• Latest

Димитров: Приоритет се граѓаните кои немаат престој во трети држави, а сакаат да се вратат дома

March 18, 2020

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Димитров: Приоритет се граѓаните кои немаат престој во трети држави, а сакаат да се вратат дома

March 18, 2020 16:34
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

МНР е во постојан контакт со нашите граѓани, кои на различни начини се обидуваат од други земји да стигнат во Северна Македонија, а приоритет се македонските граѓани кои немаат престој во трети држави и кои биле таму заради некаква причина и сакаат да се вратат дома, порача денеска шефот на дипломатијата Никола Димитров, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конфренцијата посветена на финализирањето на членството на државата во НАТО.

Во врска со граѓаните на Северна Македонија, кои биле затекнати на граничниот премин Хоргош на границата меѓу Унгарија и Србија, Димитров рече дека претходниот ден имало голема група во една тешка ситуација таму.

Во телефонска комуникација со граѓаните изработиле листа и, како што рече министерот, се обиделе да добијат согласност од српските власти да ја поминат Србија и да се вратат дома.

„Не беше возможно тоа во тој момент и алтернативно најдовме решение добивајќи согласност од Романија и од Бугарија овие луѓе да дојдат на тој начин. Не беше организиран, ние немавме присутен човек. Сите информации што ги добива дежурниот тим на МНР се врз основа на информации на граѓани коишто се соочуваат со една таква тешка ситуација. Значи, немаме прецизна бројка, повеќе се темели на впечаток и на вакви непотврдени информации. Не беше организиран конвој во смисла на полициска придружба во Романија. Имаше неколку комбиња, имаше многу автомобили, меѓутоа не беа организирани во колона со придружба. Значи, патувањето се одвивало индивидуално, така што тешко е да се претпостави прво, точно каква е бројката. Ние точната бројка можеме да ја добиеме врз основа на извештаите на граничната полиција на преминот Деве Баир“, рече Димитров.

Во врска со граѓаните кои авионски треба да се вратат во земјата, Димитров рече дека до МНР стигнала информација не само за оние од Барселона, туку и за граѓани на земјава, кои треба да слетаат од Копенхаген.

„Дел од луѓето успеаја да се качат на авион за Солун и помагаме превоз од грчката граница за враќање дома. Успеавме вчера една група од 50-ина луѓе од хрватско-српската граница добивме влез од Србија и тие луѓе се движат, можеби и веќе се стигнати во татковината. Со големо внимание бараме начин како да помогнеме на луѓето што се по аеродроми. Имаме актуелен проблем со Малта. Спомнавте Барселона, има и во други места и ќе се обидеме преку ДПК и оваа телефонска комуникација да добиеме попрецизна слика и да најдеме решение што ќе биде прво, помош за нашите граѓани што се во ваква очајна ситуација, пред се, фокус за македонските граѓани коишто немаат престој во трети држави коишто биле таму заради некаква причина и сакаат да се вратат дома. Приоритетни се тие граѓани. И второ, сето тоа да не биде на штета на здравјето на македонскиот народ и сите граѓани во земјава, бидејќи тоа е исто така државен интерес. И меѓу тие две треба да има една рационалност и внимателност“, рече Димитров.

Додаде дека властите во земјава имаат контрола врз нашите граници и стапуваат во комуникација со други држави барајќи премин.

„Во моментов Словенија, Хрватска, Австрија се многу проблематични во оваа смисла, бидејќи Србија има ригиден граничен премин за несрпски државјани на кој било државјанин на трети држави, вклучувајќи не и нас. И затоа се она што сме го земале здраво за готово што било многу нормално во смила на – се оди на граница, се покажува патна исправа, се поминува итн., имаме едно целосно нова ситуација предизвикана од ситуацијата со коронавирусот. Дневно се менуваат гранични режими, се затвораат за странски државјани, се откажуваат летови, се затвораат аеродроми. Цела Европа има предизвик на репатријација, не сме тука сами и тоа е едно прашање што е многу важно“, рече тој.

Додаде дека во фокусот е и непречено обезбедување на карго транспортот.

„Значи, камиони, професионални возачи и тоа е многу важно – мора да продолжат да циркулира тоа и со тоа постојано се бавиме“, рече министерот и повторно апелираше да се патува само во исклучително неодложни ситуации.

„Нема никаква гаранција дека македонските граѓани што денес ќе патуваат каде било во странство ќе можат според нивниот план да се вратат дома. Премногу е непредвидливо“, додаде Димитров.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ