• Latest

6 декември: Камчев во фокусот на јавноста, дебата за помилувањата, ЦИВИЛ со финални припреми за Фестивалот на Слободата…

December 6, 2019

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

6 декември: Камчев во фокусот на јавноста, дебата за помилувањата, ЦИВИЛ со финални припреми за Фестивалот на Слободата…

December 6, 2019 17:12
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Орце Камчев како сведок во „Рекет“

Во Кривичниот суд претпладнево продолжи судењето за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

На денешното рочиште сведочеше бизнисменот Орце Камчев. Како сведок исказ требаше да даде и неговата сопруга Ана Камчева, но таа не дојде од здравствени причини. Судијката Васка Николовска Масевска побара на следното рочиште Камчева да донесе медицинска документација за да го оправда денешното отсуство.

Во судница од домашен притвор е донесена Јанева, а Боки 13 од КПУ Затвор – Скопје каде што издржува мерка притвор.

Судија на претходна постапка го одби како неоснован предлогот на Јордан Камчев за укинување на мерката на претпазливост.

„До судија на претходна постапка, кој постапува по предлог на Ј.К. од Скопје за укинување на мерки за претпазливост, од надлежниот јавен обвинител доставено е негативно мислење во однос на предлогот. Ценејќи го мислењето и сите факти и аргументи во предлогот судијата на 05.12.2019 донесе решение со кое: Предлогот на осомниченото лице Ј.К. од Скопје, за укинување на мерката на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, определена со решение на Апелацискиот суд Скопје од 27.12.2018 година, со предлог за определување гаранција со востановување на заложно право – хипотека над недвижен имот е одбиен како неоснован“, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Камчев во обид да го демантира Орданоски

Јордан (Орце) Камчев, преку својот застапник, адвокатот Александар Михајлоски упати демант до ЦИВИЛ Медиа, во кој се вели дека колумнистот Сашо Орданоски, во колумната „Општата смрдеа од согорувањето ѓубре“, објавена на 2 декември во категорија „Мисла“, поткатегорија „Орданоски“.

„Во вашиот објавен текст на 2 декемри 2019 година во делот ,,Орданоски’’, со наслов ,,Општата смрдеа од согорувањето ѓубре’’ изнесувате целосно невистинити податоци кои категорично ги отфрламе.

Не е точно дека г-динот Јордан Камчев е венчален кум на г. Ковачки. Не би знаеле кои се Вашите извори на оваа целосно неточна информација во која тврдите, Ве цитираме ,,Добро, луѓето убаво се дружеле, соработувале, кумството логично следувало’’.

„Г-динот Камчев не го познава г.Ковачки, никогаш се нема ни сретнато со него, а уште помалку се дружел, соработувал или е негов венчален кум.“, се вели во дел од демантот на Камчев.

На демантот одговори авторот Сашо Орданоски, со детални објаснувања за информациите изнесени во спорниот текст.

Почитуван г. Камчев,

„Информацијата за вашето кумство со г. Ковачки не е нова (на пример, објавена е ТУКА:, а потоа и повторена на разни други места), но вие до сега не сте ја демантирале. Добро, не мора човек сè и сегде да демантира што ќе се напише за него – побогу, бевме принудени од некаква „Ла Верита“ да ви ги дознаеме деталите за маките што сте ги преживеале! – и јас прифаќам дека, кога сега сте почувствувале за потребно да демантирате, вашето кумство со г. Ковачки не постои. Но, таа (дез)информација не сум ја измислил јас, за намерно да ви наштетам.“, напиша Орданоски во неговиот одговор, меѓу другото, на обидот за демант на Камчев.

Дебатата за помилувањата го отвора прашањето за одговорноста на Иванов

Министерката за правда Рената Дескоска која побара аветентично толкување на членот 11 од Законот за помилување за да се спречи евентуалната одлука на Уставниот суд со што би се отворила можност да се вратат во сила помилувањата од Иванов, смета дека поранешниот претседател постапил незаконски.

Законодавно-правната комисија го потврди тоа што го тврдевме и во моментот кога ја поднесовме интерпелацијата за Иванов: членот 11 на кој тој ги темелеше помилувањата не постои во правниот систем. Сега е тоа официјален собраниски документ, кој потврди дека помилувањата на Иванов се незаконски и со тоа ништовни! А незаконски акти не можат да имаат правно дејство. Дополнително собранискиот документ покажува дека Иванов постапил незаконски со “обидот да помилува”. Барањето за автентично толкување ја постигна целта!“, напиша Дескоска на својот фејсбук профил.

Во меѓувреме, Уставниот суд го одложи одлучувањето по Нацрт-решението за Законот за дополнување на Законот за помилување, за кој минатата недела поведе постапка. Уставните судија решија да ја почекаат одлуката за Собранието во врска со побараното автентично толкување на членот 11.

Флеш вести

Нов обид за избор на главен државен ревизор

Изборот на главен државен ревизор денеска е повторно пред членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Собраниски извори посочија дека е постигнат договор меѓу претставниците на политичките партии кој ќе биде идниот ревизор и очекуваат тоа денеска да се официјализира.

Ангеловска: Започна поврат на ДДВ кон граѓаните и ќе продолжи и следните денови

Исплатата на повратот на ДДВ од скенираните сметки започна денеска и ќе се извршува непречено во претстојните денови, се додека не се исплатат сите граѓани кои оствариле право на поврат во првото тримесечје, во износ од околу 3 милиони евра, рече на прес-конференција министерката за финансии Нина Ангеловска.

Претставниците од „Марш за чист воздух“ денеска повторно одбија средба со Владата

Владата веќе конкретно даде одговор на сите седум точки од организаторите на „Марш за чист воздух“, што тие ги поставија минатиот петок на протест како услов за да одат на средба со владини претставници. Само една од точките, како што рече денеска премиерот Зоран Заев треба да се доообјасни, а таа се однесува на рудникот Иловица Штука. За денеска во 18 часот имало закажно средба со активистите, но како што посочи Заев тие одбиле да дојдат.

ЦИВИЛ активности

20 години ЦИВИЛ – Фестивал на слободата

ЦИВИЛ ја организира финалната вечер на овогодинешното издание на Фестивалот на слободата на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права, во Музејот на Град Скопје, од 17:30 до 23 часот. Со ова издание на Фестивалот, воедно, се одбележуваат и 20 години од основањето на ЦИВИЛ, организација на граѓанското општество чија бескомпромисна борба за човекови права и слободи ја направи една од највидливите во Република Северна Македонија.

Последната фестивалска вечер вклучува богата мултимедијална програма на различни точки низ целиот Музеј. Дел од програмата се и музичкиот настап на музичкиот состав Фолтин на кој ќе му претходи музичко претставување на кантавторот Јон Ајди.

Фестивалот започнува во 17:30 часот со активистичката фото изложба EXP(L)OSURE! на која со публиката ќе се споделат бројни експонати и слајдови што се своевидни артефакти за активизмот и за настаните во кои ЦИВИЛ учествувал или ги организирал. Организаторите ќе постават и штанд за бесплатни примероци од дел од богатата издавачка продукција на ЦИВИЛ.

На самиот влез во Музејот на Град Скопје, публиката ќе има можност да ги проследи диџејските настапи на Соња Исмаил, Марга Сол и Дино во програмскиот сегмент наречен ЗВУЦИ. ДВИЖЕЊЕ. од 18 до 21 часот.

ЗБОРОВИ. ДВИЖЕЊЕ. е насловот на програмскиот блок со поезија и перформанси на Владанка Димковска и Петрит Сарачини.

Паралелно со сите овие содржини ќе биде поставена и ГОВОРНИЦА, каде активистки и активисти, граѓанки и граѓани, другарки и другари, јавни личности, политичари и уметници ќе имаат можност на отворениот микрофон да зборуваат на една од темите: човекови права, граѓанско учество или, едноставно, да кажат некоја мисла поврзана со нивното искуство во или со ЦИВИЛ.

Во 19 часот, започнува активистичката филмска програма ОБЈЕКТИВОТ НА ПРОМЕНАТА на кој ќе се проектираат видео содржини од успешни активистички приказни од земјата и од светот.

Сите граѓанки и граѓани се добредојдени да го одбележат Меѓународниот ден на човековите права, како и јубилејот на нивниот ЦИВИЛ. Сите заедно, во активистички дух, можат да испратат силна порака за почитување на човековите права и слободи, секаде и без исклучок.

Мисла

Девет круга институционално – политички пекол

Пишува: ТАЊА КАРМЗОВА КОСТИГЛИОЛА

„Збудален лифт ни е државата. Емотивен. Девет круга институционално-политички пекол, седум неба поединечни и/или мали групни блаженства. Меѓу двете – чистилиште кое пулсира во ритамот на апатијата и глобалната незаинтересираност.

Од адот ќе ги издвоиме круговите на слепо следење нечии доктрини само затоа што името на прочуените, божем идеолошки (почесни) водичи стои веднаш под акронимот на политичката партија. Следат круговите на жртвите на судско – политички прогон, според нивното лично евангелие, кои претвораат том хартија со судски докази и пресуди во лиценци за казина, создавајќи тегоби на желудникот кај оние кои немаат со што да си ги платат долговите кај извршителите. Овие последниве, пак, се сами во еден од пеколните кругови.“

Дневникот го подготви Дијана Тахири во соработка со Биљана Јордановска, Маја Ивановска, Сашо Орданоски, Тања Кармзова Костиглиола

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ