• Latest
Мицкоски (десно) и Каракамишева (лево) / Фото: Киро Попов

СКАНДАЛ: Можно ли е правничко-професорскиот тим околу Мицкоски да нема поим што е Устав?

December 28, 2019
Петрит Сарачини (фото: ЦИВИЛ)

Aјде да повториме: Зошто Албанците се навредуваат кога ги викаат „шиптари“?

July 23, 2026
Илустрација ВИ

Хутите отвораат нов фронт: Нападнати два саудиски танкери, продолжуваат американските удари врз Иран

July 23, 2026
Национален совет за евроинтеграции (Фотографија: Собрание на РСМ)

Рокас пред Националниот совет: Европската перспектива е жива, но без владеење на правото нема напредок

July 23, 2026

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БЛИЦ

СКАНДАЛ: Можно ли е правничко-професорскиот тим околу Мицкоски да нема поим што е Устав?

Со предлогот да се постави активен армиски полковник за министер за внатрешни работи, се прави обид да се омаловажи Уставот на Република Северна Македонија и повеќе други законски регулативи. Член 97 од Уставот, Закон за внатрешни работи и Закон за служба во армијата пропишуваат дека министер за внатрешни работи може да биде некој што во претходните најмалку три години бил цивилно лице.

December 28, 2019 20:35
in БЛИЦ, КОМПАС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Мицкоски (десно) и Каракамишева (лево) / Фото: Киро Попов

Мицкоски (десно) и Каракамишева (лево) / Фото: Киро Попов

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Христијан Мицкоски денеска појде со предлог за министер за внатрешни работи кој е активен висок офицер во македонската армија – полковник Драган Ковачки. На Ахмети, толку знае, предлогот му бил прифатлив. Но!

Со овој предлог се прави обид да се омаловажи Уставот на Република Северна Македонија и повеќе други законски регулативи. Член 97 од Уставот, Закон за внатрешни работи и Закон за служба во армијата пропишуваат дека министер за внатрешни работи може да биде некој што во претходните најмалку три години бил цивилно лице.

Првото прашање што веднаш се наметнува е: Дали е можно правничко-професорскиот тим околу Мицкоски да нема поим од тоа што е Устав, па не рекле ништо за ова кадровско решение? Понатаму, се редат и други прашања.

Дали ВМРО-ДПМНЕ има проблем со кадри? Добро, тоа прашање е повеќе реторичко, одговорот го знаат сите.

Ни оддалеку не е за занемарување и прашањето за самиот полковник Ковачки во поглед на неговата активна професионална определба. Впрочем, потребно е сега да дознаеме и на која партиска функција е Ковачки. Тоа го повлекува и прашањето дали, според законите, во случај тој да е носител на партиска функција во ВМРО-ДПМНЕ, може да биде истовремено и висок армиски офицер?

Тоа што сега јавноста очекува е релевантните институции да поведат постапка за овој најнов скандал што го предизвика ВМРО-ДПМНЕ веќе во првиот обид да се промовираат нивните кадри во техничката влада.

Не се нереални ниту претпоставките дека на овој начин ВМРО-ДПМНЕ сака да го пробие законскиот рок за формирање техничка влада, а со тоа и да ги одложи изборите. За тоа, секако, повторно ќе му биде виновен Зоран Заев.

Секако, тука е и можноста Мицкоски, као лаик во правото, а во последно време и слаб математичар, да не се консултирал со професорските „лампиони“ околу него (Силјановска-Давкова, Климовски, Каракамишева и други). Подобро да е така, бидејќи вакво непознавање е навистина голем скандал за академската фела собрана околу националистичката опозиција.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ