• Latest

Благ пораст на случаи со коронавирус, надлежните смируваат-засега добро се справуваме со ситуацијата

March 20, 2020

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Благ пораст на случаи со коронавирус, надлежните смируваат-засега добро се справуваме со ситуацијата

March 20, 2020 08:11
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Бројката нови случаи заразени со коронавирусот во земјава е во благ пораст. Надлежните смируваат дека засега државата добро се справува со ситуацијата. Министерот за здравство Венко Филипче вчера рече дека бројот на пациенти е во пораст, но оти кривата е блага. Тоа, според него, остава надеж дека е можно да се избегне нагло зголемување на бројот на случаи, што, како што посочи, остава можност и здравствениот систем полесно да ги прифаќа заболените.

Властите постојано апелираат на одговорност на граѓаните и почитување на забраните и мерките. Откако беа најавени санкции, вчера веќе почнаа да се изрекуваат и казни за нивно непочитување. Најавен е и поширок скрининг тестирање за откривање асимптоматски пациенти.

„Мислам дека добро го амортизиравме првичниот удар. Искрено, се надевам дека вака блага ќе биде кривата на бројот на пациенти, дека бројката ќе се зголемува постепено и оти здравствениот систем ќе може да се организира и да ги прифати“, рече Филипче.

Додаде дека иако се наева оти нема да дојде до сценарио на нагло зголемување на бројот на заболени, сепак, и за тоа се прават подготовки.

„Има план консекутивно како ќе се транформираат одделенијата, иако искрено се надевам дека нема да дојде до такво сценарио. Ова сепак е благ почеток. Точно е дека пациентите се во пораст и тоа е очекувано, меѓутоа откривањето случаи во рана фаза, или асимптоматски случаи, можноста за домашно лекување… ни дава надеж дека нема да се случи нешто драматично имајќи ги предвид и мерките кои се сега на сила“, рече министерот за здравство.

Се прави адаптација на болницата „8 Септември“ да може да прифати случаи што се сомнителни или се со дијагностицирана корона, а им е потребен друг тип интервенција. Дополнително, се прават подготовки да можат да се прифатат и пациенти кои не би можеле да бидат сместени на Клиниката за инфективни болести поради исполнување на нејзиниот капацитет.

Властите апелирааат сите граѓани да се придржуваат до мерките за превенција од ширење на коронавирусот. За секој што не ги почитува препораките, најавени беа и санкции, кои веќе почнаа да се изрекуваат.

 

Премиерот Оливер Спасовски во синоќешното гостување на ТВ Телма, најави дека најверојатно денеска ќе бидат донесени мерки согласно кои секој оној што не ја почитува наредбата за домашна изолација, автоматски да биде префрлен во центрите за карантин.

Како дел од мерките за спречување на ширење на вирусот, Спасовски соопшти и дека Водно од утре ќе се затвори за граѓаните од 18 часот до 6 часот наутро за да се спречи собирање на граѓани и додаде дека ќе се испитуваат информациите за изнајмување на куќи во неколку скопски населби како и на договорите за издавање.

Вчера беше најавено и дека следната недела ќе треба да почнат со работа пунктови за тестирање во рамки на Здравствениот дом во Скопје за да се опфатат поголем број граѓани со оглед на тоа што веќе има локална трансмисија во градот.

„Целта е да се стигне до сите првични контакти затоа што тоа се најризичните луѓе кои можат да се во највисок процент заразени и да ја шират заразата. -Тоа ќе биде целта и на дополнителното тестирање кое сакаме да го почнеме во почетокот на следната недела. Значи да се прошири на дел од асимтоматските пациенти кои се во најризичните групи. Затоа е многу важна свеста на граѓаните посебно на оние кои биле во контакт или оние знаат дека можеби се во ризична група. Сметам дека тоа е исклучително важен дел во целиот систем на борба против вирусот“, нагласи Филипче.

 

Првиот позитивен случај во нашата држава беше регистриран на 26 февруари, а за поефикасно справување со коронавирусот на територијата на државата завечера вчера беше прогласена вонредна состојба.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ