• Latest
18-тата седница на Владата, МЗ Венко Филипче, 13 март 2020

(Вести 23:59) Дополнителни владини мерки за коронавирусот, остро соопштение на ЦИВИЛ, сѐ што треба да се знае за коронавирусот на едно место…

March 13, 2020
Илустрација ВИ

Последна недела од кампањата за локални избори

October 13, 2025
Скриншот од видео на
The Free Press Journal

Најмалку 27 лица убиени во судирите меѓу Хамас и вооружени членови на клан во градот Газа

October 13, 2025
Скриншот од видео на АРТ

Десетици убиени во судирите меѓу Пакистан и Авганистан во најжестоките борби откако Талибанците се вратија на власт

October 13, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон го објави новиот кабинет со премиерот Себастијан Лекорну, додека притисокот околу буџетот се интензивира

October 13, 2025
Скриншот од видео на FOX news

Трамп размислува да испрати ракети „Томахавк“ во Украина

October 13, 2025
Израелски хеликоптери се упатуваат кон базата Реим за да ги примат вратените заложници. Фото: ИДФ

Првите седум ослободени заложници од Газа придружувани од ИДФ се враќаат во Израел, потврди војската

October 13, 2025

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

(Вести 23:59) Дополнителни владини мерки за коронавирусот, остро соопштение на ЦИВИЛ, сѐ што треба да се знае за коронавирусот на едно место…

„Вести 23:59“ е второ издание на Дневникот на ЦИВИЛ МЕДИА, со вести и информации во периодот од 16 до 23 часот.

March 13, 2020 23:57
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
18-тата седница на Владата, МЗ Венко Филипче, 13 март 2020

18-тата седница на Владата, МЗ Венко Филипче, 13 март 2020

Share on FacebookShare on Twitter

Владата усвои заклучоци, мерки и препораки во функција на преземање дополнителни активности за превенција од ширење на КОВИД-19.

Притоа, усвоени се и препораки за казнивост согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик за сите физички и правни лица кои ги прекршуваат донесените решенија од страна на Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат.

Случаите ќе се процесираат до Јавното обвинителство за да постапи согласно законски утврдени надлежности.

*

ЦИВИЛ бара од политичките партии да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, а не да ги злоупотребуваат за политички рејтинг

*

Најсигурниот начин за справување со КОВИД – 19 и неговото спречување е информирањето со навремени и точни информации. За таа цел, Владата на едно место ги објави сите информации, мерки и препораки.

Се што треба да знаете за КОВИД – 19 и како да се однесувате можете да прочитате ТУКА.

*

Владата донесе одлука за затворање на ски-центарот Маврово и граничните премини Џепиште–Требиште и Блато кон Албанија

*

„Нема некаков ризик од недостиг на респираторни машини. Имаме осум од нив, и до сега, историски гледано наназад, тука се приклучени граѓани кои имале компликации од сезонскиот грип кој кај нас, е добро што полека бројката опаѓа“, истакна вечерва министерот за здравство Венко Филипче

*

ДУИ денеска најави нова активност за грижа на старите, загрозените и изолираните лица по нивните домови, како помош во справувањето со КОВИД – 19.

Тоа што за јавноста изгледа позастрашувачка е најавата дека 10.000 активисти ќе се распределат низ целата земја и ќе им помагаат на оние кои ќе бараат помош на телефонската линија која ја отвори партијата.

*

СВР Охрид, ОВР Дебар и АРМ со оперативни мерки за спречување на ширењето на корона вирусот во Дебар и Центар Жупа.

Претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за ангажирање на Армијата на Република Северна Македонија за поддршка на локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа и поддршка на полициските сили на МВР во обезбедување на дел од државната граница со Република Албанија на територијата на општина Дебар.

*

Патникот кој денеска со авион пристигна од Германија беше тестиран и е негативен на корона вирусот. Нема нови случаи на заболени во земјата. Патниците кои седеле во негова близина во авионот, а кои беа задржани во изолација на аеродромот во Скопје, се пуштени дома со препораки за задолжително придржување кон мерките и препораките, кои важат за сите патници кои пристигнуваат во земјата, соопшти вечерва Министерството за здравство.

*

Заменикот министер за внатрешни Нухиу и ДУИ не ги почитуваат мерките на Владата. Демократската унија за интеграција вечерва го отвори штабот во Теарце и покрај забраната за одржување на јавни настани и средби. Партискиот штаб е преполн со активисти и членови на партијата, а меѓу нив е и заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, кој според партијата им давал насоки на активистите во врска со скандалозната акција на партијата #СеГрижиме.

М. И.


Прочитајте повеќе за настаните на денот до 16 часот:

13 март: Четири нови случаи на корона вирус и кризна состојба во Дебар и Центар Жупа, новитети во затворите, на чекор до НАТО, изборна хроника…

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ