• Latest

Победата против свеста и совеста на луѓето е победа на криминалот

February 14, 2020

Кијив ја мина ноќта во подземните метро станици

July 25, 2026

Напад со балистички ракети во Буча кај Кијив – 10 загинати, околу 100 повредени, агресорот потрошил 17-20 милиони долари за нападот

July 24, 2026
Волфганг Ресман, Медија дијалог, Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ)

ВОЈНА НА ТЕРОР: Д-р Волфганг Ресман за рускиот ракетен терор во Кијив

July 24, 2026
Илустрација ВИ

ЕУ го казни Гугл со рекордни 890 милиони евра поради нарушување на конкуренцијата

July 24, 2026
Фото: Фронтлајн

Унгарија отвори истрага за заемот од една милијарда евра за Северна Македонија

July 24, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Вашингтон со нова царинска офанзива, ЕУ, Кина и Канада реагираат

July 24, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Затишје што не навестува ништо добро

July 23, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Ознаката PRESS може да значи смрт

July 23, 2026

ДЗР: Општините изгубиле речиси 48 милиони евра ненаплатени даноци и такси за пет години

July 23, 2026
Петрит Сарачини (фото: ЦИВИЛ)

Aјде да повториме: Зошто Албанците се навредуваат кога ги викаат „шиптари“?

July 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Победата против свеста и совеста на луѓето е победа на криминалот

Со години се напаѓаат фундаментите на и онака разурнатиот правен поредок, а преговорите за законот за јавното обвинителство се само една завршна епизода на борбата на криминалните структури против правната држава и демократијата воопшто. Криминалците не можеа да се помират со поразот што го доживеаја од Шарената револуција. Парламентот е едно од нивните важни упоришта.

February 14, 2020 11:41
in КОМПАС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Последни денови на парламентарниот состав. Денови за паметење, по лошо, но и по добро. Овие денови ќе ги запомниме како пресудни за тоа дали белегот на овој парламентарен состав ќе остане крвавиот 27 април или важните, државнички одлуки, па нека е и со многу трагикомични и повремени сомнителни ситуации и состојби. Повторно сме на работ меѓу европската иднина и мрачното заробеништво од минатото.

Време на конечни одлуки, но и време на целосно разоткривање. Законот за јавно обвинителство, кој ВМРО ДПМНЕ го попречува цела една година, стана своевиден симбол на упорната борба да се гради правна држава, за предолго очекуваната правда. Уште неизгласан, Законот стана начин за јасно препознавање на криминалците и на оние што им слугуваат. Тие што го попречуваат и бојкотираат, имаат што да изгубат. Го поддржуваат или барем сакаат/мораат да остават таков впечаток, тие што сакаат да ја видат Северна Македонија во ЕУ, како земја во која владее правото и правдата. Ако не е така, ќе беше одамна изгласан.

Закон како закон, ако нешто му недостига, може да се смени во иднина, може да се поправи, доправи, прекрои… Зошто тогаш толку голема врева околу законот? Во попречувањето на правдата веќе со години се инвестираат милиони евра, операција во која се вклучија голем број центри на моќта, од Русија до Италија, виа Унгарија, Словенија и други земји во регионот.

Со години се напаѓаат фундаментите на и онака разурнатиот правен поредок, а преговорите за законот за јавното обвинителство се само една завршна епизода на борбата на криминалните структури против правната држава и демократијата воопшто. Криминалците не можеа да се помират со поразот што го доживеаја од Шарената револуција. Парламентот е едно од нивните важни упоришта.

Сево ова отиде предалеку и предлабоко. И стана сосема јасно зошто и како се одвиваат сите настани. Затоа, дојде време на комплицираните заговори да им се спротивстават едноставни и логични одговори, засновани на факти, очигледни до болка. Стана сосема јасно дека европски закон за јавно обвинителство им пречи на најдиректно засегнатите, а тоа се криминалците. Има(ше) лесен начин да се докаже обратното од ова тврдење – да се изгласа и тоа пред многу долго време.

Нема зошто да влегуваме во потсетувања и констатации за тоа кој и зошто ја поддржува правната држава во Северна Македонија, бидејќи сите добро ги знаат нештата до детали, наспроти целата, скапа и софистицирана, индустрија на лаги и спинови. Само еден „мал детаљ“ се последните мигови на полноќната седница што Талат Џафери ја прекина пред и да започне, откако Илија Димовски, така велат, му покажал нешто на телефон.

Како што Мицкоски е неуспешниот извршител на Груевски, така ДУИ е ефикасниот извршител на ВМРО-ДПМНЕ. Полноќната драма во парламентот на 13 февруари, нѐ потсети и на уличарската игра за спасување на имунитетот на Трајко Велјаноски. Ги врати сеќавањата и на времето на преговорите за надминување на кризата во 2015 година (Пржински процес), кога на Али Ахмети, учесник во преговорите, му биле презентирани снимки на телефон, по што играл, се знае за кого. Тоа потсетува и на 2011 година кога ДУИ одигра неславна улога на задржување на Груевски на власт во парламентот. Потсетува и на низа други неславни потези на партијата на Ахмети во законодавниот дом кој вешто се злоупотребува, за да се одржат во власта веќе 18 години.

Сѐ се сведува на грчевита борба да се купи што е можно повеќе време, да се злоупотребат сите демократски институции до максимум и повторно да се инсталира режимот во кој царува структурното насилство, институционализираниот грабеж и изолационизмот.

Најважно за криминалците на режимот е да ги обесхрабри луѓето и да им ја всади идејата дека тие не можат да променат ништо, дека сите се исти. Тоа ќе ги направи игрите во парламентот невидливи и неразбирливи. Потоа, сѐ ќе биде полесно за малкумина, а пекол за многумина. Победата против свеста и совеста на луѓето е победа на криминалот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ