• Latest

ЦИВИЛ со семинар „Граѓански објектив: транпарентност и одгоровност во политичките процеси“ во Струмица

February 7, 2020
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ со семинар „Граѓански објектив: транпарентност и одгоровност во политичките процеси“ во Струмица

February 7, 2020 15:26
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ ќе одржи еднодневен регионален семинар „Граѓански објектив: транпарентност и одгоровност во политичките процеси“ во Струмица, утре ( 8 февруари) од 10:30 часот до 17 часот во хотелот Есперанто.

Семинарите на ЦИВИЛ кои се дел од проектот „Граѓански објектив“, претставуваат можност за граѓанките и граѓаните да се запознаат со основите на човековите права, основите на новинарското известување, граѓанскиот активизам, како и со вештините на мониторингот и граѓанското учество.

Откако ЦИВИЛ го воведе граѓанското новинарство во следењето на човековите права и изборите, јавноста е алармирана, а исто така и прекршителите. Кршењето на човековите права и слободи не е повеќе невидливо – јавноста за тоа може лесно и веднаш да дознае, преку прилозите на граѓанските новинарки и новинари.

Учесниците на семинарите имаат можност активно да се вклучат во општествените промени на локално и национално ниво и да учествуваат во демократските трансформации на општеството.

Овој еднодневен регионален семинар претставува своевиден континуитет на семинарите што ЦИВИЛ ги организираше изминатите четири години, а се спроведе како дел од проектот „Граѓански објектив: Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси“ финансиран од National Endowment for Democracy, што ЦИВИЛ го имплементира веќе петта година по ред. На овие семинари до сега учествуваа над 1.100 граѓанки и граѓани од сите краишта на земјата.

ЦИВИЛ, како и сите претходни изборни процеси од 2008 година наваму, ќе го мониторира спроведувањето на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април. Заинтересираните, што сакаат да станат дел од мониторинг тимот на ЦИВИЛ, пожелно е да пополнат пријава за учество.

Овој еднодневен регионален семинар претставува своевиден континуитет на семинарите што ЦИВИЛ ги организираше изминатите четири години, а се спроведе како дел од проектот „Граѓански објектив: Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси“ финансиран од National Endowment for Democracy, што ЦИВИЛ го имплементира веќе петта година по ред. На овие семинари до сега учествуваа над 1.100 граѓанки и граѓани од сите краишта на земјата.

ЦИВИЛ ги охрабрува сите граѓанки и граѓани што сакаат да бидат активни  чинители во општеството, да прочитаат и научат повеќе за важноста на граѓанското новинарство во последните публикации на ЦИВИЛ, што се резултат на ангажираноста и успешноста на граѓанските новинарки и новинари: Промената е во вашите раце, објавена во 2019 година, како и публикацијата Граѓански објектив: Повеќе од проект од 2018 година.

 

ЦИВИЛ Тим за комуникации

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ