 16:27
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Забрчанец: Разоткривме хибриден напад врз кабинетот на премиерот Заев, беше злоупотребен идентитетот на Грета Тунберг

“Пред неколку дена, разоткривме хибриден напад врз кабинетот на премиерот, при што беше злоупотребен идентитетот на младата еко-активистка, Грета Тунберг”, објави денес Марјан Забрчанец, ПР советник на премиерот Заев во рамки на дискусијата за дезинформации на конференцијата е-Општество.

Тој во своето излагање соопшти дека манипулаторите употребиле брендирани е-мejл адреси и телефонски броеви, и преку официјално барање до македонско дипломатско претставништво, успеале да закажат и да реализираат телефонски разговор со премиерот Заев, претставувајќи се како Грета Тунберг и нејзиниот татко. Одредени делови од разговорот биле сомнителни за премиерот и за неговите советници, но сепак била донесена одлука разговорот да оди до крај, со цел да се разоткрие сомнежот.

Според него, овој случај на хибриден напад е многу пософистициран од случајот со руските пранкери, но внимателната комуникација овозможила да биде разоткриен и разобличен.

Заев: Со една изборна единица најмногу добива демократијата во државата

„Очекувам државотворен капацитет. Партиските интереси да ги ставиме на страна кога се работи за интересот на граѓаните на државата и да го смениме моделот во една изборна единица и да донесеме законска обврска 50/50“, изјави премиерот Зоран Заев, посочувајќи дека со тоа најмногу добива демократијата во државата и се отстранува можноста од идно поставување на автократии.

СДСМ и Коалицијата, подвлече Заев, е за една изборна единици и ние остануваме зад тоа и апелирам ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да се приклучат на ваквите иницијативи и модели.

Ревизорите бараат под итно избор на директор на Државниот завод за ревизија

Вработените во Државниот завод за ревизија денеска побараа од институциите во државата под итно да изберат нов директор на ова ревизорско тело, бидејќи во спротивно, како што порачаа, тоа де факто ќе престане со работа.

Говорејќи на прес-конференцијата одржана во ДЗР, ревизорот Мијалче Дургутов нагласи дека таа е свикана на иницијатива на сите вработени, со цел да се изрази нивната загриженост од фактот што оваа институција веќе една година и 11 месеци функционира без директор, а на 4 октомври годинава истекол мандатот и на заменикот директор, со што е оневозможено нормалното функционирање на Заводот и е доведена во прашање неговата независност.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање поставено од Магдалена Манаскова од ВМРО-ДПМНЕ за направената штета во МНТ од навивачката група „Шверцери“, изјави дека истата изнесува 3.965 евра и дека кога ќе се утврди одговорноста, тогаш материјалната штета ќе се недомести

Црвен крст: Со телефонски донации за Албанија досега собрани 40.000 евра

Дводневната конференција „Проширување на акцијата за ставање крај на насилството врз децата на Западен Балкан“ што се одржува во Скопје, е посветена на ставање крај на насилството, потсетувајќи дека владите од Западен Балкан се обврзаа да ја забрзаат акцијата за ставање крај на сите форми на насилство врз децата до 2030 година

Изречени глоби и забрани при засилените контроли за спречување на аерозагадувањето

ЦИВИЛни активности

„Меѓу стремежите и реалноста“ – истакнати лидери од граѓанскиот сектор на дебата за клучните предизвици за активизмот и општеството ќе бидат дел од конференцијата посветена на граѓанското општество, а по повод одбележувањето на 20 годишнината од основањето на ЦИВИЛ, која ќе се одржи утре (29 ноември 2019, петок) во Музејот на Град Скопје со почеток во 13 часот.

Почесен говорник на дискусијата е претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, а говорнички и говорници се Афердита Хаџијаха од ИФЕС, Фани Каранфилова Пановска од ФОСМ, Мерита Максути од Еко Герила, Савка Тодоровска од СОЖМ, Александар Кржаловски од МЦМС, Ибрахим Мехмети од Швајцарска Амбасада/СДЦ, Мирјана Најчевска, универзитетска професорка, Алберт Муслиу од АДИ, Ленче Здравкин од Куќа на надежта, Сашо Орданоски, универзитетиски професор, Мерсиха Смаиловиќ од Легис, Дехран Муратов и Џабир Дерала од ЦИВИЛ, како и други активисти и претставници на организации и инцијативи.

Истовремено, ЦИВИЛ и Ленче Здравкин, во заедничка акција за настраданите од земјотресот во Албанија, ќе постават кутија за донации за помош во Музејот на Град Скопје од 13 до 15 часот, додека трае настанот на ЦИВИЛ.

МИСЛА

Катица е „мртва“ – да живеат судските предмети на СЈО! – вели Сашо Орданоски, додавајќи: „Предвидувам дека, на пример, доколку заврши со осудителни пресуди, само од „наплатата“ (главна сума, плус камати) од случајот „Империја“, доколку на граѓанскиот референдум така се одлучи, би можело да се консолидираат пензискиот и здравствениот фонд на Македонија барем до 2030 година“.

„Со што вратија и со што сега возвраќаат. Со неподнослива леснотија што ја манифестираат со својата ароганција. Со препотенција на невидено. Со евтините приказни за тоа дека пратениците трошеле повеќе. Тие им биле реперот. Тие и таквите Боневки и Дизелки им биле патоказот до бонусите. Тие им се сега покритието“, од корнер Зоран Иванов со „Неподнослива леснотија“

Биљана Јордановска

во соработка со Дехран Муратов, Ангела Петровска, Маја Ивнаовска, Петар Клинчарски, Диана Тахири, Сашо Орданоски  и Зоран Иванов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ