• Latest

Корона вирусот не ги намали нарачките и пратките од Кина

February 8, 2020
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Корона вирусот не ги намали нарачките и пратките од Кина

February 8, 2020 10:29
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Корона вирусот се шири бргу, на жители од Кина повеќе не им е дозволено да ги напуштаат своите градови, но за пратките не е одреден „карантин“, односно задржување. Со оглед на тоа дека од Кина масовно се нарачуваат работи, особено преку интернет-платформите како Али експрес, има загриженост дали коронавирусот може на тој начин да стаса до граѓаните. Досега не е објавено дека има случај или доказ дека вирусот може да се пренесе преку пакет, а состојбата со коронавирусот засега не се одразува на обемот на нарачки од Кина кај нас.

Според Пошти на РСМ, операторот преку кој кај нас стасуваат најголем број од пратките, состојбата со корона вирусот засега не се одразува со обемот на таквите нарачки.

– Во изминатиот период не е забележана тенденција на намалување на пристигнати пратки од Али експрес и според вообичената динамика се доставуваат и се подигнувааат пратките од страна на нашите корисници, велат за МИА од Пошта на РСМ, операторот преку кој стасуваат најголем број од пратките преку Али експрес.

Од Светскиот поштенски сојуз и надлежното Министерство за здравство, како што укажуваат, немаат добиено информација за понатамошно постапување заради корона вирусот.

Проблеми со кинеските пратки во Хратска и Србија

За разлика од кај нас, како што пишува Слободна Далмација, жители на Сплит изјавиле дека пратките првин ги стерилизираат, а има и такви кои подолго време ги чуваат настрана.

Како што објавија медиумите, изминатата недела Хрватска пошта престана да испорачува мали пакувања од Кина, каде што се појави корона вирусот, поради што повеќе од 250.000 нарачани пакети се во мирување.

– Иако авиокомпаниите првенствено ги прекинаа летовите заради патниците, тие не можат да стигнат и до Хрватска, информираа од Хрватски пошти, откако добиле известување од КЛМ, „Луфтханза ЛХ“ и „Туркиш ерлајнс“ дека тие ги прекинале летовите кон Кина за да го спречат ширењето на коронавирусот и оти тоа ќе влијае на испораката на пратките.

Претходно и Јавното претпријатие Пошта на Србија ги инфорира своите корисници за промени во деловната соработка со Кина поради откажаните летови како резултат на корона вирусот.

– Пошта Србија е информирана од авиопревозниците Луфтханза и ЛОТ дека заради превенција од опасноста за ширење на корона вирусот летовите кон Кина се откажани и тоа ќе влијае на вообичаеното поштенско работење во размената на пратките. Поради тоа ги молиме корисниците на услугите на Пошта Србија за разбирање, а за сите промени ќе ве информираме навреме, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Пошта Србија.

СЗО: Нема ризик од писмата и пакетите од Кина

Светската здравствена организација на почетокот на месецов соопшти дека примачите на пратки и писма од Кина не се изложени на ризик од зараза од корона вирус.

– Според последните анализи вирусот не живее долго на површината на предметите, како што се писма или пакети, објави СЗО.

Како што истакна на прес-конференција директорката на Центарот за имунизација и респираторни болести Ненси  Месони, овој вирус не може да преживее на површина на предмети и „многу е мал ризикот вирусите да се рашират од пакувањето на пакети кои патувале со денови  или недели на собни температури“. На пратките од Кина им се потребни најмалку два дена за да стасаат на која било адреса и според експертите, шансите со нив да стаса корона вирус се речиси никакви, наведе Месони.

Стравот од неизвесноста од ширењето на новиот корона вирус изминатиот период тешко ги погоди берзите во Кина каде што акциите загубија 420 милијарди долари од основниот фондов индекс. Инвеститорите распродаваа акции и јуани, а трговијата на берзите требаше да биде прекината поради уривање под прагот што се смета дека е почеток за паника. Масовното обезвреднување се случи и покрај тоа што Централната банка на Кина соопшти дека ќе „инјектира“ 174 милијарди долари за ликвидност во финансискиот сектор.

Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ објави дека ќе мора привремено да ги затвори своите продавници во Кина поради епидемијата на корона вирусот, кој има негативен ефект на продажбата. Слични затворања има и во мрежата на продавниците за франшизата, соопшти групата „Херкогенара“.

Американскиот ривал „Најки“ изјави дека во краток рок очекува големо влијание на своите активности во Кина, каде што исто така ги затвора продавниците.

Според Светската здравствена организација, до вчера се регистрирани 31.211 потврдени случаи на заболени од коронавирус во Кина и 637 починати.

Во 27 други земји во светот досега се забележани 320 случаи на заразени од корона вирусот.

Симптомите на вирусот се покачена температура, кашлица, а во тешки случаи и недостиг на здив и воспаление на белите дробови.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ