• Latest

23 јануари: Без договорот од Преспа, нема членство во НАТО, Шекеринска предупреди на опасностите, Собранието се распушта за 20 дена, ВМРО-ДПМНЕ го блокира законот за ЈО…

January 23, 2020

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

23 јануари: Без договорот од Преспа, нема членство во НАТО, Шекеринска предупреди на опасностите, Собранието се распушта за 20 дена, ВМРО-ДПМНЕ го блокира законот за ЈО…

January 23, 2020 17:19
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: НАТО станува реалност, а невозможно е членството без договорот од Преспа, Шекеринска предупреди на опасноста од заговарање на идеите за поништување

„Охрабрувачки се последните вести од Шпанија и дозволете ми во името на Владата да ги поздравам овие вести. Станува јасно дека нашиот приоритет е и приоритет на НАТО и приоритет на земјите членки на НАТО и фактот дека новоформираната влада во Шпанија веднаш го пушти Законот за ратификација и тоа во брза постапка покажува дека го делиме приоритетот, час поскоро да станеме членка на Алијансата“, изјави Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска.

Како одговорна министерка, подвлече Шекеринска, во ресор што е и најдиректно поврзан со членството во НАТО сакам најсериозно да предупредам на опасноста од заговарање на идеите за поништување или повторно отворање на Договорот од Преспа.

„Без Договорот од Преспа, нема членство во НАТО. Без членството во НАТО нема безбедност, стабилност, сигурни државни граници и обезбедена иднина. Без НАТО нема ни зголемени инвестиции, ни засилен економски раст“, истакна министерката.

Шекеринска рече дека најновата намера, или манипулација, дека одредени политички сили ќе се обиделе да го отворат повторно за преговори Преспанскиот договор, токму во овие моменти на финални чекори до членството во НАТО е крајно неодговорно и опасно. „Без разлика дали овие наводи се манипулативни или сериозни, да се чепка во Договорот од Преспа кој е склучен помеѓу два соседи со силно присуство и поддршка на меѓународната заедница, е исто како овде на Балканот да се пали буре-барут“, рече во својата изјава министерката Шекеринска.

Шекеринска повторно ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат Законот за одбрана.

БЛИЦ: ВМРО ДПМНЕ беа против покачување на платата, а сега се „загрижени“ дека граѓаните имаат мали плати!?

Дехран Муратов: На граѓан(к)ите не им требаат партиски лажни зборови, туку вистински дела. Денес, факт е дека граѓан(к)ите имаат повисока плата, иако пратениците на „загрижената“ опозиција не го подржаа покачувањето на минималната плата.

ПОЛИТИЧКИ ОК КОРАЛ: Правдата дише на апарати!

Одбројувањето започна, Собранието на 11 февруари ќе го ратификува протоколот за НАТО, на 12-ти ќе се распушти. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, планира на 11 февруари да закаже седница со единствена точка на дневен ред – ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Собрание на Република Северна Македонија, пленарна сала

Следниот ден, на 12 февруари, би требало да се одржи последната седница на која ќе биде распуштен сегашниот пратенички состав, и распишани предвремените парламентарни избори на 12 април.

Повторно сѐ се врти околу судството и владеење на правото и правдата. И додека првата антикорупционерка Биљана Ивановска вели дека ако се реши случајот „Рекет“, ќе се подобри перцепцијата за корупцијата во земјава, но и дека ќе се зголеми и довербата на граѓаните во институциите, денеска  адвокатите на Катица Јанева повторно не дојдоа на судењето за случајот „Рекет“, така и повторно се одложи.

Но, ново Специјалното јавно обвинителство за гонење на криминал тешко дека ќе се формира, со оглед на тоа дека опозициската ВМРО ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски, со сите расположливи средства го минира законот за Јавно обвинителство. А кој друг им е крив за тоа,  ако не СДСМ и Зоран Заев? Граѓаните со ваква несериозна опозиција ќе чекаат некои подобри времиња, кога конечно ќе почнат да веруваат во правдата и правдината.

Собранието најверојатно ќе се распушти на 12 февруари, откако ден претходно ќе го ратификува Протоколот за членство во НАТО Алијансата. И министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, нагласи дека во Северна Македонија изборите во април ќе се спроведат како 30-та земја членка на НАТО. Таа апелираше до опозициската ВМРО ДПМНЕ да престанат со теоријата за поништување на Преспанскиот договор, бидејќи тоа само и штети на државата.

НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО

Дел од членовите во новиот предложен закон за јавно обвинителство се неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи во неколку наврати се крши Уставот и Обвинителството го става под контрола на власта, истакна денеска на прес-конференција претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој презентираше дел од забелешките во јавноста, а тие допрва ќе бидат доставени до претставниците на СДСМ кои треба да ги разгледаат, а потоа да биде договорена средба.

„Со депонијата Дрисла повторно ќе управува Градот Скопје што значи дека ние граѓаните повторно сме сопственици на градската депонија.

Депонија „Дрисла“

По деветгодишно сомнително функционирање и неисполнување на договорот за инвестиции и модернизирање на депонијата од страна на италијанскиот концесионер, Градот Скопје низ законита, легална и правна процедура, преку судските институции ја врати Дрисла под свое владение“, изјави Васко Лазаревски, советник во Советот на Град Скопје од СДСМ. Тој додаде дека Дрисла е класичен пример за катастрофалните инвестиции на ВМРО-ДПМНЕ.

Не може да се очекува дека новинарите кај нас, со бедни плати од 300 – 400 евра, ќе се амбицираат и ќе истражуваат теми од областа на корупцијата и криминалот. Освен што не се доволно финансиски поддржани, немаат и елементарни услови за таква работа, па нивното известување главно се сведува на дневно информирање во кое доминираат политиката, протоколарните средби и сувопарните изјавите на функционерите. Истражувачкото новинарство, како што беше речено на годишната конференција што се одржа денеска во рамки на проектот „Заедно во борба против корупција“, е маргинализирано и во формалното образование. Овој предмет на некои факултети е ставен како изборен, а на други во шестиот или седмиот семестар.

СЛОБОДНА ЗОНА

Во денешната колумна „Ревизионистите во предизборна офанзива!“, Сашо Ордановски пишува за оживувањето на ликот и делото на бегалецот Никола Груевски.

„Груевски си беше одличен, ама, ете, заради академскава дребулија со „спорот за името“, како резултат на американски заговор, падна од власт! А потоа храбро мораше и да побегне од земјава! Герој! Преку овој подмолен обид за ревизија на нашата понова историја и преку подготовката на теренот за враќање на Груевски во македонската политика, не смее да се помине туку-така. Ни оддалеку не е исцеден целиот „гној“ од неговата пропагандна машинерија…“

За тоа каде се движи нашата земја според Индекс на демократија: 10 години стагнација и пад, 2 години бавен напредок. Зошто?, пишува Петрит Сарачини во својата анализа.

Индекс на демократија 2019

„Рангирањето на С. Македонија на Индексот на демократија (Democracy Index) на The Economist за 2019 е подобрен. После долг, 10-годишен период на стагнација и слободен пад, по деградацијата која од „демократија со фалинки“ нѐ смести во земјите именувани како „хибридни режими“,  последниве две години, конечно, имаме целосно вртење на деценискиот курс и, за првпат по долго време, напредок на овој угледен глобален индекс“ – констатира Сарачини.

Западен Балкан се свртува кон лево и ги напушта десничарите и националистите кои го злоупотребуваат патриотизмот за да се стекнат со лично богатство и моќ, пишува Арбен Зеќири во неговата анализа „Кризите и криминалот на десничарите ја зајакнаa левицата на Балканот“.

Дехран Муратов

во соработка со: Биљана Јордановска, Сашо Орданоски, Петрит Сарачини, Арбен Зеќири, Џабир Дерала и Диана Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ