• Latest

Во техничката влада секој акт и документ мора да биде потпишан од министерот и заменикот, во спротивно не важи

January 3, 2020

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во техничката влада секој акт и документ мора да биде потпишан од министерот и заменикот, во спротивно не важи

January 3, 2020 13:56
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Сто дена пред пред одржувањето на избори за пратеници, а по претходна оставка на премиерот, Собранието бира нова влада, преодна, предводена од нов премиер, кој го номинира партијата на власт.

Собранието денеска ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, поднесена по договорот на политичките партии во пресрет на предвремените парламентарни избори на 12 април. Се очекува до полноќ Собранието да ја изгласа техничката Влада, која ќе ја предводи Оливер Спасовски и која од утре, па во следните сто дена треба да ги организира изборите.

Сите овие процедури се согласно Законот за Влада, а решението за техничка Влада првично беше применето по кризата која настана, откако Заев како лидер на опозицијата во 2015 година почна со објавувањето на „бомбите“, по што следеа предвремени избори. Овој концепт, кој сега е и законска обврска, е дел од Пржинскиот договор што во 2016 година го постигнаа поранешниот премиер Никола Груевски, актуелниот премиер Заев, кој тогаш беше во опозиција и претставници на другите партии со помош на меѓународната заедница.

И откако денеска Зоран Заев поднесе оставка, а Собранието ја констатираше, на негово место доаѓа Оливер Спасовски, досегашниот министер за внатрешни работи, кој ќе биде вториот технички премиер во историјата на земјата.

Согласно законот, заради организирање на предвремените избори Собранието на предлог на премиерот сто дена пред денот на одржувањето на изборите избира министер за внатрешни работи и министер за труд и социјална политика, на предлог на опозицијата со мандат кој трае до денот на објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за спроведените избори, по што мандатот им престанува по сила на закон.

Наќе Чулев и Рахела Мизрахи, се предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за министри за внатрешни работи, односно труд и социјална политика.

Надлежностите на министрите, но и на замениците министри кои се избираат во техничката Влада се поинакви од оние што ги имаат во редовниот владин состав.

Министерот за внатрешни работи може да изврши најмногу 15 разрешувања или распоредувања, на пониско или повисоко место на носители на раководна позиција во министерството, во согласност со закон.

Првиот човек на МВР во техничката Влада може да изврши и хоризонтални распоредувања на вработените кои се на негов предлог во бројката до 10 отсот од бројот на хоризонтални распоредувања базирани на просекот на овие распоредувања во 2013 и 2014 година.

Заради организација на предвремените избори Собранието на предлог на техничкиот премиер именува дополнителен заменик на министерот Министерството за внатрешни работи, предложен од политичката партија на власт и во Министерството за труд и социјална политика, исто така предлог на власта. Во овој случај на овие функции доаѓаат Славјанка Петровска и Санела Шкријејљ.

Заменици, но на предлог на опозицијата, има и во Министерството за финасии, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за информатичко општество и администрација. ВМРО-ДПМНЕ за овие позиции ги предложи Гордана Димитриеска Кочоска, Цветан Трипуновски и Невенка Стаменковска Стојковски.

Мандатот на дополнителниот заменик на министерот трае од денот на неговиот избор до денот на објавувањето на конечните резултати од ДИК.

Концептот техничка влада предвидува соработка меѓу власта и опозицијата во периодот до спроведување на изборите, имајќи предвид дека одлуките усогласено треба да ги носат и министерот и заменикот.

Законот предвидува дополнителниот заменик на министерот заедно и рамноправно со
министерот да учествува во остварувањето на надлежностите предвидени во Законот
за организација и работа на органите на државната управа.

Заменикот заедно и и рамноправно со министерот ги разгледува и ги потпишува сите акти и документи кои ги донесува министерот или лица овластени од него, заменикот на министерот како и државниот секретар во соодветното министерство, а се однесуваат на правните, финансиските и кадровските прашања поврзани со организацијата на изборите.

Секој акт во смисла на овој закон се доставува до министерот и дополнителниот заменик министер. Министерот и дополнителниот заменик министер се должни веднаш, а најдоцна во рок од еден ден да го одобрат или одбијат актот во смисла на овој закон.

Ако актот или документот е одобрен, т.е. потпишан само од едното лице се смета дека истиот не произведува правно дејство.

Во случај на несогласување меѓу министерот и дополнителниот заменик министер во министерствата во врска со тоа дали одредено правно, финансиско и кадровско прашање се однесува на организација на изборите, ДИК е должна, во рок од 24 часа да донесе одлука и истата да ја проследи до односното Министерство. Одлуката на ДИК е конечна.

Во случај на сомневање произлезено од можно незаконско постапување од страна на министерот и/или неговиот дополнителен заменик, може да се поднесе тужба до надлежниот суд. Во случај да се спорат административни процедури и одлуки, по истите може да се поднесе тужба до надлежниот Управен суд.

Согласно законот, дополнителниот заменик на министерот има право на неограничен пристап до сите акти, документи и информации кои му се на располагање на министерот.

Вработените во министерството на барање на дополнителниот заменик на министерот се должни да му ги достават сите акти, документи и информации кои му се на располагање на министерот.

Дополнителниот заменик на министерот има право на посебни советници и кабинетски службеници чиј број е еквивалентен на бројот на посебните советници и кабинетски службеници во кабинетот на министерот, според Законот за административни службеници.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ