• Latest

Законот за ЈО за едни чекор напред кон правна држава, за други амнестија за криминалот

February 18, 2020

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Законот за ЈО за едни чекор напред кон правна држава, за други амнестија за криминалот

February 18, 2020 09:58
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

По донесувањето на Законот за јавно обвинителство, што беше поздравено од претставниците на меѓународната заедница, во домашната јавност остануваат поделени мислењата за постапката во која беше донесен, но и што треба да овозможи. За претставниците на власта тоа е еден чекор напред  во реформските процеси, но и во создавањето услови за правна држава и еднаквост на сите пред законите. За претставниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ останува спорна постапката за негово донесување, поради тоа што имаше едно поништено гласање, а брзањето за донесување, според партијата е обид за спас на власта од направените криминали.

Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера изјави дека Законот за јавно обвинителство е донесен во соодветна процедура и оти поради реакцијата на пратеници дека не им регистрирано гласањето, го поништил и овозможил повторување на гласањето, додека за измените и дополнувања на Законот за советот за јавни обвинители.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во говорот пред присутните граѓани на маршот „Чекориме за правда”, што се одржа пред комплексот судови во Скопје, рече дека со донесување на Законот за јавното обвинителство е отворено ново поглавје во реформите на правосудствово.

– Огромно мнозинство пратеници застана зад Законот за ЈО кое е темел на градењето силна независна и ефикасна правна држава. Зад него застанаа 80 пратеници, зад него застанаа и граѓаните и стручната јавност, зад него застанаа нашите пријатели од ЕУ и САД. Со овој закон
гарантирана е судска разрешница на сите започнати судски процеси и постапки иницирани од СЈО. Сите предмети имаат правна разрешница врз основа на фер и транспарентни постапки. На обвинетите ќе им се суди врз база на докази кои беа обезбедени низ долги постапки за што
основни индиции беа прислушуваните разговори односно бомбите”, рече поранешниот премиер Зоран Заев.

Тој уште истакна дека нема скриена амнестија за никого, ниту за стари, ниту за овие случаи. Секој што го прекршил законот, според Заев ќе се соочи со одговорноста, односно секој што допрва ќе го прекрши законот ќе се соочи од одговорноста.

Партијата чиј претседател е тој, смета дека со донесувањето на Законот, продолжуваат заложбите за неселективна правда и правна држава.

-Законот гарантира независен правосуден систем, но и одговорност и казнивост за сите што прекршиле закон. Тоа е една од основите за напредок на државата кон Европската Унија. Oгромното мнозинство во парламентот постигна историска победа врз криминалните структури на ВМРО-ДПМНЕ. Нивната намера да го амнестираат партискиот криминал пропадна. Не успеа обидот на извршителот Христијан Мицкоски да го спаси од одговорност неговиот шеф Никола Груевски, велат од СДСМ.

ОД ВМРО-ДПМНЕ, пак, најавија дека експертски тим на партијата ја анализира ситуацијата со носењето на законите за јавно обвинителство и за Советот за јавни обвинители по што ќе излезе со конкретна информација за нивното неделовничко носење.

-Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден по гласањето во Собранието реагираше за носењето на законите конкретно и поточно за советот за јавни обвинители. Во тој дел нашите правни експерти, правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ разгледува секакви можности, ја анализира ситуацијата и веднаш потоа ќе излезе со конкретен податок, односно со претставка која што ќе биде поднесена до надлежните институции за носењето на овој закон односно за неделовничкото носење на овој закон така што, веднаш штом излезат со својата анализа ќе се поднесат и претставки до соодветните институции, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку е правнички издржано, потенцираат оттаму, ќе биде поднесена претставка и до Уставниот суд.

Усвојувањето на Законот за јавното обвинителство го поздравија ЕУ, САД и НАТО.

извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ