• Latest

3 февруари: План Б за Законот за ЈО, сајбер напади, редовни опструкции од опозицијата…

February 3, 2020

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

3 февруари: План Б за Законот за ЈО, сајбер напади, редовни опструкции од опозицијата…

February 3, 2020 18:33
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: План Б за Законот за Јавно обвинителство

Офанзива на СДСМ за Законот за Јавно обвинителство, се бара мнозинство од 80 пратеници без ВМРО-ДПМНЕ за започнување на собраниската процедура. Зоран Заев најави дека законодавниот дом нема да се распушти сѐ додека не заврши процесот на изјаснување во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму го опструира процесот на донесување на овој закон. Клучна улога, по сѐ изгледа, ќе имаат помалите парламентарни партии како и независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ за да се постигне потребното мнозинство. По денешните билатерални средби на министерката за правда Рената Дескоска со претставници на овие партии и групи ќе се знае конечното расположение за изгласувањето на Законот за Јавно обвинителство во Собранието.

БЛИЦ – Планот Б мора да успее

Џабир Дерала: Дојде време за план Б. Парламентот мора да направи уште еден, последен обид, да го донесе Законот за јавно обвинителство со двотретинско мнозинство. Иако, за доброто на земјата, ќе беше најдобро сите партии, без исклучок, да учествуваат во неговото донесување.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Ивановска: Граѓаните да обезбедат материјални докази при пријавување на поткуп на гласови

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: САЈБЕР НАПАДИ – ПРЕДИЗБОРНО ОРУЖЈЕ

Минатата недела сајтот на „Слободен печат“ беше предмет на интензивни хакерски напади чија цел е намалување или блокирање на сообраќајот на информативната интернет платформа. Со вакви напади постојано се соочува и медиумската платформа на ЦИВИЛ, особено во предизборниот период.

Интензивирањето на ваквите напади пред избори се тема на која дефинитивно треба да и се обрне повеќе внимание, особено имајќи предвид дека не се напаѓаат само и единствено на информативните сајтови, туку и на цели државни институции, како што беше случајот со нападите на серверите на Државната изборна комисија за време на претседателските избори.

ЦИВИЛ организира панел дискусија на оваа тема в четврток. Повеќе детали за настанот ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден.

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ: Ем шуто, ем боде

Денешниот ден во знакот на опструкциите на опозицијата и планот „Б“ на власта. И покрај иницирањето на одредени процеси, ВМРО-ДПМНЕ на секој можен начин ја опстуира работата на Собранието, дури и тогаш кога работите се случуваат на нивно инсистирање. На „дневен ред“ за денеска беа опструкциите на седниците на две собраниски комисии и, секако, најголемата болка на опозицијата, Законот за Јавно обвинителство. (За целиот текст кликнете ТУКА.)

НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО

Премногу оптимизам никому не штети – „Пред две години многумина ни велеа дека сме преамбициозни а сега веќе нема деца до 18 години сместени во институции. Сите се префрлени во семејно окружување или во средина којашто е најблиска до семејната. Нема да дозволиме да се повторат случаи од минатото, кога во институции беа врзувани корисници“, изјави заменичката министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ.

Цако стана дел од тимот на Град Скопје – Александар Матовски, познат како Цако, од денеска е дел од тимот на Град Скопје. Градоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција соопшти дека Цако ќе биде ангажиран во Одделението за социјална, детска и здравствена заштита бидејќи неговите афинитети се насочени токму во оваа област, а неговите познавања за целните групи ќе помогнат во унапредување на социјалните услуги за граѓаните.

И Синдикатот на Клинички центар ги поддржа напорите на НАкС – Синдикатот на Клиничкиот центар реагираат на изјавата на министерот за образование и наука Арбер Адеми дека не иницирал и не е одговорен за основање на синдикати на јавните универзитети.

„Според дописот на Генералниот секретар на УКИМ, Вие сте иницијатор и оној кој побарува основање синдикат на УКИМ, а според првичната изјава на Ректорот на УКИМ сте еден од учесниците во одлуката за основање синдикат на УКИМ со цел за покачување на платите од 10%, донесена заедно со Ректорите на јавните универзитети“, стои во соопштението од Синдикатот.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Семинар на ЦИВИЛ во Струмица: Не пропуштајте ја можноста за активно учество во транспарентни и одговорни политички процеси

По успешниот семинар во Гостивар, ЦИВИЛ организира целодневен семинар за Југоисточниот регион кој ќе се одржи на 8 февруари во Струмица, во хотел Есперанто. Право на учество на семинарот во Струмица ќе имаат граѓанките и граѓаните на општините Струмица, Василево, Босилево, Ново Село, Конче, Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија.

Апликација за учество на регионален семинар „Граѓански објектив“ во Струмица

СЛОБОДНА ЗОНА

За сериозноста на предизборните сајбер напади прочитајте повеќе во денешната колумна на Сашо Орданоски – Дигитални политички неранимајковци.

Зоран Иванов пишува за расфрлањата со клиентелистички манири кои не кореспондираат со елементарните скрупули, толку нужни за журнализмот како професија и како животна преокупација во колумната Грдо е за новинарството.

Маја Ивановска
во соработка со: Биљана Јордановска, Арбен Зеќири, Џабир Дерала, Сашо Орданоски и Зоран Иванов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ