• Latest

Укинат бесплатниот превоз со Железницата, се затвора Скопскиот аеродром, ограничен влез во државата за странци

March 17, 2020
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Укинат бесплатниот превоз со Железницата, се затвора Скопскиот аеродром, ограничен влез во државата за странци

March 17, 2020 09:27
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Железници Транспорт да го укине бесплатниот превоз на патници, Меѓународниот аеродром Скопје и граничниот премин на аеродромот да се затворат во рок од 48 часа, да се затворат сите гранични премиени за влез на странски државјани, а камионските превозници да ги почитуваат препораките за заштита при патување во земји со среден и висок ризик. Тоа се најновите  заклучоци што ги донесе Владата на синоќешната седница, разгледувајќи ги насоките од состанокот на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирусот Ковид 19.

Според заклучокот на Владата, се затвораат Меѓународниот аеродром Скопје и граничниот премин на овој аеродорм по истек на 48 часа од  влегувањето во сила на оваа одлука, освен за државни, воени, хуманитарни, болнички, карго и легови без патници за позиционирање на воздухоплови, со претходна најава до аеродромскиот оператор ТАВ Македонија ДООЕЛ, а АД М-НАВ Скопје да издаде НОТАМ препораки за истото. Претходно, со одлука на Владата, како превентивна мерка за спречување на ширењето на коронавирусот  беше затворен и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Како што одлучи Владата на синоќешната седница, зе затвораат сите гранични премини во РСМ за премин на странски државјани – патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила, за претставниците од дипломатскиот кор во државава, како и за други лица, за кои Министерството за внатрешни работи ќе даде дозвола по претходно мислење од Главниот координативен кризен штаб кој ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес.  Тие товарни возила и лица ќе влезат во држвава според посебни услови за заштита согласно со протоколот на Министерството за здравство.

Железници на РСМ, Транспорт АД Скопје, пак, по принципот на донесените одлуки од ЈСП Скопје, треба времено да ги прекине мерките кои се однесуваа на бесплатните билети и бесплатниот превоз за возрасни лица. Претходно, ЈСП Скопје ги укина бесплатните билети за учениците и пензионерите и сообраќа во возен ред како во тек на зимскиот распуст.

Владиниот кабинет утврди и препораки за превозници кои патуваат во средно и високо ризичини земји. Превозниците на тешки товари возила за превоз на прехранбени производи и друга стока при патување во земјите со среден и висок ризик на Ковид 19, за време на нивниот транзитен превоз и престој, утовар или растовар на стока во овие земји, им се препорачува да ги почитуваат  мерките за лична и колективна заштита. Конкретно, им се ограничуваат контактите и движењата на патните правци од точка А до точка Б, освен заради потреба од обезбедување на храна и тоалет, им се забранува контакт со други лица. Доколку излезат да купат храна или за тоалет, задолжително да користат лични заштитни средства:ракавици за еднократна употреба, заштитни маски N 95 или FFP 3 за единечен филтер, а нема потреба од носење на заштитни мантили, како и заштитни ночари и каљачи

Заради можноста од остварување директен респираторен контакт со заболени лица на Ковид 19 во мотелите , хотелите и рестораните се препорачува  тие да спијат во кабините на своите моторни возила.

При враќање во државава треба да стапат во контакт со надлежна епидемиолошка служба – Центар за јавно здравје заради добивање на натамошни инструкции за мерки и постапки доколку пројават симтоматологија.

Како што стои во препораките, за време на патување, после секој контакт во маркет, продавница, тоалет задолжителна е дезинфекција на рацете, максимално избегнување на контакт со други лица повеќе од 10 – 15 секунди (особено со лица со симптоми), почесто проветрување на кабината за време на возењето. При престојот во кабина нема потреба од носење лична заштитна опрема. Забрането е примање на слепи патници и задолжително треба да имаат средства за дезинфекција на раце на база на алкохол за време на патувањето.

Воедно, се задолжува Здружението на лиценцирани автопревозници да изготви свој оперативен план за да се спроведе ротирање на возачите, односно нивна последователна промена при патувањата во средно и високо ризичини земји.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ